форма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Jul 2023 08:16:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png форма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот трап артист „Стар Бој“ е џентлмен во Париз: „Формата е моментална, класата е вечна“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-trap-artist-star-boj-e-dhentlmen-vo-pariz-formata-e-momentalna-klasata-e-vechna-foto/ Wed, 19 Jul 2023 08:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310736

Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy), е еден од ретките артисти кој умее животот да го живее со стил. По неодамнешниот престој дома во родната Македонија и настапот во скопскиот летен ноќен клуб „Мусандра“, каде остави силен впечаток и создаде позиривна енергија меѓу него и публиката, траперот се врати во Франција. Во градот на љубовта, уметноста и светлината, сепак Ванчо, како што му е вистинскот име, има само една љубов... И тоа во неа е вљубен на прв поглед. Затоа секогаш кога ќе се сретнат, макар и на поминување, новото видување СтарБој  секогаш го овекувечува  со нова фотографија од неговата љубена убавица - Ајфеловата кула во Париз. Иако делува „мртов ладен“ дури и середе зафрканција, во СтарБој сепак чука нежно срце... Толку нежно, што секогаш паѓа на убаво напипшани стихови поезија... Макар тие не биле ништо посебно и ситно платени, сепак нема пари со кои се купуваат францускиот шарм и македонскиот инает. Токму за инает на душманите, СтарБој животот го живее со шарм и стил, па после две - три пијачки и самиот станува подложен, да биде поетски расположен... А поезијата и квалитетниот пијалак не одат без две нешта кои се одраз на животната култура: убавите жени и добрата пура! За нив секогаш мора да најдеш време, да си расположен, да бидеш вистински џентлмен... Иако,  како и сите ние, и СтарБој можеби секогаш не  е во врвна форма, ама... „Формата е моментална, класата е вечна“, како што и самиот умее да каже, особено ако си на пат да станеш ѕвезда. Или можеби тоа веќе и си...? Впрочем, како поинаку да се објасни ова селфи во огледало  со самоуверена порака: „Во хотел со пет ѕвезди кога ќе влезам, автоматски станува со шест“! Шегата на старана, та било шега или вистина, СтарБој навистина е на добар пат да го освои регионот... За некој ден ( 23. јули 2023) му излегува новата, дует песна со бугарскиот рап артист  „Душков 24“ (_dushkovv__twenty4) - „International drill“ па да видиме што направиле (т)раперите, каков музички македонско-бугарски дил за разлика од политичарите?!
Фото: Инстаграм/starboyofficial23
]]>

Затегнат стомак и совршени облини: Еве Како изгледа Катарина Грујиќ неколку месеци по породувањето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zategnat-stomak-i-sovrsheni-oblini-eve-kako-izgleda-katarina-grujikj-nekolku-meseci-po-poroduvanjeto-foto/ Tue, 22 Mar 2022 10:47:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243879

Катарина Грујиќ замина на одмор во Дубаи со својот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ. Пејачката Катарина Грујиќ пред три месеци стана мајка на девојчето Катја кое го доби со фудбалерот Марко Гобељиќ, но според сегашниот изглед не би рекле дека воопшто била бремена. Имено, пејачката почнала да тренира и многу брзо по породувањето ослабела 14 килограми, а сега открила како се снашла. - Во бременоста се здебелив некои 14 килограми, што мислам дека е сосема нормално, жената колку и да се здебели во бременоста е нормално. Што сакате да јадете, треба да јадете. Така работев, но јас сум некој што сака да се храни здраво, не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам - изјавила Катарина. Вклучував и тренинзи најмалку три пати неделно, како и масажи за отстранување на целулитот. Не сум приврзаник на ласери и одење под нож, но проблемите ги решавам само на природен начин - таа беше искрена пејачка. - Не се сеќавам кога последен пат сум пробала пица, тесто или брза храна. Сепак, не сакам слатки и јадам торта или чоколадо еднаш месечно. Во ред е да се прекине здравата исхрана еднаш на две недели, но не секој втор ден, бидејќи тогаш нема ефект! Никогаш не јадам доцна навечер, вечерам најдоцна до 21 часот - објаснила Каќа.]]>

Карлеуша „вода да и носи“: Стомачните на Лоба се камен! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-voda-da-i-nosi-stomachnite-na-loba-se-kamen-foto/ Wed, 04 Mar 2020 05:55:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137314

