гардеробер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Feb 2023 12:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гардеробер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изменет амбиент, префинети детали и скап мебел: Ова е гардеробата на Лила во ТВ Сител (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/izmenet-ambient-prefineti-deatli-i-skap-mebel-ova-e-garderobata-na-lila-vo-tv-sitel-foto/ Sat, 11 Feb 2023 08:20:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277006

Кога сте јавна личност, неизбежно е вашиот гардеробер да е преполн со разни модни парчиња облека, некои кои одговараат за на сцената и пред камерите, а други пак за оној живот кога ќе се исклучат рефлекторите. Македонската водителка Лила Филиповска и пред и зад објективот на камерите секогаш изгледа средно, модерно и со стил, па речиси никогаш или барем ретко сме ја виделе во иста модна комбинација. Пред неколку години Вистина.ком.мк ја имаше привилегијата специјално да го сними гардероберот на Лила во телевзиаија Сител каде се подготвува за квиз шоуто „Се или нешто“. Оттогаш досега модната канцеларија на Лила претрпела промени, па сега изгледа поминималистички со префинети детали и скапа скофа. Она што може да се забележи е дека на дофат на рака на Лила мора да и бидат парфемот, лакот за нокти, кафето и клучевите. Секако, многу важна личност од целата подговка е стилистот, а таа улога ја има нејзината соработничка Лидија Перчинкова. Исто како и домашниот гардеробер, така и работниот, за Лила мора да биде беспрекорен затоа што тука едноставно се случува модна и сценска магија. фото:Инстаграм/Лила Филиповска]]>

Ќерките на Карлеуша и го провалиле нејзиниот гардеробер: Атина и Ника во фустаните на мајка им (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkite-na-karleusha-i-go-provalile-nejziniot-garderober-atina-i-nika-vo-fustanite-na-majka-im-foto/ Tue, 03 Jan 2023 07:22:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282438

На новогодишниот настап на Јелена Карлеуша во хотел во Белград присуствуваа и нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ. Девојките за оваа пригода ги облекоа фустаните на мајка им, а пејачката покажа како им стојат  креациите кои таа ги носи на нејзиниот Инстаграм. Постарата Атина избрала бел краток фустан дизајниран од Софија Милошевиќ, кој Јелена Карлеуша го носеше во една прилика во Дубаи, додека помладата Ника носеше црн шорц исто така од познат бренд на улична мода, во кој нејзината мајка се појави во емисија која ја водеше модниот дизајнер Саша Видиќ. Но, уште пред да покаже како изгледаат девојките во нејзините фустани, Карлеуша откри дека ќерките избрале креации од нејзиниот гардеробер. - Атина и Ника се тука, беа и лани тука, но сега се веќе  во фустаните и чевлите на мајка им, тоа можам да ви го кажам, тие се веќе големи девојки, многу сум горда на тоа - рекла Карлеуша пред да излезе пред публиката. Фото:Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм]]>

Зборуваше дека не е роб на модни трендови, но ѕирнете во гардероберот на Јелена Ѓоковиќ – нема што нема од брендови (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zboruvashe-deka-ne-e-rob-na-modni-trendovi-no-dzirnete-vo-garderoberot-na-jelena-gjokovikj-nema-shto-nema-od-brendovi-foto/ Wed, 21 Sep 2022 11:22:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268012

Бидејќи се држи до ставот дека не треба да се купува ново, туку да се приспособи старото, дека скапото и брендираното не мора да значи и висок квалитет, дека продавниците за втора рака се по нејзин вкус и дека не била роб на убавината и модните трендови, долго време сите се прашуваа од што се состои гардеробата на Јелена Ѓоковиќ. Сопругата на најдобриот српска тенисер не е некој што само така ја дава својата приватност на медиумите, туку неодамна направи отстапка и покажа дел од она што го крие нејзината гардероба. Очекувано е украсен пред се со еднобојни и едноставни парчиња, јакни, панталони, додека гардеробата на Јелена Ѓоковиќ крие рамни чевли како и чевли со високи потпетици, а верувале или не, се’ е од најновата колекција на светски брендови. Беж нијансапотпетици се нејзиниот фетиш, а сето тоа затоа што е можно да се поклопат со речиси секоја комбинација. Сака и мали чанти, златен накит и скапи часовници. фото:Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ]]>

