Франкенштајн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Jul 2023 12:38:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Франкенштајн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Премиера на „Франкенштајн“ во ТДМ: Кој создава чудовишта во секојдневието? https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-frankenshtajn-vo-tdm-koj-sozdava-chudovishta-vo-sekojdnevieto/ Thu, 06 Jul 2023 12:38:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309297

Кој создава чудовишта во секојдневието и како не се прифаќа нешто поинакво, е темата на младинската претстава „Франкенштајн“ во Театарот за деца и младинци (ТДМ) чија премиера е закажана денеска, на 6 јули, во 20 часот. Претставата работена по мотиви од романот „Франкенштајн“ на Мери Шели, е во режија на Кокан Младеновиќ и претставува едно модерно читање на романот. „Претставата се занимава со темата на создавањето чудовишта во секојдневието и општото неприфаќање на инаквиот во светот во кој живееме. Оваа претстава се обидува да одговори на прашањата за тоа како се случуваат девијациите во однесувањето на луѓето и од што истите се предизивикани. Дали секоја акција е реакција, и дали се раѓаме со перцепција за тоа што е исправно/ добро/ прифатено/ правилно, или пак тоа е нешто стекнато, она на што не учи мнозинството. И секако, на крајот ова е претстава за стравот, за тоа дека стравовите ни ги всадуваат уште од најраното детство и потоа, обидувајќи се да се одбраниме од тие стравови реагираме на начин на кој создаваме чудовишта од себе си и од другите околу нас“ - ќе рече Драгана Лукан Николовски, еден од драматурзите на претставата, заедно со Димитрије Коканов. Играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска. Текстот за претставата е на Кокан Младеновиќ, Драгана Лукан Николоски, Димитриjе Коканов, Наковски, Јанковска, Димитрова, Спировска, Петровиќ, Кирковски и Митевски. Сценографијата е на Кирил Василев, костимографка е Александра Пециќ Младеновиќ, композитор Лука Кантарџиев, а текстот за музиката е на Никола Ристески и целата актерска екипа. Кореографка на претставата е Олга Панго, а фотографијата и дизајнот на плакат и брошура ги потпишуваат Соња Ставрова Кирковски и Марија Мишева.]]>