гаф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Sep 2020 08:32:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гаф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марјана Станојковска со нов „бисер“: Пред 10 години ја повика на сцена да прими награда покојната Сашка Петковска, а сега наместо уредничката на МТВ Мери Попова да додели награда, водителката на сцената покани покојна актерка! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-so-nov-biser-pred-10-godini-ja-povika-na-scena-da-primi-nagrada-pokojnata-sashka-petkovska-a-sega-namesto-urednichkata-na-mtv-meri-popova-da-dodeli-nagrada-voditelkata-na-scenata/ Mon, 21 Sep 2020 08:28:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167737

Помина уште еден „Макфест“... Јубелејниот 35-ти, и покрај сите тешкотии, проблеми, недоумици и ризици заради Ковид -19 епидемијата, организаторите го истуркаа во најдобар ред... Со оглед на околностите - повеќе од задоволително. Важно беше традицијата да не се прекине токму на јубилејот, да не се заборави огромното творештво и сета музичко-културна оставштина што штипскиот фестивал на забавни песни и ја остави на Македонија и нејзините поколенија и да се чекаат подобри денови, за уште поблескави и понеаборавни мигови, за нови хитови и евергрини. А „Макфест“ несомнено произвел и зад себе оставил стотици такви. Затоа и беше важно без оглед на се', да се одржи и да го има! И бидна, а на него учествуваа и старите проверени македонски музички ведети и новите „деца“, младите пејачки имиња кои допрва доаѓаат, а од нив за некоја година поединци ќе им се приклучат на првите. Од водителските ведети секако сите ја паметат Вера Јанковиќ - некогаш неизоставната домаќинка на сцената на фестивалскиот Штип и сегашната, последниве години водителска алтернатива, моделот и лото девојка Марјана Станојковска. Убава, згодна, сатрактивна, секапилна... Арно ама, модната писта е едно, а фестивалската сцена нешто сосема друго.  На првата доволна е само естетиката, додека на втората харизмата, шармот, умеењето со микрофонот, владењето на говорот, динамиката на најавите, сценскиот ритам и гестикулациите во однесувањето... и уште многу други нешта ја создаваат „водителската магија“ на она нешто што еден водител „го има или нема“, го носи или не во себе, нешто што го прави уникатен, специфичен, единствен, различен од другите. Без претензии да правиме компарации помеѓу некогашната и сегашната, ама и овој „Макфест“ не помина без „бисери“. Највоочлив оној водителскиот на Марјана, на која и по повеќе од една деценија „историјата и се повторува“. Имено, Марјана во една од најавите презентирајќи го името на наа која треба да додели една од наградите наместо уредничката ка Културно-уметничката програма на МТВ, Мери Попова, на сцената ја покани да се појави покојната актерка. Марјана  и го погоди името на уредничката, ама и го утна презимето, па наместо Мери Попова, испадна дека ја повикува некогашната македонска актерска легенда, покојната Мери Бошкова! Да не е „трагично“ би било смешно, зашто веќе по втор пат на Маријана во водителска улога и се повторува „сценски викенд на мртовци“! Имено, на лото девојката во улога на водителка пред повеќе од десет години  на една манифестација и се случи истото. Тогаш Марјана на сцената ја повика легендарната македонска пејачка на забавни песни да прими награда, иако истата беше покојна, откако трагично загина во сообраќајна несреќа 25 и кусур години претходно: „Ја повикувам на сцената Сашка Петковска да го прими признанието“, најави тогаш водителката Марјана Станојковска на промоција на цедето „Кирилицо испеана“ во МОБ. Тогаш младата водителка и манекенка се збуни, па на сцената ја повика легендарната македонската пејачка која трагично загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе во 1983 година. Нејзиниот колега на сцената Александар Блажевски набрзина ја извади ситуацијата, и рече дека признанието за испеаните хитови ќе го прими нејзината ќерка Сандра Липша. Станојковска веднаш се извини за грешката, па на сцената го повика и авторот на евергринот "Бакни ме", сега исто така веќе покојниот Тодор Бојаџиев да ја прими наградата. Маријана Станојковска другиот ден изјави дека многу и е жал за грешката. Таа тогаш рече дека се надева оти семејството на Сашка Петковска ќе и прости и прогледа низ прсти. „Во сценариото, кое беше пред мене, за сите наградени го пишуваше истото: 'Плакетата оди за'... Затоа настана мала забуна и наместо да речам ја повикувам ќерката на Сашка Петковска, Сандра Липша, јас го изговорив името на покојната пејачка. Јас сум млада и ова ми беше прво искуство да водам програма во живо. Родена сум во 1984 година, па не знам многу за кариерата на Сашка Петковска, која на почетокот ја мешав со Нина Спирова. Во оваа пригода сакам да му се извинам на семејството и се надевам дека ќе ми простат и ќе ми прогледаат низ прсти.  Луѓе сме, грешиме"- изјави тогаш Марјана. Сега не е ниту така млада, во професијата секако, ниту и е ова прво фестивалско и воопшто сценско искуство... Годините минуваат, а грешките за жал, одново се повторуваат. Останува да чекаме само на ново извинување на водителката, кое од Марјана Станојковска не го слушнавме вечерта на макфестовската сцена, а нејзиниот гаф го прокоментираа и некои од колегите новинари! Кликнете ОВДЕ за да го видите ВИДЕОТО со моментот на ВИСТИНА(ТА):]]>