Гардероберот на Карлеуша се протега на 250 квадрати, има сауна, апартман за вработени, 500 чифта обувки и најскапите чанти на светот (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/garderoberot-na-karleusha-se-protega-na-250-kvadrati-ima-sauna-apartman-za-vraboteni-500-chifta-obuvki-i-najskapite-chanti-na-svetot-video/ Tue, 13 Sep 2022 08:45:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266598

Јелена Карлеуша од неодамна живее во нова вила и има нов гардеробер. ‒ Куќата е огромна, неодамна изброив дека имаме десет бањи бидејќи во повеќето не влегувам. Мојата оаза е специјално дизајнирана гардероба од 250 метри квадратни, која има сауна, бања, простор за одмор, перална, апартман за вработени. Според моите желби и дизајни, направив дел кој ми е важен и за работа и за лично задоволство - откри ЈК за Хелу магазин.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

‒ Просторот има соодветна светлина, огледала, паметно и функционално дизајнирано складиште за моите петстотини пара чевли, чанти, гардероба... Со цел луѓето да сфатат колку е сериозно тешко да се има организирана гардероба со ваква големина и капацитет, Ќе кажам дека една жена работи само како гардеробер. Таа мора да знае како да обеси што, каде и со што, мора да разликува брендови, годишни времиња и винтиџ предмети од оние со посебна вредност. Јас сум голем колекционер на висока мода и дизајнерски парчиња, и откако го собрав сето тоа речиси триесет години, јасно е дека ова е сериозна колекција што ми значи, вели Карлеуша за споменатиот медиум, а истиот го снимаше и на видео. фото:Инстаграм Јелена Карлеуша]]>

Таа е неприкосновена кралица на уличниот стил: Еве зошто оваа пролет сите посакуваме да го „украдеме“ гардероберот на Џули Сарињана https://arhiva.vistina.com.mk/taa-e-neprikosnovena-kralica-na-ulichniot-stil-eve-zoshto-ovaa-prolet-site-posakuvame-da-go-ukrademe-garderoberot-na-dzuli-sarinjana/ Thu, 10 Feb 2022 12:41:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238580

Џули Сарињана, позната како „Sincerely Jules“, е една од модните инфлуенсерки чиј стил навистина се карактеризира со добар вкус. Нејзините комбинации се уникатни и атрактивни, а нејзиниот гардеробер дефинитивно посакуваме да го „украдеме“ секој пат кога ќе го посетиме нејзиниот Инстаграм профил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JULIE SARIÑANA (@sincerelyjules)

Џули е љубителка на минималистичкиот стил, со примеси на бохо стилот, но со елеганција и непретенциозност каква што ретко се гледа. Секој нејзин стајлинг делува крајно едноставен, многу носив и удобен - сите бои се совршено сложени и делува како да ѝ се потребни само 5 минути за да се облече во одлична комбинација. Меѓутоа, на втор поглед е веќе јасно колку труд е вложено во секој од тие стајлинзи.
 
Секое парче кое Сарињана го носи е одбрано со големо внимание, а начинот на кој таа ги комбинира е доказ дека со право ја заслужува титулата „кралица на уличниот стил“. Во продолжение ви претставуваме дел од најубавите стајлинзи на Џули за кои сме сигурни дека ќе ве инспирираат за вашите стајлинзи за пролетниот период кој е на прагот.
 
