функционер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Jun 2021 07:27:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png функционер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Брачната идила на Ване Цветанов и Дунавка – „во оставка“: Функционерот на Фејсбук разводот го најави, мисицата веднаш се огласи, па соодветно му возврати (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/brachnata-idila-na-vane-cvetanov-i-dunavka-vo-ostavka-funkcionerot-na-fejsbuk-razvodot-go-najavi-misicata-vednash-se-oglasi-pa-soodvetno-mu-vozvrati-foto/ Wed, 23 Jun 2021 07:25:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207948

Таман помисливме дека со Робет и Агнеса ќе завршат холивудските разводи во Македонија, произлезени од политичко - естрадните бракови од „љубов на прв поглед“, најчесто на џебот, кога еве нова „сапуница“ со несреќен крај?! Како што бомбастично одекна веста кога влегоа во романса македонскиот владин функционер Ване Цветанов и мисицата Дунавка Трифуновска, така сега уште поексплозивно одекна најавата за нивниот развод. Две сродни души од два различни света, на кои таман помисливме дека љубовта им цвета, таа набрзина им прецвета, па експресно овена. До душа оние кои ги познаваат уште при веста за нивната „спојка“ тврдеа дека Ване и Дунавка или ќе траат довека или љубовта ќе им заврши побрзо и од короната... И така бидна! Иако разделбата веројатно се крчкала оддамна зад затворени врати, прв кој ја отвори портата од нивната приватност за да ја соопшти „тажната вест“, беше функционерот. Имено, Ване Цветанов, владиниот функционер на последна функција - претседател на „Советот за унапредување и надзор на ревизијата“ на Република Македонија, не успеа ниту да го унапреди, надгледува, ниту да го ревидира својот брак, па по пет месеци брачна идила помеѓу него и Дунавка, бракот заврши „во оставка“!  Со развод, кој Цветанов го најави јавно, на својот Фејсбук профил со неколку реда образложение за ситуацијата, исто онака, како што функционерите тоа го прават кога ќе „паднат“ од функцијата: „Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.Дунавка е прекрасна личност,искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш... Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена,а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца. Здравје од Бога,во септември се гледаме со огромни институционални успеси“ - напиша Цветанов на Фејсбук. Образложението на Цветанов баш онака „политички исфилувано“, без конкретни причини за „каде пукнала тиквата“, каде лежат недоразбирањата и ненепомирливите разлики за таква леснотија на разводот? Ѓеомити претходно кариерата не ја терал, или ја терал „површно“, ако сега веќе решил да и се посвети „целосно“, како што самиот вели. Веројатно не ќе да е (само) до кариерата, зашто не помина долго време кога етеа, се огласи и понежната половина на доскорешната функционерско-естрадна љубовна двојка - мис Дунавка: „Иако #ФБ не е медиум за мене, како и злоупотреба на моето име во одредени статуси со цел да бидат сензационалистички е одобрен, моите одлуки се истите што ги донесов во јуни минатата година. Истата сум и јас. Мојата одлука дека минатото не треба да ги „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога  ќе биде испочитувано, тогаш можеме да гледаме други епизоди “. До тогаш, господинот треба да им се посвети на своите обврски, неговите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме тоа во локален, европски стил или погубно во идејата „како што вели мама ...“ е личен избор. Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да знае да ги постави своите државнчки интереси пред личните. Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мојот став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајно закажана средба од негова страна,на која не бев информирана дека  ќе биде присутен! Јас тајни немам. Чувам туѓи тајни, го правам тоа маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето“ - го возврати „ Фејсбук ударот“ Дунавка и утрово одлета во непознат правец. Судејќи според авиокомпанијата - некаде на море... најверојатно на Црногорското крајбрежје! Расплетот ја доживува својата катарза, најверојатно пред да стапи постбрачното затишје на уште една „љубовна бура“ на две македонски јавни личности. Можеби во  крајот на „љубовната рапсодија“, на сега веќе бившите љубовници Ване и Дунавка, некој ќе најде и нешто што ќе го заинтригира: Мисицата е одново... соло!   Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/dunavkatrifunovska/Ване Цветанов
]]>

