француски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Jul 2022 06:51:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png француски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џони Деп во нова љубовна романса?! Но, фановите незадоволни од неговиот избор, прашаа: „Зошто шета со оваа црвенокоса тетка? https://arhiva.vistina.com.mk/dzoni-dep-vo-nova-ljubovna-romansa-no-fanovite-nezadovolni-od-negoviot-izbor-prashaa-zoshto-sheta-so-ovaa-crvenokosa-tetka/ Wed, 20 Jul 2022 06:51:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259314

Џони Деп се фотографираше со мистериозна црвенокоса девојка, по што дојде до „колапс“ на социјалните мрежи, а потоа беше откриено која е таа. Џони Деп беше во центарот на вниманието за време на судењето на поранешната сопруга Амер Херд, која ја тужеше поради напис од 2018 година што таа го напиша за Вашингтон пост. Во написот таа тврдела дека била жртва на семејно малтретирање, но никаде не го спомнала името на актерот. Поротата ја донесе пресудата во корист на Џони, а Амер поднесе жалба. Драмата околу судењето на поранешните сопружници барем засега стивна, а Деп се фотографираше со црвенокосата млада девојка за која сите мислеа дека е неговата нова избраничка. Двајцата беа „фатени“ во неделата кога пристигнаа заедно во Италија, каде Џони ќе настапи со легендарниот гитарист Џеф Бек, а на мрежите настана хаос меѓу обожавателите на актерот кои изгледаа дека не ја сакаат девојката и се прашуваа „зошто оди со црвенокоса тетка“. Сепак, сите можат да здивнат, бидејќи во прашање е наставничката по француски на Џони која му помага да го усоврши јазикот за претстојниот филм „Жан ду Бари“ во кој ќе се појави актерот, а нивната врска е чисто професионална. Филмот е заснован на вистинска приказна, а во фокусот на заплетот е ќерката на шивачката која во 18 век станала последната љубовница на Луј XV. На Деп му била доделена главната улога на кралот и ова е негов прв филм во последните три години. Фото:Принтскрин/Профимедиа/Твитер/Јутјуб]]>

Тијана Дапчевиќ си поигра со својот француски, по теркот на „странскиот вокабулар“ на премиерот… на овој нашиов, секако! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-dapchevikj-si-poigra-so-svojot-francuski-po-terkot-na-stranskiot-vokabular-na-premierot-na-ovoj-nashiov-sekako-foto/ Wed, 17 Feb 2021 07:59:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190002

Откако вакцините и вакцинацијата во Македонија станаа историја, на јавноста и остана среде мака само „да се забавува“  со вокабуларот на премиерот кој прерасна во трагикомедија. За „ваксајнсо“ нема кој не слушна и не рабра, па прочуената фраза стана дури и секојдневна „узречица“ на народот. Откако луѓето сфатија дека не се толку несериозни ветувањата на власта да ги  сфаќаат сериозно, колку и да е ситуацијата сериозна, народот  работата  со „ваксинајсо“ си ја сврте на мајтап. Иако не живее во Македонија, дури од Белград се јави и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ, која на со пример покажа дека на „популарниот странски изговор со муртински нагласок“  му се најде широка примена. Особено при изучувањето на странските јазици. До душа, можеби случајно и се поклопија работите, ама сепак... Имено, Тијана сподели на социјалните мрежи дека деновиве учи француски! За германски видовме дека е експерт во „Преспав“, каде фрау Ула перфектно го совладала „дојче шпрехе“, ама францускиот? Заради некоја нова улога, песна или чисто онака, за себе, за збогатување на своите говорно-јазични можности, зашто како што велат: Колку повеќе јазици знае, толку човек е побогат“! Или можеби нејзиниот син Вук тргнува на нов курс? Сеедно, едно е сигурно: Тијана се обиде „да пролафе, разбираш“ по некој збор на француски, па во старт се соочи со тешкотии... Арно ама кога на ум и падна „генијалноста на странскиот изговор во вокабуларот“ на премиероот, овој нашиов секако, веднаш и стана полесно... И падна камен од срце... Па, ако може премиерот -„ваксајнс“ може и Тијана - „францаис“!  Ама само ако го читате онака как0 што напишала. По Вук... Караџиќ, се рабира! Français или „ваксајнс“? Тијана по се' изгледа го има има вистинскиот изговор, пардон, вистинскиот одговор: Фото: Инстаграм принтскрин/tijana.dapcevic    ]]>

Кралски колач – десерт кој го обожуваат Французинките https://arhiva.vistina.com.mk/kralski-kolach-desert-koj-go-obozuvaat-francuzinkite/ Tue, 28 Jan 2020 14:01:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131455

Во Франција, на 6-ти јануари секоја година традиционално се јаде “La Galette Des Rois” или кралски колач. Станува збор за вкусен десерт од лиснато тесто полнето со ароматизирана паста од бадеми, а како да го приготвите дома, дознајте од рецептот во продолжение: Состојки за колач за 10 лица: - 450 гр. готово лиснато тесто (поделено на две парчиња) За фил: - 100 гр. бадемово брашно - 100 гр. шеќер - прстофат сол - кора од половина портокал - 100 гр. путер (на собна температура) - 2 јајца - 2 чајни лажички рум - 1/8 чајна лажичка екстракт од бадем За глазура: - 1 жолчка - 1 лажица млеко Начин на припрема: 1. Во сад измешајте го бадемовото брашно, шеќерот, солта и изренданата кора од портокал. 2. Додадете го омекнатиот путер и миксирајте сè додека не добиете хомогена смеса. 3. Во смесата додадете ги јајцата, румот и екстрактот од бадем. Покријте ја смесата и ставете ја во фрижидер. 4. На набрашнета површина развлечете го тестото во два круга со дијаметар од околу 25 центиметри. За тоа ќе ви помогне калап за колачи, а можете да се послужите и со поклопец од некој сад. 5. Секое парче лиснато тесто ставете го на хартија за печење и вратете го во фрижидер на половина час. Кога готвите со готово лиснато тесто, важно е да бидете брзи за тоа да не почне да се топи и да ви ја отежни работата – чувајте го едното парче во фрижидерот додека ракувате со другото. 6. Премачкајте го филот преку средината на лиснатото тесто и преклопете го со другото парче тесто. Важно е да оставите околу три центриметри место на работ на колачот кое нема да го премачкате со фил, за потоа добро да ги залепите рабовите за да не истече во текот на печењето. 7. Вака припремениот колач вратете го уште половина час во фрижидер. 8. Премачкајте го колачот со смеса од жолчки и млеко и со вилушка втиснете ги рабовите на колачот. Направете неколку дупчиња на врвот за пареата да може да излегува во текот на печењето. 9. Вака подготвеното тесто ставете го во претходно загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 30 минути, додека тестото не потемни по рабовите и на врвот. Послужете го колачот додека е топол. извор:точка.ком.мк]]>