извор: точка.мк]]>

Има модни парчиња кои се стари по 30, 40 години: Ѕирнете во гардероберот на Миа Костова (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ima-modni-parchinja-koi-se-stari-po-30-40-godini-dzirnete-vo-garderoberot-na-mia-kostova-video/ Tue, 16 Nov 2021 09:19:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227417

Поранешната македонска водителка Миа Костова денес важи за една од најпознатите инфлуенсерки на социјалните мрежи. Она што ја прави Миа поразлична од другите кои по оналјн платформите промовираат гардероба, накит, храна, модни парчиња, туристички агенции или од се по нешто, е тоа што Костова нема влакна на јазикот, па често знае да си го изнесе својот став и своето мислење. За нејзините следбеници, таа секогаш е отворена, да сподели што има ново, да сподели приватни моменти, да открие ако има нови приватни планови... Таа на „Инстаграм“ редовно промовира модни парчиња, накит, козметика, часовници, а многу и често кога ќе рекламира некое парче, тоа по брзо време и продадено. Неодамна, водителката заедно со синот и Тијана се преселија во нов стан, а како што истакна тоа го направила поради работните обврски, но и поради училиштето на нејзиниот син Андреја. Костова, освен што е активна на „Инстаграм“, беше активна и на „Јутуб“, па редовно објавуваше и видеа. Меѓутоа, направи пауза и сега по подолго време се врати и сними видео во кое покажа како изгледа нејзиниот гардеробер. Имено, инфлуенсерката на своите следбеници им ги отвори вратите од својот плакар и ги покажа какви модни парчиња има. Палта, сакао, кошули фустани... се само дел од парчињата кои ги има Миа. Таа и откри дека има облека која не сака да ја фрли бидејќи е подарок од нејзината мајка и баба. Костова покажа и модни парчиња кои се стари по 30, 40 години и повеќе не може  да се најдат, но во комбинација изгледаат модерно и во тренд. Исто така, таа и покажа и какви капути и јакни има за зимските денови. На крајот, Костова порача дека не треба да имате многу пари туку да знаете да ја комбинирате облеката. Ѕирнете во гардероберот на Миа во видеото подолу. фото: инстаграм/миа костова/миаандрија/јутуб/миа костова]]>

Исфрлете ги овие четири парчиња од гардероберот: Стилистите велат дека им е поминат рокот https://arhiva.vistina.com.mk/isfrlete-gi-ovie-chetiri-parchinja-od-garderoberot-stilistite-velat-deka-im-e-pominat-rokot/ Thu, 11 Nov 2021 13:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226935

Трендовите доаѓаат и си одат. Покрај класиците кои се носат од сезона во сезона, постојат, имено, парчиња кои според експертите имаат свој рок на траење. Модните стилисти издвоија четири есенски трендови кои треба да се остават во минатото и да се заменат со некои нови парчиња.

Излитени маици и тренерки

Пандемиската мода се фокусираше на се што е поврзано со спортот, а стилистите велат дека сега светот на модата повторно се движи кон покомплексен и подефиниран изглед. Ако ги прашате нив, тренерките треба да се заменат со кашмир и фини џемпери. Парчињата во кои живеевме изминатата година ипол треба да се пратат во пензија и да се вратиме во „нормална“ облека, сметаат стилистите. Обично наесен гардеробата ни станува потемна, но оваа година, сметаат стилистите, треба да носиме бои. Светлите бои кои го одбележаа летото не треба целосно да се напуштат.

Комплети

Во годината зад нас многу се носеа плетените комплети кои често ги заменуваа тренерките. Но, како тренерките и тие треба да се остават зад нас, велат стилистите за порталот „WhoWhatWear“. Наместо тоа, изберете плетени елеци, кои се совршено парче за слоевити, забавни комбинации.

Обични хеланки

Стилистите препорачуваат оваа есен да не им давате на хеланките толку простор во гардеробата како што беше случај минатата сезона. Иако се удобни и лесни за комбинирање, има, велат, и други парчиња кои се подеднакво опуштени и изгледаат одлично. Стилистите, на пример, препорачуваат едноделни парчиња за смелите.

