франција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Nov 2023 10:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png франција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домаќинот Франција повторно победи на детскиот Евросонг: Тамара Грујеска и покрај моќната изведба и импресивниот настап заврши на 12-тото место (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domakinot-frantsija-povtorno-pobedi-na-detskiot-evrosong-tamara-grujeska-i-pokraj-moknata-izvedba-i-impresivniot-nastap-zavrshi-na-12-toto-mesto-video/ Mon, 27 Nov 2023 10:18:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328671

Веројатно најпрестижното европско детско музичко натпреварувања Детскиот Евросонг, годинава се одржа викендов во Ница, Франција. Нашата претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ настапи шеста по ред и со својот моќен вокал ги воодушеви присутните и во салата и оние кои покрај ТВ екраните го следеа преносот. Со својот импресивен и сигурен настап, Тамара достојно ја претстави Македонија иако на крајот македонската претставничка  се пласираше само на 12-тото место. Првопласирана беше Франција, која втортпат по ред победи на ова детско музичкото натпреварување, а неа овојпат ја претставуваше Зое Клозир и песната „Coeur“(Срце). Зад неа, како второпласирана заврши Шпанија, додека трета е Ерменија. Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика и професионалните жирија, во сооднос 50:50 од вкупните поени. Предводничката на македонската делегација Дијана Гогова Атанасова од МРТ, се огласи на својот Фејсбук профил со заедничка фотографија и благодарност до целата екипа и сите останати кои помогнаа во реализиацијата, настапот на Тамара и учеството на Македонија на годинешниов Детески Евросонг 2023. Како изгледаше и звучеше настапот на Тамара, потстете се уште еднаш од видеото во продолжение: ]]>

Бред Пит почна да „старее наназад“: Обожавателите изненадени од тоа како изгледа познатиот актер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bred-pit-pochna-da-staree-nanazad-obozhavatelite-iznenadeni-od-toa-kako-izgleda-poznatiot-akter-foto/ Tue, 04 Jul 2023 06:37:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308720

Популарниот холивудски заводник и актер Бред Пит сними нова реклама минатата недела во Франција, а неговата појава предизвика вистинска врева во малото гратче.
Бред се појави во Франција во бела кошула и беж панталони кои ја следат линијата на телото. Имаше наочари за сонце, а фризурата му беше иста како порано - кратка и несредена руса коса. Обожавателите го фотографираа и забележаа актерот во гратчето Туртур на француската ривиера, а фотографиите и видеата се проширија на социјалните мрежи со брзина на светлината. Многумина пишуваат дека биле изненадени од тоа како изгледа познатиот актер.   - „Изгледа барем 20 години помладо“, „Како изгледа толку добро“, „Изгледа феноменално“, „Изгледа толку младо“, „Годините ништо не му можат“, „Кој му направи да изгледа толку добро “ – ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Некои пишуваа и дека Пит, како Бенџамин Батон, почнал да „старее наназад“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Aleph News (@alephnews)

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Твитер/Профимедиа]]>

Американскиот магазин „Travel + Leisure“ го прогласи ова село за најубаво на светот https://arhiva.vistina.com.mk/amerikanskiot-magazin-travel-leisure-go-proglasi-ova-selo-za-najubavo-na-svetot/ Mon, 03 Apr 2023 11:19:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296363

Американскиот туристички магазин „Travel + Leisure“ го прогласи малото живописно село Горд во Франција за најубаво на светот. Малото место со помалку од 2000 жители, кое е сместено на врв на карпа, на надморска височина од 340 метри, секоја година привлекува голем број посетители од целиот свет.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by kimberley (@bjr_kpic)

Средновековното село се истакнува со својата безвременска убавина и културното богатство. Поради својата убавина, Горд е честа локација за снимање филмови и ТВ емисии. Историјата на Горд датира уште од римското доба, но во текот на средниот век го попримил својот денешен изглед – тесни улици и премини, средновековен замок од кој се пружа поглед кон долината и камени куќи. Замокот бил изграден во 11-от век, а со текот на годините бил проширен и обновен. Изгледа импресивно, а од неговите кули и бедеми се пружа неверојатен поглед.
Во Горд се наоѓаат и неколку музеи, од кои најпознати се „Moulin des Bouillons“ кој ја следи историјата на руралниот живот во Прованс, и „Pol Mara“ кој е посветен на уметникот кој живеел токму во ова село. Љубителите на уметноста можат да посетат и уметнички галерии и занаетчиски работилници, како галеријата на уметницата Јохана Спинела. Во Горд често се одржуваат фестивали и разни настани во текот на годината, а најпознат е Фестивалот на тартуфите во февруари.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by B E N (@ben.lamotte)

