галичка свадба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Jul 2021 13:01:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png галичка свадба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Зурли и топани ќа топает сред село“: Катерина Илиевска и Филип Бундески се годинешните младенци на „Галичка свадба“ https://arhiva.vistina.com.mk/zurli-i-topani-kja-topaet-sred-selo-katerina-ilievska-i-filip-bundeski-se-godinashnite-mladenci-na-galichka-svadba/ Thu, 15 Jul 2021 06:19:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211166

По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов ќе се одржува традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески. Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече денеска на нивното претставување, многу години учествувал на свадбата во Галичник во повеќе улоги – како статист, коњаник, а една година бил и стар побратим. „Доста ми се познати обичаите и, како што поминуваше времето, сè повеќе се гледав како зет на Галичката свадба. Не може да се опише чувството да се биде дел од оваа богата македонска традиција. Одговорноста е голема да се следат сите обичаи и да се испочитува сето она што ни го оставиле нашите предци“ - рече годинашниот галички зет Филип Бундески. Катерина Илиевска изјави дека е почестена што годинава таа е галичка невеста и е горда што ќе биде дел од вековната традиција. „Галичката свадба е една од најавтентичните на Балканот, па и пошироко. Затоа со радост го исчекуваме викендот во кој ќе ги испочитуваме нашите предци, нашата традиција. Сигурна сум дека сите заедно убаво ќе си поминеме викендов во Галичник“ - рече Катерина. Галичката свадба ќе се одржува претстојниов викенд (17/18 јули). Ќе почне в сабота со традиционалното китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“. Обичаите продожуваат в недела кога е и венчавката на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“. Во пресрет на свадбата, вечерта в петок во Галичник концерт ќе има групата „Љубојна“, која на платото пред чешмата Упија ќе изведе изворни песни од Мијачкиот крај. Ќе настапат и групите „Тоа е тоа“ и „БендОфф“. Среќен и долг заеднички живот на годинашните младенци и успешно издание на манифестацијата им посака министерката за култура Ирена Стефоска која се осврна на традицијата на најпознатата македонска свадба што со векови за Петровден ги собирала печалбарите во родниот крај. „Јули бил месец на солзи радосници во Галичник. Имало ли поубав ден за целото семејство од мигот кога стопанот ќе стапнел на прагот по месеци и месеци на печалба. Зурлите и топаните ги чекале свадбите и свадбарите. И така со векови. Оваа традиција е сочувана и стана наше драгоцено нематеријално културно наследство. Министерството за култура, како и досега, останува силен поддржувач и промотор на оваа манифестација која го чува и збогатува нашиот надалеку препознатлив македонски фоклор“ - рече министерката Стефоска. Програмата на Галичката свдба на прес-конференцијата ја соопшти Александар Костиќ од Месната заедница „Галичник“, која е организатор на настанот, заедно со претставници на спонзорот – „Пивара“ - Скопје, кој ги обезбеди пијалаците за свадбарите. Костиќ соопшти дека за посетителите ќе има правила за оставање на отпадот, како и посебен режим во ообраќајот – забрана за паркирање околу локациите на настанот во сабота и недела (црквата „Св. Петар и Павле“, Упија, Куќата на Лукановци од каде што ќе се земе невестата). Забрана за моторни возила низ Галичник ќе има в петок од 20 часот до 01 часот по полноќ, в сабота од 18 до 22 часот и во недела забраната ќе важи од 7.30 до 15 часот. Во овие термини автомобилите ќе може да се паркираат на местото Селска ливада, еден километар пред Галичник, а Месната заедница „Галичник“ има ангажирано комбиња кои ќе ги превезуваат посетителите. „Сите контејнери за отпад овој викенд ќе бидат дисплоцирани од Галичник и ќе бидат поставени мали канти кои ќе се користат само за пластика и за лименки. Ги замолуваме сите кои имаат неопходна потреба за депонирање отпад, тоа да го сторат во камионот на ЈКП „Маврово“ кој ќе биде на располагање на околу 500 метри пред Галичник. Апелираме до сите галичани и посетители да се придржуваат до овие правила и да ни помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот“ - рече Костиќ.]]>

Нема да се одржи Галичка свадба https://arhiva.vistina.com.mk/nema-da-se-odrzi-galichka-svadba/ Thu, 27 Aug 2020 12:06:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165033

