фрижидер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Sep 2023 10:04:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фрижидер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новинарот и водител на ТВ Алфа Драган Милосављевиќ се пофали дека е „алфа и омега“ и за по дома: E aj сега… „не го земај за маж, ако можеш“! https://arhiva.vistina.com.mk/novinarot-i-voditel-na-tv-alfa-dragan-milosavlevik-se-pofali-deka-e-alfa-i-omega-i-za-po-doma-e-aj-sega-ne-go-zemaj-za-mazh-ako-mozhesh/ Thu, 28 Sep 2023 10:04:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320126

Него го гледате секоја вечер на телевизија... Секој работен ден, навечер на ТВ Алфа во политичкото ток шоу „Заспиј ако можеш“ ... Некои  со него и неговиот колега Горан Момировски дури слатко и заспиваат, други сон не ги фаќа од нивните прозивки, трети сонуваат да бидат на нивно место... Зависи... Кој какви соништа има во животот! Новинарот и водител на ТВ Алфа, Драган Милосављевиќ се пофали дека не го бива само за на телевизија. Симпатичниот „буцко“ деновиве на својот Фејсбук обзнани дека е „алфа и омега“ и за по дома! Добро, „домашното“ оддамна „го има напишано“, тоа е барем евидентно по најубавото семејно наследство кое го има, арно ама  во бракот освен „брачните“ има и мноштво други обврски, кои човек мора или не мора да ги исполни. Зависи кого колку и за што се' го бива!   А Драган  како старо мајсториште покажа дека „го бива“ ако не друго, барем да смени рачка на фрижидерот! Оти тешко се купува  нов  со новинарска плата, а и чувството по мајсторлукот е  како да си сменил цевка на платформа за нафта! И не само тоа, зашто самодовербата расте до плафон и е толку голема, што во најблиска иднина на ред се и ролетните, а и кречење на ходникот пред влезната врата. Макар поликолорот го купил и од своја плата! И ајде после да те видам „не го земај за маж, ако можеш“? Конечно, Драган е убеден дека кога Венди (како што ја вика сопругата Весна) го зела за сопруг дечкото, исто како да и паднала премија на лото! Па од сега може да очекува потсетување кој е и што е и по дома, со следниот стих од познатата српска турбо-фолк песна: „Што ме сада тражиш поред њих толико, где си била кад сам био нико“? И можеби вредниот мајстор не е далеку од вистината, иако преголемата самодоверба лесно може да се одрази на нејзината доверба, ако „мајсторот“ со самобендисаноста ја претера... Па да не се пее потоа рефренот од еден друг познат српски турбо-фолк класик, кој отприлика оди вака: „Отишла си преко прага и однела дете, а ја сам сузама лепио тапете“!? Фото: Фејсбук/Dragan Milosavljevic/Vesna Jadroska Milosavljevic  ]]>

Највоздушестите палачинки: Се прават брзо и лесно, а може да останат во фрижидер до 4 дена https://arhiva.vistina.com.mk/najvozdushestite-palachinki-se-pravat-brzo-i-lesno-a-mozhe-da-ostanat-vo-frizhider-do-4-dena/ Thu, 15 Jun 2023 12:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306416

Кога е време за појадок или вечера, понекогаш ни е тешко да подготвиме нешто ново што е вкусно и пред се лесно и брзо се подготвува. Токму такви се овие палачинки без капка млеко, кои ќе ги направите за пет минути. Наместо млеко, се користи вода, а резултатот се највоздушните палачинки што ќе ги пробате. Состојки: 1 и 1/2 чаши вода 1/2 чаша масло или 1/2 чаша стопен, топол путер 2 големи јајца 2 лажички екстракт од ванила 2 1/4 чаши + 2 лажици брашно 1/4 чаша шеќер 3 лажици прашок за пециво 1 лажичка сол Подготовка: Во поголем сад измешајте ги водата, маслото, јајцата и ванилата. Потоа во среден сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Сувите состојки се додаваат на влажните и се меша додека не се добие хомогена смеса. Не мешајте премногу или нема да биде воздушеста смесата. Загрејте малку масло во тава и пржете ги палачинките додека не почнат да се појавуваат меурчиња под површината, за што ќе бидат потребни околу две до три минути. Превртете ја палачинката и пржете уште 2-3 минути. Послужете веднаш. Кога ќе се изладат, ставете ги во фрижидер каде што можете да ги чувате до 4 дена или да ги замрзнете (може да траат и до 3 месеци). Извор: Курир.мк]]>

