Галичник филм фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Aug 2022 11:03:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Галичник филм фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Официјално отворање на третиот Галичник филм фестивал https://arhiva.vistina.com.mk/oficijalno-otvoranje-na-tretiot-galichnik-film-festival/ Fri, 05 Aug 2022 11:03:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261668

Дваесет и три краткометражни филмови од цел свет ќе бидат прикажани на третиот по ред Галичник филм фестивал, кој официјално ќе биде отворен денеска и ќе се одржува до недела, под отворено небо во Галичник. Како што најавија организаторите, во програмата се филмови кои доаѓаат директно од „Cannes Film Festival“, „Oscars“, „Sundance“, IDFA, „Toronto International Film Festival“ и „Locarno Film Festival“. Официјалната селекција со 23 краткометражни филмови ќе бидат сместени во категориите – играни краткометражни филмови, документарни краткометражни филмови и анимирани краткометражни филмови. Како дел фестивалот, по завршувањето на проекциите следи и музичка програма. Како дел од жири комисијата оваа година се актерот Никола Ристановски, режисерката и сценаристка Елеонора Вениновa и режисерот Георги М. Унковски, победник на минатогодишниот Галичник филм фестивал со филмот „Налепница.“ -Третиот Галичник филм фестивал несомнено ќе биде огромен предизвик за изострениот вкус на овие големи уметници имајќи го предвид фактот дека оваа година во игра се неверојатни 23 филмови кои секој на свој начин доаѓаат со својата единственост и уметничка тежина, но и позадина на веќе нанижани признанија ширум светот, соопштија од фестивалот. Како дел од Галичник филм фестивал, од 3-ти до 5-ти август беше одржана „Екс – ЈУ“ работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски, во рамки на истата учество земаа пет проекти: „Дали е тетка Божана, тато?“ – Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ – Македонија, „Не е добар ден за паркирање“ – Филип Лафазановски – Македонија „Базен-дупка“ – Ана Вуќичевич – Србија, „Брат и Мајка“ – Александар Вујович – Црна Гора, „Цут“- Тамара Брочич. Фестивалот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија, а го реализираат ДАРМА ФИЛМ и МЗ Галичник. Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна. Извор:Курир]]>

Второто издание на Галичник филм фестивал ќе се одржи од 5 до 8 август https://arhiva.vistina.com.mk/vtoroto-izdanie-na-galichnik-film-festival-kje-se-odrzi-od-5-do-8-avgust/ Wed, 04 Aug 2021 12:18:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213767

Викендов, од 5 до 8 август 2021 година, со поддршка од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје, ќе се одржи второто издание на Галичник Филм Фестивал. Амфитеатарот Упија во Галичник на 1.500 метри надморска височина ќе биде домаќин на филмските проекции под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика, информираат организаторите на фестивалот. Овој млад културен настан ја промовира уметноста на краткометражниот филм, но и нови филмски автори и нивните остварувања од регионот и пошироко. Селекцијата за овогодинешното издание на фестивалот вклучува 26 филмови од цел свет, во три натпреварувачки категории: Игран, Документарен и Анимиран краткометражен филм. -Ќе се прикажат неколку европски премиери, но и филмски наслови со учества на Оскарите, Канскиот филмски фестивал, Санденс, ИДФА, Венецискиот филмски фестивал, Интернационалниот филмски фестивал во Торонто, Клермонт-Феранд фестивалот за краткометражни филмови, Филмскиот фестивал во Сараево, а сега достапни и пред македонската публика. Добитникот на Оскар за најдобар краткометражен филм, „Кожа” на режисерот Гај Натив и номинираниот за Оскар „Собата за писма” на режисерката Елвира Линд се само дел од врвните филмски достигнувања кои се борат за главната награда, се наведува во соопштението. Домашните автори повторно ќе имаат значајно место во програмата на Галичник Филм Фестивал. На отворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Налепница” по сценарио и режија на Георги М. Унковски. Дополнително, посетителите на Галичник викендов ќе имаат можност да го погледнат и „Кавал” на Саша Станишиќ. „Летечки пекинезери” ќе ја заокружат првата фестивалска вечер со концерт на филмска музика, а DJ Чваре ќе се погрижи за атмосферата на затворањето на фестивалот. Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна во целост. Галичник Филм Фестивал е во организација на Дарма Филм и Месна заедница Галичник. ]]>