Галичката свадба е одложена по втор пат, ова синоќа преку статус на Фејсбук го истакнаа од Месната заедница на Галичник. -Драги наши, И покрај огромната желба и напорите што ги направивме да создадеме услови да ја одржиме традицијата на Галичката свадба макар и на Богородица, сепак, за жал, објективните околности бараат од нас да направиме голем компромис. Традиционалната манифестација Галичка свадба, со придружните забави годинава нема да се одржи. Општото добро за Галичани било секогаш на прво место! Така и годинава, борбата со Ковид 19 бара колективна дисциплина и одговорност. Меѓутоа, тука не застануваме. Енергијата ја насочивме кон тоа на друг соодветен начин да ја обележиме годинава и притоа и да оставиме траг, спомен. Во моментов ентузијазмот е преточен низ креативен процес на создавање сценарио за документарен филм за Галичник и Галичка свадба, бележејќи ги суптилните, рафинирани и пребогати со симболика и бит обичаи и воопшто магијата на животот во Галичник. Спомнувајќи си за оние кои се борат, се изборија и ја изгубија битката, нивните семејства, посакуваме добро здравје! Се сеќаваме на минати свадби и се радуваме на следни, со поминато премреже и научени лекции! Како што велат нашите: вгодина поздрави повесели!, стои во нивниот статус на Фејсбук.]]>

Петровден без Галичка свадба – одложена за Пресвета Богородица на 28 август https://arhiva.vistina.com.mk/petrovden-bez-galichka-svadba-odlozena-za-presveta-bogorodica-na-28-avgust/ Mon, 13 Jul 2020 10:49:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158518

Советот на Месната заедница Галичник, заради заштита на јавното здравје донесе одлука да го одложи одржувањето на годинешната културно-сценска манифестација “Галичка свадба”, што традиционално се одржува кон средината на јули, за време на верскиот празник Петровден. “Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на свадбата од претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата “Галичка свадба” не треба да се одржи на Петровден. Будно ќе ги следиме состојбите и препораките и се надеваме дека свадбата ќе ја одржиме наскоро. Прилагодувањето е одлика на умните и истрајните, на тоа не учи и природата. Со одредени прилагодувања на секојдневието, тоа ќе врви, ќе може да ги правиме нештата кои ни го прават животот вреден за живеење, а болеста ќе има малку или никакви шанси да не допре”, информираат од организацискиот тим на Месната заедница Галичник. Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната “Галичка свадба” може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28-ми август.
]]>

Ова се зетот и невестата на годинешната „Галичка свадба“: Огнен и Марина ќе ја крунисаат љубовта во духот на традицијата https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-zetot-i-nevestata-na-godineshnata-galichka-svadba-ognen-i-marina-kje-ja-krunisaat-ljubovta-vo-duhot-na-tradicijata/ Thu, 04 Jul 2019 09:07:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96061

На традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, која годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули, месната заедница Галичник за зет и невеста ги избра Огнен Караѓозовски и Марина Петровска. Огнен е од скопје но има галичко потекло, додека Марина е од Крива Паланка.
Младенците ќе ја крунисаат својата љубов низ триесетина обичаи кои што се белег на галичкиот крај, негувани и пренесувани со генерации: одење по вода, изведување на ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот, одење по невбестата, поглед ниоз бурма на невестата и многу други.
Галичка свадба е најзначајниот настан од Галичкото културно лето и се организира по повод празникот Петровден.
Карактеристична е по автентичните свадбарски адети на Галичник и оригинална носијата на невестата, тешка 25 килограми составена од педесетина делови, изработени со филигранска прецизност.
Според најавите, на 12-ти јули во Галичник, во предвечерието на Галичката свадба 2019, целовечерен концерт ќе одржи Џијан Емин во соработка со Македонската Филхармонија и Здружението на џез музичари на Македонија.  ]]>

(ФОТО) Невеста како принцеза: Годинешните галички младенци Тања и Златко направија и класична свадба! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-nevesta-kako-princeza-godineshnite-galichki-mladenci-tanja-i-zlatko-napravija-i-klasichna-svadba/ Mon, 25 Jun 2018 07:21:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34151

Во духот на вековната традиција годинава на невестата Тања Лепческа и зетот Златко Димовски, им е исполнета желбата својата љубов да ја крунисаат во Црквата Свети Петар и Павле со галичка свадба на ден 15 јули 2018 година. Како по некое непишано правило и годинешните младенци пред традиционалната галичка свадба, се решија и за класична свадба каде ќе ја прослават и официјализираат својата љубов пред семејствата, родините, пријателите...
Па така, галичките младенци во еден скопски ресторан изминатиот викенд и официјално станаа сопружници. Невестата на себе имаше традиционална венчаница во која изгледаше како принцеза, додека зетот го испочитува стандардниот изглед во клсичен костум.
Инку, за галичката свадба на 15-ти јули, Тања и Златко не се случајно избрани.
Тања Лепческа е по потекло галичанка и од мала е активна во секоја Галичка свадба како учесник, а подоцна и нејзиното момче, а сега веќе и сопруг. фото:фесјбук]]>