Каков премиер – таква држава, а и такви медиуми: Кога „трагедијата“ ти е „традиција“, а Весна-Бејби ти е Весна Змијанац (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kakov-premier-takva-drzava-a-i-takvi-mediumi-koga-tragedijata-ti-e-tradicija-a-vesna-bejbi-ti-e-vesna-zmijanac-foto/ Wed, 13 Mar 2019 08:39:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77261

Еххх, Македонијо, земјо мачна, напатена... Покрај се што ни се случува, ни се случуваат и гафови од кои да ти е срам да си тоа што си. И по националност и по професија.
А како и не би кога премиерот не ти разликува „традиција од трагедија“, а владата тешкиот гаф на шефот се обидува да го скрие под тепих? А гафот не е ниту обичен, ниту безначаен, туку удира во најболната точка на една од најголемите светски ТРАГЕДИИ, во живата рана која никогаш целосно нема да зацели на еден цел народ и не само негова. А ти по ТРАДИЦИЈА „кинеш зелени“ обраќајќи им се на најважниот ден!
Ама во македонското новинарство или поточно, она што останало од него, денес најважно е она таканареченото „он лајн“  новинарство! Или кусо кажано порталите. Ај што во новинарскиот сајбер простор е „дива лига“, па владее незапаметен хаос без правила, ај што краде кој од кого стигне, а, „копи - пејст“ дактилографијата е врвно новинарско остварување, па и она малку нешто што ќе се обидат да го напишат или се „фејк вести“ или невидени гафови. А како и не би, кога деца собрани од улица за џепарлак за кикирики ти се главните „фотокопирџии“ и куцачи на соопштенија во нашето „он лајн(о)“ новинарство! Од партиски нарачки, до неписмени и лоши преводи, на кои „Гугл транслејт“ им е главна алатка за совладување на странските јазици. Познавањето на материјата и личностите, нивниот лик и дело им се „шпанско село“!
Затоа и не е ни чудо кога на многу од морето портали ќе најдете небулози од различен тип. И не е чудо кога ним Весна „Бејби“  Петрушевска им е исто што и Весна Змијанац!?
И откако ќе ја увидат или некој ќе им ја каже новинарската ТРАГЕДИЈА што ја направиле, тие по теркот на Владата, по ТРАДИЦИЈА ќе  се обидат да ја сокријат веста, па ќе ја избришат!
Па, ако Весна - „Бејби“ е Змијанац, тогаш да речеме, што не би можел  Драган Вучиќ да биде Александар Вучиќ? 
Ама што ти е гајле... Пиши Вуќиќ! Водител или претстедател, Драган или Александар - сеедно!
Важно е да е Вучиќ. Каква „прекрасна“ новинарска традиција... Пардон, трагедија!]]>

(ВИДЕО) Сакаше да се направи дека знае ама на крајот Карлеуша страшно се посрамоти пред камери! https://arhiva.vistina.com.mk/video-sakashe-da-se-napravi-deka-znae-ama-na-krajot-karleusha-strashno-se-posramoti-pred-kameri/ Tue, 22 May 2018 11:01:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28453

Пејачката Јелена Карлеуша се посрамоти пред камери, а снимката брзо се прошири на Интернет. Јелена пред неколку дена даде интервју за една албанска телевизија, а екипата на емисијата и подари книга за Мајка Тереза. -Знам се за неа, кажа Јелена во таа прилика на англиски јазик. Пејачката потоа пред камерите на ТВ „Прва“ сакаше да се пофали со подарокот, меѓутоа се случи спротивното. -Ми дадоа книга која ја напишала мајка...мајка... – почнува да се мисли Јелена, не знаејќи кој е авторот на книгата. Присутните почнаа да и шепотат дека е во прашање Мајка Тереза, а нејзе тоа дополнително ја збуни. Молам?, кажа збунето пејачката која и не ги дослушна добро, а кога сфати што и зборуваат кратко одговори „Тереза“.

A post shared by ckakosmicka (@ckakosmicka) on

]]>