гаро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Mar 2018 10:29:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гаро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гаро и браќата Тавитјан го повикаа да им се придружи Раде Шербеџија за… „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/garo-i-brakjata-tavitjan-go-povikaa-da-im-se-pridruzi-rade-sherbedzija-za-bolen-mi-lezi-mile-pop-jordanov-video/ Thu, 01 Mar 2018 10:29:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14436

Реномираните македонски музичари, чии срца чукаат во 7/8, Гарабет и неговите синови - браќата Диран и Гаро Тавитјан деновиве го претставија своето ново видео за соработката со легендарниот актер и музичар Раде Шербеџија. Станува збор за преработка на старата македонска песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, чија музика и продукција е на браќата Тавитјан, на пијано свири Диран Тавитјан, на тапани Гаро Тавитјан, а Александар Икономов гостува на контрабас, додека видеото е дело на Александар Ристовски – Принц. „Почитувани, задоволство ни е да ја споделиме со вас новата песна и видео запис на кој ни гостува легендарниот актер и вокал г-дин Раде Шербеџија. Зад него се многубројни филмски остварувања меѓу кои и светските хитови: ’Невозможна мисија’, ’Украдена’, ’Бетмен’, ’Светецот’, ’Хари Потер’, ’Пред дождот’, ’Ветувањето’, ’Истрага на местото на злосторството: Мајами’, како и  неговите соло-музички остварувања и соработки со врвни балкански музичари, а и со неговиот фантастичен состав ’Западни колодвор’ низ целиот свет“ -  објави во својот фејсбук пост  Гаро претставувајќи го новиот проект, за кој се надеваме дека е најава за ветеното трето продолжение од антологиското „Македонското срце чука во 7/8“.
„Шербеџија од неодамна е и член на најпрестижната филмска академија – Оскар. Тој е уметничка големина со светско реноме и е човек кој целиот живот се залага за единство помеѓу народите, надминување на разликите и нивна комуникација преку културата. За оваа прилика уште еднаш се потрудивме да дадеме заеднички музички придонес во чест на нашата земја, нашиот јазик и култура во една модерна акустична верзија. Посебна благодарност до г-дин Амир Бахтијаревиќ (BABA production) како и до Александар Ристовски (AleXander) кој го изработи видеото. Благодарност до Александар Икономов за контрабас делницата. Благодарни на оваа чест, се надеваме дека и вие ќе уживате“, дополни музичарот, а како изгледа и звучи сето тоа проследете и вие во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=113&v=LIxaFz_p60I  ]]>

Каролина, Гаро со синовите Тавитјан и Јана Стојановска специјални гости на концертите на Раде Шербеџија во Скопје! https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-garo-so-sinovite-tavitjan-i-jana-stojanovska-specijalni-gosti-na-koncertite-na-rade-sherbedzija-vo-skopje/ Thu, 26 Oct 2017 13:00:58 +0000 http://vistina.mk/?p=1605

Каролина, Гаро и браќата Тавитјан и Јана Стојановска ќе бидат специјални гости на претстојните концерти на Раде Шербеџија што ќе се одржат на 4 и 5 ноември во МОБ. Познатиот поет, пејач и актер со холивудска слава во рамките на двата концерта ќе го промовира материјалот од својот нов албум и ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“. Освен новиот материјал, на репертоарот ќе се најдат и класици како што се: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и други. Влезнците  се веќе во продажба, и можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти засе“, „Југотон“ и онлајн. https://www.youtube.com/watch?v=N7EvHDlyeGM]]>