Корисни совети: Еве што треба да направите со месото пред да го ставите во фрижидер https://arhiva.vistina.com.mk/korisni-soveti-eve-shto-treba-da-napravite-so-mesoto-pred-da-go-stavite-vo-frizhider/ Tue, 13 Jun 2023 12:23:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306131

Според Центрите за контрола и превенција на болести, еве што треба секогаш да правите пред да го ставите месото во фрижидер. Исечете го на големи парчиња Големите парчиња месо, како што се целите мисирки, треба да се исечат на помали парчиња пред да се стават во фрижидер. Не сакаме нашето месо да биде грубо и да зафаќа премногу простор во фрижидерот, нели? Изладете го брзо Остатокот од месото треба брзо да се излади за да се спречи растот на бактериите. Според ЦДЦ, чувајте ги во фрижидер на четири и пол степени или поладно и во рок од два часа по готвењето. Ако храната била изложена на температури над 32 степени, изладете ја во рок од еден час. Побрзото ладење значи помалку време бактериите да направат хаос! Внимавајте со рокот на употреба Вареното месо не може вечно да се чува во фрижидер. USDA вели дека зготвената сланина или колбас може безбедно да се чуваат во фрижидер до една недела, додека другото варено месо или живина ќе траат три до четири дена. После тоа, ќе мора да најдете друг дом за вашето месо, бидејќи и најхраброто месо има свои граници. Внимавајте на ризичната група Обрнете внимание на одредени групи на луѓе кои се изложени на поголем ризик од потешки болести предизвикани од бактерии. Децата под 5 години, возрасните над 65 години, лицата со ослабен имунолошки систем и бремените жени се особено ранливи. Запомнете, следењето на овие совети ќе ви помогне да го одржите вашето месо безбедно и да ги спречите несаканите бактериски посетители. Извор: Курир.мк]]>

Зошто треба да ставите салфетки во фрижидерот? Трик кој ќе ве воодушеви и ќе ви ги заштеди парите https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-treba-da-stavite-salfetki-vo-frizhiderot-trik-koj-ke-ve-voodushevi-i-ke-vi-gi-zashtedi-parite/ Wed, 03 May 2023 09:31:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300404

Во секоја кујна можете да најдете хартиени салфетки и хартија кои се многу корисни и за бришење и кога станува збор за пржење, каде што можат ефикасно да го апсорбираат вишокот масло. Сепак, поискусните домаќинки знаат и за друг трик. Доколку сакате да ја продолжите свежината на зеленчукот, во тоа ќе ви помогне хартијата. Се што треба да направите е да ја обложите фиоката која е наменета за чување овошје и зеленчук со кујнска хартија или салфетки. Потоа ставете ги свежите состојки во него. А ако зеленчукот го чувате во пластични кеси за складирање, доволно е внатре да ја вметнете. Зошто? Имено, храната како овошјето и зеленчукот со текот на времето испушта вода која нема каде да оди во затворено пакување и фиоки. Затоа хартијата се користи за собирање на вишокот на влага и забавување на процесот на гниење. Единственото нешто што треба да го имате на ум е дека треба редовно да се менува. Извор: Курир.мк]]>

Работи кои според фенг шуи не треба да ги чувате на фрижидерот: Ќе привлечат негативна енергија и финансиски проблеми https://arhiva.vistina.com.mk/raboti-koi-spored-feng-shui-ne-treba-da-gi-chuvate-na-frizhiderot-ke-privlechat-negativna-energija-i-finansiski-problemi/ Wed, 26 Apr 2023 10:39:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299515

Експертите за фенг шуи предупредуваат кои предмети не треба да ги чувате во фрижидер. Во фенг шуи, секој детал е важен и поврзан со протокот на енергија. Кујната е особено важно место за одредување на слободниот проток на позитивна чи енергија низ домот, но и како место во куќата кое најмногу се поврзува со изобилството. Централното место на секоја кујна е фрижидерот во кој ја чуваме храната. Кога станува збор за фенг шуи, фрижидерот припаѓа на елементот метал. Едно од најважните правила во фенг шуи поврзано со фрижидерот е да не ставате други апарати како микробранова печка на него. Исто така, иако се важни за естетиката, не се препорачува чување зелени растенија на фрижидерот, ниту украси поврзани со елементот дрво. Овие орнаменти предизвикуваат судир на елементите помеѓу дрвото и металот, што доведува до истекување на богатството. Натрупувањето работи е лошо за акумулирање богатство. Затоа, чувајте го горниот дел од фрижидерот чист и уреден. Она што особено треба да го избегнувате, според експертите за фенг шуи, е да ги редите месечните сметки на фрижидерот, бидејќи тоа симболизира губење пари. Од друга страна, идеално е да поставите завршени цели, потсетници, награди и достигнувања на фрижидерот, како еден од централните елементи на секое домаќинство. Освен што е неопходно за здравјето, одржувањето на фрижидерот чист влијае и на енергијата во просторот. Секој неред е поврзано со негативни вибрации, особено кога владее таму каде што стои храната што е важна за вашето здравје и витална енергија. Фрижидерот е тесно поврзан со исхраната на семејството. Значи, ако во него има многу храна, тоа симболизира изобилство, а спротивното: ако фрижидерот е празен, тоа укажува на лоша ситуација. Погрижете се вашиот фрижидер да биде полн со оброци кои се направени со љубов за вашите најблиски и што е најважно, одржувајте го чист. Извор: Курир.мк]]>