Фустани со изрези

Стилистите мислат дека е време да се одложат фустаните со различни изрези. Меѓу другото, температурите се намалуваат, па може да ви биде многу ладно во нив, дури и со јакна горе. Наместо тоа, изберете макси фустани. Тие се и голем летен тренд кој им ласка на сите облици на тело, но советот на стилистите е да додадете предимензионален џемпер и чизми на омилениот макси фустан и ќе добиете совршена и удобна комбинација. извор: попара.мк]]>

Oва е сон на секоја девојка: Ќерката на Харис Џиновиќ ги отвори вратите од својот гардеробер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-son-na-sekoja-devojka-kjerkata-na-haris-dzinovikj-gi-otvori-vratite-od-svojot-garderober-foto/ Fri, 22 Oct 2021 09:47:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224162

Џина Џиновиќ (17) ќерката на пејачот Харис Џиновиќ постојано е активна на социјалните мрежи, па овој пат  откри уште еден детаљ од нивниот дом. Се работи за нејзиниот гардеробер во собата кој личи како од филмовите, а додека им го претставуваше на следбениците на Инстаграм ги запраша да ја прашаат се што ги интересира во врска со облеката. Имено таа одговори дека најмногу сака да носи тренерки и хеланки, нешто во што е многу опуштена. Следбениците ја праша и за момчето Андреја, па таа одговори дека се во врска една година и 10 месеци, како и тоа дека пред него немала момчиња. Инаку пејачот луксузната вила ја градеше три години, а пред една се вселија во имотот вреден два милиони евра. За потсетување, Џиновиќ неодамна изјави дека не ја следи својата ќерка на Инстаграм и не планира да ја гледа што објавува. фото: инстаграм/ џина џиновиќ]]>

Време е да го исчистите гардероберот и да се ослободите од нив: Четири есенски трендови кои тоа повеќе не се во мода https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-e-da-go-ischistite-garderoberot-i-da-se-oslobodite-od-niv-chetiri-esenski-trendovi-koi-toa-povekje-ne-se-vo-moda/ Thu, 21 Oct 2021 13:54:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224041

Овие парчиња облека полека заминуваат во заборав Кога некој добро познат бренд „ќе извади“ нови парчиња облека, постарите трендови паѓаат во заборав. Во суштина, се што е ново, брзо станува актуелно. Меѓутоа, покрај класиците што се носат од сезона во сезона, има и парчиња кои имаат свој „рок на траење“. Модните стилисти издвоија четири есенски трендови што треба да ги оставиме во минатото и да ги замениме со некои нови парчиња. Се разбира, ова се само предлози, а не строги правила, и секој треба да го земе предвид својот личен стил. Ако ви се допаѓаат темните бои, облечете ги, ако тренерката ви е омилена, нема причина да ја отфрлите.

1. Дотраени маици и тренерки

Пандемиската мода се фокусираше на се што е поврзано со спортот, а стилистите велат дека сега светот на модата повторно се движи кон посложениот и дефиниран изглед. Ако ги прашате, тренерките треба да се заменат со кашмир и друго фино плетиво. Парчињата во кои живеевме изминатата година и половина треба да се одложат и да и се вратиме на „нормалната“ облека, сметаат стилистите.

2. Темни бои

Обично на есен, нашата гардероба станува потемна, но оваа година, според стилистите, треба да носиме бои. Светлите бои што го одбележаа летото не треба целосно да се напуштат. Импресивни парчиња и многу бои треба да го означат периодот што следи. Стилистите, исто така, препорачуваат да не ги избегнувате разиграните модели и да избирате светло плетиво.

3. Комплети

Во годината зад нас, се носеа плетени комплети, кои често ги заменуваа тренерките. Но, како тренерките, треба да ги оставиме зад себе, велат стилистите. Наместо тоа, одберете плетени елеци, кои се совршено парче за слоевито, забавно облекување.

