формирање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Nov 2021 14:01:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png формирање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Народен татар Битола“ слави 77 години од формирањето https://arhiva.vistina.com.mk/naroden-tatar-bitola-slavi-77-godini-od-formiranjeto/ Mon, 15 Nov 2021 14:00:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227382

За нас оставаме да зборуваат наградите, публиката, успехот, а тие едногласно кажуваат дека Битолскиот театар повторно го врати приматот на најдобар театар во нашата држава, а и надвор од неа, во регионот, велат од Народениот театар Битола кој во неделата, на 14 ноември славеше 77 години од формирањето на оваа Национална установа.
Нашиот театар станува бренд кој со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, достојно и гордо ги претставува насекаде во светот. Годинава роденденот го прославивме со претставата „Сомнително лице” која се одигра на големата сцена „Благој Стефановски – Баге“, соопштија од Народниот театар – Битола.  
На 14 ноември 1944 година, со изведба на едночинката на Владо Малески – „Петтоимениот Ѓоре“, почнува репертоарот на театарски претстави на македонски јазик и овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар – Битола. Првите членови, основачи на Битолскиот театар се Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Во периодот од 1944 до 1980 година претставите се играат во првата театарска зграда во Битола, изградена во 1908-09 година по наредба на битолскиот валија Абдул Керим-паша, а од 1980 година со уривањето на стариот и изградба на нов современ објект, битолскиот театар претставите ги изведува во свои простории – Домот на културата во овој град. Во рамки на одбележувањето на годишнината, во фоајето на театарот се изложени фотографии од претстави кои ги изработија Петар Ставрев и Сашо Ставрев.]]>

Итно формирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva.vistina.com.mk/itno-formiranje-na-komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/ Fri, 13 Dec 2019 12:40:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123872

Во мај 2019 година беше усвоен новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација со кој се создадоа нормативни претпоставки за подобрување на системот и институционалните механизми за заштита од дискриминација. Притоа, новиот закон предвидува значително подобрување на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, преку проширување на нејзините надлежности на полето на промоција на еднаквоста и подигање на свеста на јавноста, како и јакнење на нејзината независност, компетентност, транспрентност и отчетност. Меѓутоа, во пракса изостанува спроведувањето на новиот закон поради неформирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во законски предвидениот рок во август 2019 година. Ваквата ситуација придонесува за опстојување на дискриминаторните практики во нашето општество, при што лицата кои се дискриминирани немаат каде да се обратат за помош и поддршка за заштита на своите човекови права. За таа цел, апелираме до Собранието на Р.С.Македонија, односно Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, во најкус можен рок, да спроведе транспарентна постапка за избор на новите членови на КСЗД преку: – Распишување на јавен оглас за избор на членови на КСЗД во најмалку два дневни весника кои се издаваат на целата територија на државата, како и објавување во Службен Весник и на интернет страницата на Собрание; – Организирање јавна расправа со учество на сите засегнати страни, на која јавноста ќе биде информирана за пријавените кандидати и нивните биографии, по што ќе биде утврдена предлог-листа за усвојување од страна на Собрание на Р.С.Македонија; – Избор на членови на КСЗД врз основа на законските критериуми и почитување на принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество. Дополнителни податоци за уредникот: Здружението ЕСЕ во соработка со Институтот за човекови права и со поддршка на Британската амбасада во Скопје, подготвија Проценка на законскиот мандат и на надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во оваа проценка детално се утврдени сите предуслови за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работата на новата Комисија, кои треба да бидат преземени пред, како и непосредно по изборот на новите членови на ова тело. Повеќе информации за проценката и предусловите за ефективна имплементација на новиот закон може да најдете на следниот линк.]]>