Еден мал несмотрен детал го издал Пике дека ја изневерува Шакира: Вистината се крие во фрижидерот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eden-mal-nesmotren-detal-go-izdal-pike-deka-ja-izneveruva-shakira-vistinata-se-krie-vo-frizhiderot-foto/ Tue, 17 Jan 2023 10:49:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284578

По сите будалаштини што се случија и сиот валкан веш кој излезе на виделина,  се чека да се види кој е следниот потег на огорчениот поранешен пар Шакира - Пике? Во меѓувреме се' уште се зборува за тоа како Шакира дознала дека е изневерувана. Се пишуваше дека Колумбијката најмила детектив да го следи Жерар Пике и да најде докази за неговото неверство, а се шпекулираше дека го нашла својот љубовник во кревет со младата студентка и водителка. Меѓутоа, неодамна беше откриено дека сè започнало сосема поинаку... Со - една тегла џем.   Според шпанските медиуми, по едно од многуте работни патувања, Шакира дошла дома и сакала да се заслади со џем. Инаку, таа многу го сака овој овошен намаз, кој Пике никогаш не го јадел. И кога пејачката го отворила фрижидерот, видела дека некој и го изел џемот! Тогаш и станало јасно дека во куќата и доаѓа друга жена. Згора на тоа, веднаш по раскинувањето со Пике, Шакира се осврна на тој момент во спотот за песната Te Felicito, кога ја гледаме како го отвора фрижидерот и ја здогледува главата на Ро Алехандро со кој ја сними оваа песна. Во едно интервју, новинарот подоцна ја прашал Шакира што бара таа кога го отвори фрижидерот, а таа му одговорила: „Вистината“! Фото: Инстаграм принтскрин/shakira/Јутјуб/Te Felicito
]]>

Намирници кои не треба да ги чувате во фрижидер https://arhiva.vistina.com.mk/namirnici-koi-ne-treba-da-gi-chuvate-vo-frizider/ Tue, 06 Dec 2022 13:35:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278917

На пример, доматите може да го изгубат својот полн вкус бидејќи студениот воздух го запира процесот на зреење. Затоа најдобро би било овој зеленчук да се чува на собна температура. Исто така, избегнувајте да го чувате лукот во фрижидер бидејќи со текот на времето ќе почне да никнува и ќе стане гумен. Затоа чувајте го на суво и помалку ладно место. Лоша идеја е да се чуваат компирите во фрижидер – студениот воздух го претвора скробот во шеќер, поради што овој зеленчук добива сладок вкус. Како и лукот, компирот е подобро да се чува на помалку ладно и темно место. Избегнувајте да го чувате медот во фрижидер, за да не се кристализира шеќерот. Чувајте го на собна температура, бидејќи еден интересен факт е што оваа слатка намирница нема рок на траење. Маслиновото масло во фрижидер го менува својот состав и станува многу густо, па затоа треба да го чувате на темно и не толку ладно место. извор:попара.мк]]>

Дознајте зошто млекото не треба да го чувате на вратата од фрижидерот https://arhiva.vistina.com.mk/doznajte-zoshto-mlekoto-ne-treba-da-go-chuvate-na-vratata-od-friziderot/ Tue, 04 Oct 2022 12:29:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270031