Селото со текот на времето напредувало поради земјоделството. Секој турист треба да го посети пазарот кој се одржува секој вторник наутро. Таму можат да се пробаат и купат локални производи, ракотворби и сувенири. Горд е особено познат по производството на керамика.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @mylene_mai_artiste

View this post on Instagram
 
A post shared by Putni Kofer🧳 (@putni_kofer)

Извор: Точка]]>

Најстарото „точно време“ по 89 години заминува во историјата https://arhiva.vistina.com.mk/najstaroto-tochno-vreme-po-89-godini-zaminuva-vo-istorijata/ Fri, 01 Jul 2022 12:33:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256753

Франција, првата земја што воведе „гласовен часовник“ за информирање за точното време, ја исклучи услугата вчера на полноќ, по 89 години. Автоматската услуга „точно време“ е воведена 1933 година, со првиот автоматски гласовен часовник во опсерваторијата на Астрономски истражувачки центар во Париз… Пред да се воведе „гласовниот часовник“, вработените морале лично да одговараат на прашањата за точно време на телефоните на опсерваторијата. Точно 20 телефонски линии примале 140.000 повици, од кои само на 20.000 можело да се одговори поради тогашната технологија… Технологијата е подобрена со текот на времето, па од 1991 година, тоа било поврзано со атомскиот часовник во опсерваторијата и можело да продолжи да го прави тоа до 2085 година без никакви дополнителни влогови и трошоци. Државната француска телефонска компанија ја откажа услугата, која чинеше 1,50 евра по повик, бидејќи во ерата на паметни телефони и мноштвото други уреди, за неа нема веќе интерес. Телефонската услуга „точно време“, инаку, сѐ уште се нуди во други земји. Во Германија, на пр., според „Телеком Дојчланд“ овие повици сѐ уште се прилично популарни, особено во деновите кога времето се менува од летно во зимско и обратно.]]>

Грчкиот композитор Вангелис почина од компликации од корона вирус во Франција https://arhiva.vistina.com.mk/grchkiot-kompozitor-vangelis-pochina-od-komplikacii-od-korona-virus-vo-francija/ Sat, 21 May 2022 07:50:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251589

Грчките медиуми објавија дека композиторот Вангелис починал од компликации од корона вирус во Франција, пренесува Јутарњи лист. Грчкиот композитор, најпознат по музиката за филмовите „Истребувач“ (“Blade Runner”) и „Огнени кочии“, Вангелис Папатанасиу, познат како Вангелис, почина на 79-годишна возраст, објави вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Вангелис Папатанасиу не е повеќе маѓу нас, напиша на Твитер премиерот Мицотакис. Музичкиот свет го изгуби светскиот (уметник) Вангелис, додаде Мицотакис. Тој самоук музичар, пионер на електронската музика, пронаоѓаше инспирација во истражувањата на вселената, природата, футуристичката архитектура, Новиот завет и студентското движење од 1968 година. За музиката за филмот „Огнени кочии“ добитник е на Оскар, а автор е на композициите на бројни филмови на режисерите Коста Гаврас, Роман Полански, Оливер Стон итн. Грчките медиуми пишуваат дека Вангелис починал од коронавирус во Франција каде престојувал кога не бил во Лондон или Атина.]]>

Франција победи на детската Евровизија 2020 https://arhiva.vistina.com.mk/francija-pobedi-na-detskata-evrovizija-2020/ Mon, 30 Nov 2020 13:01:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178721

Претставничката на Франција, Валентина Тронел со песната „J’imagine“ („Си замислувам”), победи на меѓународниот натпревар за детска Песна на Евровизија 2020. Финалето се одржа вчера во Полска преку видео-конференциска врска. Според резултатите од гласањето на професионалното жири и публиката, песната доби 200 поени. Второто место го зазеде Казахстанката Каракат Башанова, а трет беше претставникот на Шпанија – Солеа. Во финалето на натпреварот учествуваа млади таленти од 12 земји: Русија, Белорусија, Франција, Грузија, Казахстан, Малта, Холандија, Србија, Шпанија, Украина, Полска и Германија. ]]>

Пријовиќ ужива во Франција: Првин ги распушти градите, а сега го покажа заносното тело во бикини (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prijovikj-uziva-vo-francija-prvin-gi-raspushti-gradite-a-sega-go-pokaza-zanosnoto-telo-vo-bikini-foto/ Wed, 29 Jul 2020 07:29:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161005

Целото семејство Живоиновиќ замина на одмор во Монако, од каде Лепа Брена постави видеа од луксузната јахта. Александра Пријовиќ најпрвин позираше во фустан со длабоко деколте.
 
