FUNK SHUI – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 27 Jan 2024 10:12:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png FUNK SHUI – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Фанк Шуи“ му оддават почит на Скопје преку превртлива врска во – „Никогаш пак“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-mu-oddavat-pochit-na-skopje-preku-prevrtliva-vrska-vo-nikogash-pak-video/ Sat, 27 Jan 2024 10:12:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336488

Фанк Шуи (Funk Shui) со константната работа на својот израз, ја одбележаа 2023-та со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб, итн.), како и издавање на долгоочекуваниот албум “Никогаш Пак” на 31 март 2023 кој резултираше со два распродадени концерти во Скопје во Младинскиот Културен Центар. Нумерите на албумот во рекордно време се позиционираа на најрелевантните топ листи, разгорувајќи го медиумскиот интерес на Балканот. Funk Shui ја започнуваат 2024-та со нов видео спот за песната “Никогаш пак”, издаден денес на 25-ти јануари во 12 часот на YouTube каналот на Funk Shui. “Спотот е снимен низ локациите кои ги искористивме за осознавање и оформување на сами себе во младоста, кои ги осеќаме како дома, можеби повеќе од сопствените тогашни домови. Обидот е да се долови бруталистичката архитектура, потписот на нашето родно место и симболот на солидарноста и давањето, начинот на кој ние го разбирам и сфаќаме Скопје и нешто што можеби се третира и во текстуалноста на оваа песничка. Оддаваме почит кон Скопје заедно со Владислав Гавриловски, визуелниот резидент и камерманско/режисерскиот ум на оваа бетонска градина од спот. Песната е балада за превртливата врска помеѓу писателот и Скопје и неколку скопјани. Сите други писателот ги сака и ќе биде тука за нив, како 78те земји кои беа тука за Скопје по земјотресот во 1963-та”, велат од Funk Shui. Видео записот е на Владислав Гавриловски. Музиката и текстот се на Funk Shui, а аудио продукцијата повторно на Бен Милчев. Синглот “Никогаш пак”, како и истоимениот албум е достапен на сите дигитални платформи за слободно преслушување и се наоѓа на повеќе од 150 дигитални музички продавници. ]]>

„Funk Shui“ со концертна промоција на албумот “Никогаш Пак” во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/funk-shui-so-kontsertna-promotsija-na-albumot-nikogash-pak-vo-mkts/ Mon, 06 Mar 2023 13:53:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291977

„Четири години и неколку турнеи низ Европа и Балканот подоцна, особено ни е драго да Ви го најавиме нашиот самостоен концерт дома, во Скопје, во Денсинг Салата на  МКЦ, кој е истовремено и промоција на нашиот трет албум “Никогаш Пак” - порачуваат члновите на бендот. „Спремаме свеж концертен лик на 'Фанк Шуи' во траење од најмалку час и половина во кој, покрај селекција од минати изданија, возбудени сме и за прв пат во целост да го отсвириме новиот албум.Албумот излегува на 31 Март - worldwide. Работен на „три континенти (САД, Европа и Македонија)“, а се состои од 11 песни, меѓу кои и “Метеори”, “Ветер”, “Не Време” и “Крик”. По речиси 4 години низ невремиња, излегуваме со нешто ново – подготвено исклучително внимателно и со многу љубов. Наскоро ќе објавувиме кои ќе бидат наши концертни гости“! Билети за концертот во претпродажба од  7-ми март во 10 часот наутро, онлајн на www.bileti.mkc.mkwww.bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на МКЦ. Првите 100 билети - по цена од 100 ден помалку од вистинската, останатите за 100 ден. поскапи се до денот на концертот кога цента ќе биде уште за 100 ден повисока. Инаку на концертот ќе се продава буклет од албумот во специјално издание, како и нов најразличен merch во лимитиран тираж. (TBA)]]>

„Funk Shui“ добија награда за „Best Fusion Video“ за 2020 https://arhiva.vistina.com.mk/funk-shui-dobija-nagrada-za-best-fusion-video-za-2020/ Mon, 26 Apr 2021 12:36:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200539

Регионалните награди на музички видеа „Adria Muzzik Video Awards“ ги претставија победниците за 2020 година, во 16 категории, во чи рамки „Funk Shui“ добија награда за „Best Fusion Video“ за 2020. Покрај признаниja, најдобрите беа наградени и со електрични гитари. Финалето на фестивалот се одржа во форма на две телевизиски емисии, кои се емитуваа во сабота и недела (24-ти април и 25-ти април).
Најдобро видео: „Buč Kesidi“ – „Tiho“ – Најдобро инди-видео: Barbara Munjas – „Gone Back“ – Најдобро хип-хоп видео: MC Sajsi – „Yugo dete“ – Најдобро рок видео: „Goblini“ – „Ti si taj“ – Најдобро поп видео : Nika Turković – „Gledaj me“ – Најдобро електро-денс видео: Ida Prester – „Minuta“ – Најдобро видео на нов изведувач: Lu Jakelić – „Sve o čemu sam šutjela“

– Најдобро фјужн видео: „Funk Shui“ – „Meteori“

– Најдобро видео со порака : Rambo Amdeus & Five Winnetus ft. GOGB – „Ukus pobjede“ – Најдобро анимирано видео: Marina Uzelac за спотот Nebo“ на група „Seine“ – Награда за камера: Vladimir Djurić за спотот Mrak“ на „Šajzebiterlemon“ – Награда за режија: Maja Uzelac за спотот „Šansa“ на Ida Prester – Награда за монтажа, специјални ефекти и постпродукција: Irfan Avdić  за спотот „Glas“ на групата „Helem Nejse“ -Награда за кореографија: Dejan Kolarov, за спотот на групата „Artan Lili“ – „Na mišiće“ – Награда за арт дирекција: Rino Barbir за спотот „Pasta italiana“ – Vojko V feat. Krešo Bengalka & Tonči Huljić – Награда за главна улога: Anja Polić  од спотот на „Z++“ – „Ljeto je već gotovo“
Фестивалот  ја претстави продукцијата на  музички видеа, објавени во периодот од 1-ви јануари 2018 година до 31-ви декември 2020 година. Повеќе од 3.000 спотови (од 28 градови во Србија и поранешна Југославија) ​​беа пријавени за фестивалот, од кои жирито за избор на фестивалот (составено од 25 релевантни личности) ги номинираше десетте најдобри во 16 категории.]]>

FUNK SHUI ексклузивци на Авалон продукција https://arhiva.vistina.com.mk/funk-shui-ekskluzivci-na-avalon-produkcija/ Wed, 01 Nov 2017 14:51:58 +0000 http://vistina.mk/?p=2353

Авалон информира дека започнува соработка со македонскиот бенд FUNK SHUI.

Оваа соработка е во рамките на јубилејот- 25 години од постоењето на Авалон Продукција како најголем музички бренд во Македонија и на Балканот, се` со цел за да им дадеме и поддршка на македонските музички артисти.

Во периодот што следува, Авалон Продукција ќе биде извршен продуцент, односно издавач, промотер и букинг-агент на FUNK SHUI.

]]>