Температурата во фрижидерот може повремено да биде непостојана и да варира од место до место. Внатрешноста на фрижидерот има потопли и постудени делови, а сето тоа одредува колку долго ќе трае храната. Отворено пакување млеко се чува во фрижидер, но никако не би смееле да го чувате на вратата. Тоа е најтоплиот дел од фрижидерот. Имено, секој пат кога ќе ја отворите вратата од фрижидерот, доаѓа до промена на температурата, а зголемената температура може да го забрза процесот на расипување на храната особено ако се работи за млеко. Иако тетрапак пакувањата се идеални за да се чуваат на вратата од фрижидеротм честите измени на температурата може да доведе млекото побрзо да се расипе. Колку млекото е подолго изложено на топлина, толку побрзо се развиваат бактериите. За да ви трае млекото подолго, чувајте го на средните или најдолните полици. Топлиот воздух се крева нагоре, па со тоа и горните полици може да бидат потопли од долните. Во делот на вратата може да чувате производи кои помалку се расипуваат како на пример кечап, разни преливи за салата, џемови, пијалаци.

Зошто лубеницата не треба да се чува во фрижидер? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-lubenicata-ne-treba-da-se-chuva-vo-frizider/ Fri, 15 Jul 2022 12:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258853

Најдобра опција да се освежите во летните денови секако е лубеницата, особено бидејќи содржи 922 проценти вода. Можете да ја јадете свежа, да ја додадете во овошна салата… Лубеницата е здрава бидејќи е богата со антиоксиданси, а истражувања покажале и дека содржи антиканцерогени состојки, го подобрува здравјето на срцето и го намалува воспалувањето и стресот. Нејзината тежина може да се земе за мана, па оттука за многумина проблем претставува чувањето. Она што треба да го знаете е дека со чување во фрижидер, лубеницата губи некои од добрите состојки. Повеќе истражувања покажале дека лубеницата која е на собна температура има повеќе хранливи состојки од онаа што се чува во фрижидер за да биде оладена. Низ 14 дневни тестови на разни водиво лубеници, потврдени е дека лубениците кои биле чуваните на температура од 21 степен биде во најголема нутритивна вредност. Останатите температури биле 12 и 5 степени. Утврдено е и дека лубеницата по берењето продолжува да произведува хранливи состојки. Ладењето само го забавува тој процес.]]>

По танга кај него во кујна: Соработници, во сериозна врска или само во шема „за онака“, ДЈ Боно на Кристина Димитри и порача што сака… да му прави! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-tanga-kaj-nego-vo-kujna-sorabotnici-vo-seriozna-vrska-ili-samo-vo-shema-za-onaka-dj-bono-na-kristina-dimitri-i-poracha-shto-saka-da-mu-pravi-foto/ Wed, 02 Feb 2022 09:16:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237205

Манекенката, модел, мисица, пејачка... Кристина Димитри(евска) одново ги „запали“ социјалните мрежи со најновиот сет фотографии на кои е сликана по теркот на регионалните и светските старлети. Ана Кораќ, Сораја, Станија... можат вода да и носат во однос на тоа колку Кристина за македонскуи услови се појавува разголена. Овој пат сексапилната тетовска убавица акцентот го ставила на својата извајана задница, која онака разголена само по танга, ја прошетала по туѓа кујна. Повеќе порочна, отколку очајна домаќинка, еротскиот едиторијал од кујната на атрактивната тетовчанка само ја зголеми возбудата, а и желбата кај нејзината „гладна публика“, особено онаа машката, зашто ваква  секси убавица покрај фрижидерот, во секој од нив дополнително го „разбуди ѕверот“ . Особено откако Кристина јавно ги праша: „Дали сте гладни?“  одговорите во вид на коментари се нижеа како кулинарски рецепти покрај фотографиите на „разголената готвачка“. Меѓу останатите и оној на ДЈј Боно, со кого Кристина однеодамна почна настапува по кафулињата и ноќните клубови низ Македонија. „Во цела куќа ми се сликаш“, ѝ напиша тој, а манекенката му возврати: „По цел ден кога сум со тебе, немам избор“ . Нивната конверзација уште повеќе ја подгреа целата ситуација околу сомнежите и озборувања дека тие двајца се повеќе од само соработници, па одново тргнаа нагаѓањата да ли се и љубовници? [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitrievska-raskomotena-na-intimna-duzba-so-dj-bono-koj-prvo-ja-gushkashe-pa-ja-prasha-imash-dechko-foto/[/embed]   Соработници, во сериозна врска или само во шема „за онака“, ДЈ Боно на Кристина Димитри и порача што од неа сака... да му прави! Впрочем, кој не би сакал, иако многумина од Кристина би посакале и нешто повеќе од тоа, кога веќе по дома ти се шета како „разголен цимер“... Да ги измие чиниите, на пример? Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry/dj.bono.mp3]]>