View this post on Instagram
 
?

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandra__official) on

Александра сега на својот профил на Инстаграм објави нова фотографија и доби голем број комплименти. Пејачката се пофали со затегнатото тело и потемнетиот тен лежејќи во мини бикини од Келвин Клајн. Погледнете:
 
]]>

„Ги пушти на слобода“: Прија без градник ужива во летото заедно со сопругот во Франција (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/gi-pushti-na-sloboda-prija-bez-gradnik-uziva-vo-letoto-zaedno-so-soprugot-vo-francija-foto/ Tue, 28 Jul 2020 09:06:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160837

Александра Пријовиќ Живојиновиќ патувала со сопругот Филип надвор од Србија, поточно во Франција, од каде објави заводливо видео и фотографии на Инстаграм. Таа е снимена на терасата со поглед на морето, а носи фустан со длабоко деколте, под кое не носи градник.
 
View this post on Instagram
 
?

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandra__official) on

Нејзината коса е влажна, а многумина му завидуваат на Филип каква жена има до него.
 
„Нашата кралица“, „Вредиш милион“, се само неколку комплименти под фотографиите на Прија. Лето, високи температури, а таа секси, слободна и опуштена.]]>

Загина светската шампионка во качување откако падна од карпа висока 150 метри https://arhiva.vistina.com.mk/zagina-svetskata-shampionka-vo-kachuvanje-otkako-padna-od-karpa-visoka-150-metri/ Tue, 16 Jun 2020 12:06:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153987

16-годишната Луси  Дуади која беше една од најголемите таленти во качување, загина по пад од над 150 метри за време на тренинг. Дуади се качувала на карпа кај Гренобл кога се лизнала, паднала и починала на самото место, јавуваат француските медиуми. Точните околности за несреќата се' уште не се познати. Отворена е истрага. Луси Дуади важеше за иднината на качувањето. Откако стана млада светска шампионка таа се проба и во сениорска конкуренција. На 15 годишна возраст дебитираше на сениорско светско првенство и заврши како петта. Овој спорт со една дисциплина ќе дебитира на Олимписките игри во Токио, а Лус Дуади требаше да биде претставник на Франција.]]>

Дали вака ќе биде и на плажите во Грција? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-vaka-kje-bide-i-na-plazite-vo-grcija/ Mon, 25 May 2020 10:01:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151228

Социјалното дистанцирање на плажите ова лето ќе се применува низ сите плажи во светот. Многубројни летувалишта ширум светот морале да пронајдат начин како успешно да го остварат социјалното дистанцирање на плажите оваа година. Додека Италијанците имаа идеја за развивање лежалки од плексиглас и големи куполи од бамбуси, во Франција примениле едноставна варијанта. Плажите се заградени со јажиња, а фотографиите како тоа изгледа ги објавил некој корисник на групата на Фејсбук „Грција“, каде што ги прашал корисниците: „Дали вака ќе изгледаат и плажите во Грција оваа година?“. Сепак, и покрај тоа што станува збор за мерки на безбедност и превенција од смртоносниот вирус, на многумина не им се допаднала оваа идеја која што се применува во Франција. „Може сето тоа посуптилно и поубаво да се намести, ова изгледа глупаво“ – напишала некоја девојка во коментар. „Ова е глупост, па не седиме ние на плажите в прегратки еден со друг“ – мислење на некоја друга личност. „Сепак, кога малку подобро ќе погледнеш можеби и подобро е вака, барем на градските плажи да се избегне метежот“ – напишал трет корисник. Сепак, имало и онакви луѓе кои што изјавиле дека подобро е така да се ужива на плажа, отколку никако. Фотографиите од Франција настанати се на плажа во летувалиштето Grand Motte, на северот од земјата.