(ФОТО) Тања и Златко се годинешните зет и невеста на Галичка свадба 2018 https://arhiva.vistina.com.mk/foto-tanja-i-zlatko-se-godineshnite-zet-i-nevesta-na-galichka-svadba-2018/ Fri, 15 Jun 2018 08:30:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=32758

Месната заедница на Галичник неделава одржа седница со единствена точка на дневен ред. Членовите на своветот на месец дена пред Глаичка свадба 2018 имаа за задача да ги изберат годишеншите зет и невеста кои ќе бидат во центарот на традицијата. Па така, таа чест годинава им припадна на младите Тања Лепческа и Златко Димовски. Како и секоја година, така и оваа не случајно беа избранизи младите. Имено, двајцата свршеници доставиле писмо до Советот на МЗ Галичник преку кое побараа да ја имаат таа посебна чест и радост да бидат дел од овогодишната Галичка свадба како зет и невеста.
Тања Лепческа е по потекло галичанка и од мала е активна во секоја Галичка свадба како учесник. Во духот на вековната традиција им е исполнета желбата својата љубов да ја крунисаат во Црквата Свети Петар и Павле со галичка свадба на ден 15 јули 2018 година.
Инаку, неодамна според „Њујорк тајмс“ и светски познатото списание „Нешнл џиографик“, Глачичка свадба беше прогласена за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа. фото:Фејсбук

Галичката свадба на листата меѓу познатите фестивали според „Њујорк тајмс“ https://arhiva.vistina.com.mk/galichkata-svadba-na-listata-megju-poznatite-festivali-spored-njujork-tajms/ Fri, 11 May 2018 10:47:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26350

Покрај добро познатите музички и литературни фестивали во Европа, има голем број прослави со храна, цвеќиња и традиции како „Јасмин“ во Франција, „Тартуфи“ во Италија, средновековната церемонија во Германија, „Ла Томатина“ во Шпанија или Свадбената манифестација во Галичник, Македонија, кои се дефинитивно чудесни. Нашите патеписци ве водат на некои од нивните омилени патувања, пишува Њујорк тајмс .
Според сите стандарди, македонското село Галичник е мало, а во него живеат само двајца постојани жители. Оваа планинска населба, скриена на масивот Бистра, се наоѓа на околу девет и пол километри источно од албанската граница, пишува Ендрју Ферен во репортажата за „Њујорк тајмс“.
Тој в о текстот објаснува дека за време на годишната свадбена манифестација на селото – што се одржува викендот најблизок на 12 јули, или на православниот празник Свети Петар – населението се зголемува. Илјадници туристи и староседелци се враќаат и ги исполнуваат инаку тивките куќи припиени на стрмните падини заради тридневната веселба пропратена со обреди, поворки и ритуали кои кулминираат со брак на претходно избрана двојка која потекнува од селото.
Манифестацијата започна во 1950-тите, користејќи обичаи кои се стари со векови – вели Марко Бекриќ, внук на единствениот жител на селото. Од мај до ноември, Бекриќ организира велосипедски и планинарски тури и помага во управувањето со семејниот пансион и ресторан. „Тоа започна така што луѓето од селото, кои емигрираа или се преселија на друго место, можеа да се вратат, да стапат во брак и да ги продолжат нашите традиции. Во првите години се одржуваа и по десетина свадби“.
Оваа година свадбената манифестација треба да се одржи во петок, од 13 до 15 јули. Кога сонцето ќе зајде во петок, музичарите почнуваат да свират на традиционални инструменти, наречени, зурли и тапани , влегуваат во голем видиковец, опкружен со коњи врзани за оградата. Маси со месо на скара се натпреваруваат за простор со тие за пиво и шишињата со локалната грапа, наречена ракија. Се возвишува ѕид од примален ритам што ги инспирира учесниците да се качуваат на масите, да подвикнуваат и да се фаќаат за раце мавтајќи живо. Музиката исто така станува константен саундтрак на манифестацијата.
Целата програма со однапред планирани ритуали продолжува и во наредните два дена – секоја придружена со процесии на мажи и жени, и девојки и момчиња во традиционални носии. Мажите носат дебели волнени панталони и туники. Жените носат фустани тешки 30 килограми, некои стари и до 300 години, кои се пренесуваат од генерација на генерација, пишува весникот.
Симболичните церемонии вклучуваат носење на знаме и пукање со пушка, бричење на младоженецот на главниот плоштад, пешачење до гробиштата за да се поканат мртвите на свадбата и испраќање на невестата на коњ, со мираз, до куќата на идниот сопруг пред да се оди во црквата Свети Петар и Павле.
 Кога овие зурли и тапани почнуваат да свират, сè уште се ежам – рече Тања Лепческа, чиј брат минатата година се ожени. Бидејќи семејството на нејзиниот татко е од Галичник, таа е можен кандидат за овогодишната свадба. „Оваа церемонија е нешто што е само наше. Не може да ни се  одземе“.