гаро јуниор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Dec 2021 13:06:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гаро јуниор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гаро Тавитјан Јуниор стана заштитно лице на „Зилџан“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/garo-tavitjan-junior-stana-zashtitno-lice-na-zildzan-video/ Fri, 17 Dec 2021 06:51:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231702

Нашиот  можеби најдобар тапанар од помладата генерација,  талентираниот Гаро Тавитјан продолжува да реди успеси и забележливи соработки со врвни брендови од светот на музиката! Гаро Јуниор веќе три децении ја обогатува македонската музичка сцена со квалитетен ритам, богат музички звук и позитивен печат оставен низ светските музички води. По бројни соработки и настапи со светски музички имиња и препознавања како музички мегаталент, мали Гаро го најави својот последен оставен белег, откако стана заштитно лице на светски познатата компанија за чинели „Зилџан“.
„Голема чест ми е да го објавам новото видео снимено за светската компанија од Америка Zildjian Company со живата легенда и гитарскиот мастер Г-дин Frank Gambale од Chick Corea Elektric Band.
Ниту долгиот пат во музиката и безброј настапи во различни земји низ светот ниту портфолиото (биографија, албуми, признанија итн.) беа најпресудни туку се ова е дело на Бог и му благодарам што на мене (недостојниот) ми ја даде оваа шанса и можност да оставам траг во светот на музиката со величенствениот (Греми артист) Frank Gambale, брат ми Diran Tavitjan (мој гуру) и интернационалниот уметник Nadja Petrovic чие уметничко дело го искористивме во видеото. Видеото е објавено во најголемата музичка светска институција Zildjian (каде станав заштитно лице за целиот свет) која одамна го надмина епитетот најдобра компанија за чинели и други иновации во светската историја и се претворија во највлијателна музичка институција во модерниот свет. Zildjian има 400 години традиција и е предводник на модерниот музички свет и традицијата планетарно. Со нивните планетарни амбиции, легендарни фестивали и концерти, семинари, епохални видео проекти и настани го заземаа лидерското место во ширење на најврвните артисти и најиновативни уметности во музиката и пошироко уште од 50-тите до ден денеска, затоа и го држат 75% од светскиот културен пазар. Под нивна капа се ритам секцијата на Metallica, Guns and Roses, The Beatles, Rolling Stones, Аdele, Spin Doctors, Simple Minds, Katy Perry, Pet Shop Boys, Air, Primus, Garbage, The Corrs, Nick Jonas, Bonnie Tyler, Faithless, Dave Ghrol, Foo Fighters, Dog Eat Dog, Berklee College, London Philharmonic Orchestra, San Francisco Symphony, Empire of the Sun, David Letterman, Blink, National Theatre Scotland, Royal College of music, Norwegian Academy of Music, Chambers, Sanchez, Gary Novak, Tony Royster etc.
Ова беше многу долг процес и не го сметам само за мој личен успех колку што е тимска работа од многу години на моите најблиски и нивната подршка беше клучна. Чест ни е што ја ставаме Македонската и Скопската култура во светската музичка историја.
И благодарам на нашата сцена и на останатите земји каде настапував долги години и се надоградував и посебно на Американските концертни сали и компании каде влегов во светските Bluе Note, Carnegie Hall, Nublu, Vic Firth (каде сум заштитно лице), Modern Drummer, Remo, Drum Talk TV и останати институции.
Благодарам и на сите наши феноменални музички колеги и пријатели во Скопје и низ цела држава. Како и во спортот така и во уметноста посакувам и знам дека ке има и следни кои ке направат уште поубави дела од наши простори во иднина а патот да им биде поплочен со христијански и чесни намери.
Со почит!“ - објави гаро Јуниор на својот Фејсбук профил.
Видеото „Revitalization“ е дел од серијата „Artist Spotlight“ на Зилџан. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Гаро Тавитјан, а свој удел во видеото имаат и светски познатиот музичар и добитник на Греми, Френк Гембејл, на гитара, и братот на Гаро, Диран Тавитјан на пијано соло. ]]>

