фото-споменар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Sep 2023 11:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фото-споменар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емотивен споменар за денот што го чекаме цела година: Лила вака му го честиташе роденденот на мажот на својот живот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotiven-spomenar-za-denot-sho-go-chekame-tsela-godina-lila-vaka-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-mazhot-na-svojot-zhivot-foto/ Sat, 30 Sep 2023 07:20:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319364

Најпознатата и најпопуларна македонска  ТВ водителка Лила Филиповска, постојано е актуелна во јавноста. Како на професионален план кога е во прашање квизот „Се' или нешто“ чија нова сезона започнува, така и во доменот на нејзината втора неофицијална професија - инфлуенсерството, како и за она што и се случува на приватен план. За Лила се знае речиси се', бидејќи таа не е меѓу оние „ултра резервираните од затворена природа“,  туку напротив, многу нешта јавно споделува на социјалните мрежи. Меѓу другото и  љубовта, но никако кога се во прашање нејзините лични врски, за кои е повеќе од мистериозна, ама затоа онаа семејната, никогаш ниту ја крие, ниту ја премолчува. А има ли поголема среќа и љубов на една мајка од онаа кон своето чедо, во случајов нејзиниот син Филип. Некои го паметат уште кога се роди, други пак го запознаваат низ времето, трети сега, по прошетката по старите фотографии уште како бебенце, кои Лила знае да ги сподели за некои важни датуми! Така е секогаш, така беше и овој пат кога мама Лила со емотивен фото - споменар кој го сподели на социјалните мрежи за „денот што го чекаме цела година“ и јавно му го честиташе роденденот на мажот на својот живот! „И целиот свет да е против мене… најважно е што те имам ТЕБЕ.  Еден живот една љубов…син, другар, поддршка, мој панцир години наназад !!! Ете затоа сум толку силна. Најсреќен роденден Филипе мој да си здрав, жив и најсреќен… И уште долго да ме чуваш, браниш, пазиш и мазиш… те сака Лики“ - споделила Лила во објавата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

А во споделениот фото-колаж,  нејзиниот син - единец во разни периоди и возрасни фази од животот. Речиси од лулка, па се до денес, како расте и се развива, станува од детенце вистински маж низ годините што минале... Природна трансформација и една љубов мајчинска, чиста...   Само Лила е - иста!? Фото: Инстаграм/lilafilipovska
]]>