4. Фустани со изрези

Стилистите веруваат дека е време да ги оставите фустаните со разни изрези. Меѓу другото, температурите се спуштаат пониско, па може да биде многу студено за нив, дури и со јакна. Наместо тоа, изберете долги фустани. Тие се и голем летен тренд кој им ласка на сите облици на тело, но советот на стилистите е да додадете џемпер и чизми со вашиот омилен макси фустан и ќе добиете совршено удобна комбинација. извор: Попара.мк ]]>

Како да направите вистински детокс на гардеробата пред зима https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-napravite-vistinski-detoks-na-garderobata-pred-zima/ Wed, 15 Sep 2021 12:18:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219241

Во есента, се случува славната промена од летни во зимски стајлинзи, така што најчесто ги соблекуваме маиците со кратки ракави и ги вадиме сите оние џемпери што не чекаа претходните месеци. Сепак, ова може да биде совршено време да го растоварите плакарот и да се ослободите од сите оние непотребни работи што се наталожиле таму – и за кои веќе навистина не ви се потребни. И немојте да мислите дека ги немате, бидејќи и на модните минималисти им се поткраднуваат некои парчиња облека што повеќе не се тренди иако се убави, или кои едноставно избледеа откако ги носевте и време е да ги замените со нови. Еве неколку едноставни начини на кои можете да ја средите гардеробата оваа есен. Наредете ја целата содржина на плакарот на креветот и изберете Ок, не целата содржина одеднаш, но да речеме десет по десет парчиња облека. Наредете ги јасно, а потоа добро погледнете го секој од нив, како изгледаат, во каква состојба се и како се вклопуваат со другите парчиња облека. На прв поглед, ќе знаете што е тоа што дефинитивно сакате да го задржите, и се што е „можеби, добро, можеби некогаш повторно ќе го носам, во некои прилики, кога нешто“ .. отфрлете. Сето тоа е всушност Не, и бидејќи не сте ги носеле тие работи до сега, нема да ги носите ни сега – верувајте ни. Нема потреба да продолжите да чувате облека што сте ја купиле за одредени прилики Сите ние го правевме тоа. Или повеќе пати, да не лажеме. За одреден настан, премиера, дипломирање, венчавка, јубилеен роденден … Купивме фустан и оттогаш не го носевме ниту еднаш. И иако не можеме да го фрлиме затоа што е практично „како ново“, секој пат кога размислуваме да го облечеме за нова прилика, се сеќаваме дека луѓето веќе не видоа во него. Значи, готово е – време е да „лета“ надвор. Чувајте ја облеката што само ви одговара во моментот Знаеме, не е лесна мисла дека нешто дефинитивно е мало за нас сега и дека нема да се вратиме на идеалната тежина од нашите помлади денови. Но, време е да се прифатиме себеси онакви какви што сме, и да не создадеме лош став кон нашето сегашно тело затоа што повеќе не може да се вклопи во оние едно, добро и некогаш омилено фармерки што се уште ги чуваме во плакарот како потсетување на минатите денови. Тие поминаа зад нас и време е да се ослободиме од сите оние работи што повеќе не ни одговараат и да ги најдеме оние во кои се чувствуваме удобно и убаво. Не останувајте само на плакарот – префрлете се во делот за чевли Како што треба повремено да ја ревидирате гардеробата, така и треба да се посветите на ормарот за чевли „по иста цена“. Точно е дека обувките можат да траат долго ако се со добар квалитет и добро сочувани, но време е да поминете низ секој пар и да ги фрлите оние модели што беа со вас неколку сезони, дури и ако ви се особено драги. Еден добар пар чевли е доволен за да изгледате стилски и уредно, затоа внимавајте чевлите да ги чувате уредно во кутии и да ги фрлите кога ќе се искинат, иако можеби нема да признаете дека се. извор: попара.мк]]>