Гаро Тавитјан Јуниор е за балансирано решение: „Универзална сала во ново руво со ист или малку проширен капацитет на иста локација со подземен паркинг и интегриран зелен парк“ https://arhiva.vistina.com.mk/garo-tavitjan-junior-e-za-balansirano-reshenie-univerzalna-sala-vo-novo-ruvo-so-ist-ili-malku-proshiren-kapacitet-na-ista-lokacija-so-podzemen-parking-i-integriran-zelen-park/ Mon, 10 Aug 2020 11:13:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162544

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавноста на нозе, го бунтуваше народот, па на неговите реакции на социјалните мрежи и написите во медиумите,  нему му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди, културни работници, промотери, менаџери, лица од ивент индустријата… Скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала на чије место градските власти  предлагаа  да никне некаков парк со летна сцена!? Од одржаниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува... Или не барем јавно. Арно ама, по стариот добар обичај и „курнаска“ навика се' што треба да се протурка на мала врата, тоа најдобро  се прави во неработен ден или за викенд, кога фреквенцијата е намалена, а луѓето се по викенди, па така за време на последниов викенд (08-09 август 2020, сабота-недела) токму пред платото на „Универзална сала“  среде бел ден, на очиглед на случајните минувачи и граѓаните кои живеат во околината се случи „еколошка кланица“. „Се сечат елките стари 50 години во централното градско подрачје, конкретно пред Универзалната сала. Граѓаните кои тука живеат велат дека елките со години го краселе овој дел од градот.  Си го поставуваат прашањето зошто се сечат елките, односно дали причината можеби се крие во најавите од градските власти поврзани со Универзалната сала, а кои предизвикаа бројни реакции во јавноста. Имено, од кај градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов беше спомената можноста постоечката Универзална сала, во неможност да се рекенструира според стандардите, да се урне и да се изгради нова современа на друга локација, а на нејзино место да никне парк. Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ќе изјави дека оваа операција е организирана од Град Скопје“ - пишува порталот Фактор.мк, објавувајќи фотографии од исечените елки пред влезот на салата. Во меѓувреме, најавениот собир со хепенинг за протест пред платото на „Универзална сала“ од кој граѓаните и  јавно ќе му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија, поради временските непрелики, беше поместен за ВТОРНИК, 11-ти август 2020 год. со почеток во 20 часот. Но, реакциите, мислењата и ставовите на познатите и признати македонски уметници кои ја преставувале земјава и надвор од нејзините граници, не стивнуваат. Едни од оние кои се своевидни „икони“ во македонската музичка култура воопшто, секако е музичкото семејство Тавитјан, на чело со легендарниот тапанар Гарабет Тавитјан и неговите синови Дики и Гаро јуниор, исто така врвни и истакнати македонски музичари, автори, продуценти. Најмладиот од нив, Гаро Јуниор, во име на  музичкото семејство Тавитјан со став за или против реновирање и реконструкција на истото место или уривање и дислокација на „Универзална сала“? „Универзална сала е едно од културните обележја на Скопје, а и на Македонија. Тесно е поврзана со голем број музички случувања во изминативе неколку децении и како таква е во колективната меморија на граѓаните. Лично ние ја паметиме по концертите на Парамециум, концертот на годината на браќа Тавитјан во 2008 година, концертите на Леб и Сол, како и други неброени интернационални џез перформанси, музички награди и манифестации кои ги проследивме на таа локација. Ќе ни биде жал доколку таа сала не добие нов дизајн со истиот или малку проширен капацитет на истата локација со соодветен подземен паркинг и по можност интегриран зелен парк како балансирано решение. Инаку градот е дефицитарен со концертни сали од среден и голем капацитет решени со професионална акустика, така што уште една сала плус на друга локација секако ќе е добредојдена“ - вели Гаро Тавитјан јуниор во име на едно од најпознатите и најуспешни македонски музички семејства. Решение кое во многушто наликува на веќе готовиот проект што бившиот градоначалник на Скопје, според многумина и најдобриот досега - Коце Трајановски, му го остави како готов проект во фиока на сегашниов, Петре Шилегов!]]>