Владо Јаневски има нов имиџ со кој е ист како еден македонски политичар: Кој доби двојник, пејачот или екс – функционерот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-ima-nov-imidz-so-koj-e-ist-kako-eden-makedonski-politichar-koj-dobi-dvojnik-pejachot-ili-eks-funkcionerot-foto/ Sat, 03 Apr 2021 06:53:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162657

На социјалните мрежи човек може се' да види... Само отворете ги и полигонот за забава, понекоја информација и помалку едукција е тука. Широко ќе ви ги отвори своите видици, а  во непрегледното поле на лаги и вистини, на трачеви и озборувања, на потврдени информации и спинови, на агенциски и лажни вести... буквално можете да наидете на се' и сешто! Инстаграм во главном шокира со фотографии, понекое кусо видео и споделен пост кој  најчесто го појаснува визуелното доживување при перцепцијата на „воајерот“ на туѓи слики. Она што осамна во вид на неколку фотографии на профилот на еден од најпознатите македонски поп пејачи веројатно изненади многумина, а најмногу неговите обожаватели. Владо Јаневски ионака оддамна тера американски имиџ на „недопирлив среде паланка“, па со години или воопшто не комуницира со новинарите и медиумите или комуникацијата му е сведена на „нужен минимум“ и тоа само кога нему му треба. Кога има нова песна, спот или концерт и потреба истите да ги испромовира и изрекламира. Токму затоа посетителите на социјалните мрежи останаа вчудовидени од фотографиите кои ги затекнаа на неговиот Инстаграм профил, кој патем, пејачот ретко го ажурира. На нив Владо Јаневски со брада!? До сега никогаш невиден во јавноста во вакво издание... Или не барем во пошироката, зашто комшиите од маало не се бројат. Покрај фотографиите споделен и пост во вид на текстуална информација која дословно гласи: „Во инбокс нѝ стигнаа фотографии што датираат од пред неколку години. Ни ги испрати поранешен вработен во Хепи радио кој замоли да остане анонимен, а на сликите е #владојаневски со брада! Мислевме дека знаеме сѐ за него, но не и дека некогаш носел брада. Се испостави дека во годините кога бил партнер и директор во Хепи радио вработените секојдневно го гледале во вакво бајаги посериозно и бизнисменско издание. Што мислите вие за овој негов имиџ?“ Од она што се знае е дека пејачот навистина беше директор во некогашното „Хепи радио“, подоцна „преименувано во „Хит радио“, а сега со нов сопственик во радио „Лидер“, кое тогаш заедно со  „Нова ТВ“ важеше за еден од медиумите на бизнисменот Сеад Кочан. Дали имал партнерски однос со него во бизнисот, знаат самите, но факт е дека Јаневски беше тоа што беше - директор на „Хепи радио“, кое беше лоцирано во истиот објект како и телевизијата. Ако подобро го загледате новиот имиџ на „чаирскиот пејач-бизнисмен“, особено оние кои ја следат и музиката и политиката веднаш ќе забележат дека Владо Јаневски вака „забраден“ неодоливо потсетува на еден доскорешен македонски политичар. Или што би рекле, чаирчанецот Владо Јаневски е ист со кумановецот Чедомир Чедо Краљевски, некогашен член на ВМРО-ДПМНЕ, потоа и на  ВМРО-НП, инаку отприлика и врсник на пејачот по години.  Роден 1956 година во Куманово, правник со правосуден испит и адвокат, кој работел во Управата за јавни приходи, бил претседател на Антимонополската управа, а своевремено беше и пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во еден од претходните парламентарени состави на Македонското собрание. Според споделените фотографии, не само што пејачот што е „плукнат во лик“  на политичарот, туку споделениот пост и поставеното прашање, се наметнуваат две нешта: Или Владо Јаневски прави штик проба за да го опипа пулсот на својата публика од која сака  да го слушне нејзиното мислење дали да тера или не ваков „брадосан“ имиџ или дискретно дава до знаење дека промената на ликот е најава за нова „бизнис авантура“ на пејачот, која следува наскоро? Што и да е, како што и самиот прашува, најважно е само едно:  Што мислите вие?  Дали во вакво „белобрадо издание“,  Владо Јаневски е „ист“  Чедо Краљевски?  