фрида – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 13:49:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фрида – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Фрида“ – хор на распеаните жени со големи срца https://arhiva.vistina.com.mk/frida-hor-na-raspeanite-zheni-so-golemi-srtsa/ Tue, 02 Jan 2024 13:49:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333367

Во овие празнични денови  распеаното женско друштво, хорот- Фрида, имаше прво јавно претставување од затворен тип: беше тоа топла емотивна вечер преполна со магична женска енергија. И зад и во сета таа музичка и емотивна сказна која ќе трае, раскажува Сузана Турунџиева. – На овој наш настап гостинката ни беше Дени Жерновска, мојата Фрида- која непрестано ме потсетува на најважните животни вредности, а на клавир не придружуваше маестро Огнен Стаматоски… Патем, Фрида е моја дамнешна желба, потајно од секогаш многу сакав да имам женски бенд, ама не мислев дека ќе порасне во хор и затоа знам дека нејзиното раѓање е кармички предодредено- раскажува Сузе. Првичната замисла беше многу поинаква, со Андријана Јаневска, со која соработуваме повремено имавме идеја да формираме детско хорче и распишавме оглас за аудиција. Се јавија малку деца, наспроти- многу жени, кои беа желни за песна и дружење. И, бидејќи во училиштето на Андријана немаше услови за возрасни, решив оваа приказна да ја започнам на друго место, следејќи ги знаците на Универзумот. “ Решено- сторено. Сузе најде и изнајми простор и веднаш почнаа со пробите. За кратко време бројот на распеаните жени се зголеми, а со тоа и ентузијазмот растеше. – Сите пеат со блесок во очите и радост во срцата! И покрај тоа што се аматери, брзо ги усвојуваат текстовите и ги примаат сите мои насоки, особено за детали околу вокалната техника. Репертоарот е безвременски: од обработки на стари и познати евергрини, до госпел музика, латино и македонски евергрини… Тие уживаат, а јас уште повеќе додека ги гледам и слушам, заврши Сузе. Плановите за настапи се секој втор месец, на различна тема. Сега Фрида работи на познати љубовни теми, за празникот на виното и љубовта. Каде ќе се одржи настанот, зависи од тоа колку нови членови ќе се регрутираат, бидејќи интересот е навистина огромен.]]>

Здравко Чолиќ по долги години призна дека имал блиц романса со оваа светски позната пејачка: Чола бил кај Фрида од АББА на тродневен интимен викенд!? https://arhiva.vistina.com.mk/zdravko-cholikj-po-dolgi-godini-prizna-deka-imal-blic-romansa-so-ovaa-svetski-poznata-pejachka-chola-bil-kaj-frida-od-abba-na-trodneven-intimen-vikend/ Fri, 17 Sep 2021 09:46:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219515

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите балкански sвезди, но и пејач кој со својата појава и харизма ги полуде жените ширум светот. Пејачот е во хармоничен брак повеќе од 20 години и има две големи ќерки. Меѓутоа, во 1997 година, Чолиќ ги шокираше сите со тоа што призна дека бил заведен од Анифрид  Фрида Лингштад, една од пејачките на мегапопуларната група „АББА“ и во таа прилика ги раскажал сите детали од нивната блиц врска. Се' се случило кога Чолиќ ја претставувал Југославија на Евровизија во 1973 година со песната „Гори ватра“, а Фрида  истата година ќе му биде придружен вокал на на тогашниот шведски претставник. АББА се случува потоа. Тогаш дошло до споменатата средба што потоа прераснала во љубовно-еротска романса, поради што Чола за малку ќе задоцнел на евровизискиот настап. „Се сретнав со Фрида од АББА на Евровизија. Потоа добив покана за викенд. Изгледаше ветувачки, но по  тие три дена идила се почувствував искористен како инстант супа. Ќе ја зготвиш за пет минути, ќе изедеш додека е жешка и тоа е тоа. А имаше се' што треба: Брвнара, камин на дрва, свеќи и цвеќиња, карирани завеси и чаршафи, печената риба во фолија со бадеми и етерични масла ... Но, онаа вистинската, единствена, луда страст што се случува помеѓу маж и жена, изостана. Немаше спонтаност, така што се изгледаше како да закажете договорен тренинг за двајца во теретана“ - раскажа своевремено Чола. Фото: Инстаграм принтскрин/abba/zdravkocolicofficial/Profimedia ]]>