Деновиве во српските медиуми и на социјалните мрежи се крена пршина колку Јелена Карлеуша го доведе своето тело во соврешена форма, а фокусот особено беше на нејзиниот затегнат стомак и видливите мускули. Резултатите од диетата и третманите се евидентни, но кај Карлеуша изостануваат фотографите од теретана, која очигледно не и е силна страна. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/karleusha-go-pokaza-sovrsheniot-chelichen-stomak-a-na-toa-ne-mozea-da-premolchat-jelena-rozga-i-tijana-dapchevikj-foto/ За разлика од неа, нашата пејачка Викторија Лоба, покажа многу повпечатливи стомачни кои се како „камен“ – резултат на балансирана исхрана, третмани во салони за убавина ама и  вежбање. Лоба снимајќи се со мобилниот ја крена блузичката под која и тоа како имаше што да покаже. Преку апликација на грбот си додаде крилја, веројатно сакајќи да алудира на тоа дека се поистоветува со атрибутите на ангелите од „Викторија Сикрет“. -Утро, напиша во описот, а со ваква глетка во огледало, јасно е дека мотивацијата е и повеќе од доволна за секој ден да биде подобара и подобра.]]>

Сара Мејс се „стопи“ и изгледа како манекенка: Пејачката ја испраќа годината во топ форма (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-se-stopi-i-izgleda-kako-manekenka-pejachkata-ja-isprakja-godinata-vo-top-forma-foto/ Mon, 02 Dec 2019 07:44:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121626

По породувањето, како и повеќето жени, пејачката Сара Мејс работеше на елиминација на вишокот килограми, но дури и тогаш таа велеше дека и се допаѓа како изгледа со повеќе облини од она какво го познава своето тело. Но, на мама Сара не и требаше многу време за да се врати во топ форма и тоа подобра од било кога. Веќе почна периодот на снимање новогодишни емисии и интервјуа со резиме на се она што се случило и сработило изминатите месеци, а Сара првo на гости отиде на работа кај сопругот во радио. Потоа следеше и снимањето на новогодишната емисија на забавната музичка емисија „Стисни плеј“, а за таа прилика облече стајлинг од кусо здолниште споено со спортска блузичка и чизми на висока потпетица. Токму во оваа модна комбинација, а и онаа каде е во кежуал издание од фармарки и блуза на риги, Сара изгледа како манекенка. Дека годината ја испраќа „стопена“, фотографиите доволно говортат.]]>

Направете фризура според обликот на лицето https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-frizura-spored-oblikot-na-liceto/ Mon, 18 Nov 2019 13:30:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116445

Кога се прави фризура, треба да биде во сооднос со формата на вашето лице. Еве неколку совети за тоа на што и како да внимавате... Како да ја направите вашата фризура имајќи ја во предвид формата на вашето лице? Ако имате округло лице, избегнувајте го патецот на средината на главата бидејќи дополнително ќе го нагласите округлото лице. Исто така избегнувајте должината на косата да не биде во висина на брадата или вратот бидејќи и на тој начин ќе го нагласите кружниот облик на лицето. Можете да ја носите косата кратко или да пуштите должина до рамена. Долгнавестото лице не поднесува долга и рамна коса која што ја нагласува издолженоста на лицето. Исто така не оставајте кратки делови на врвот бидејќи визуелно ќе ве издолжи. Ваш избор треба да биде богатиот волумен кој се движи во распон од брадата до рамената. Врвовите да бидат скратени така што ќе создаваат изглед на ширина и исполнетост. Ако имате лице во облик на срце тогаш избегнувајте ги фризурите кои ги нагласуваат образите. Посебно bob стилот од 20-тите кај кого косата завршува до брадата. Изберете валовита, виткана фризура со патец на страна што изгледа романтично. Ако имате четвртасто лице заборавете ги геометриските фризури бидејќи и онака имате изразени линии на лицето. Степенестата може да помине но сушете ја косата со округла четка што ќе ги омекне линиите. Секако одберете шишки. Тие ги намалуваат цртите на лицето но внимавајте да не бидат премногу рамни. Дајте им малку живост. Косата може да биде долга или кратка но секако избегнувајте престилизирани и укочени фризури.]]>

Магична масажа која ќе ве ослободи од стресот https://arhiva.vistina.com.mk/magichna-masaza-koja-kje-ve-oslobodi-od-stresot/ Fri, 01 Nov 2019 13:00:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115796

Во кое било време од денот, на работа или на одмор со оваа масажа постигнувате максимален ефект за минимално време.

Постапката на масажата е следна:

Вежба 1 Фатете го малиот прст со палецот и показалецот, а потоа нежно протресете за да ја ослободите мускулната напнатост. Малиот прст вратете го назад со тоа што ќе го движите во правецот на стрелките на часовникот, а по 10 секунди променете го правецот. Направете ја истата вежба и на другите прсти од вашите раце. Вежба 2 Притиснете го коренот на секој прст, бидејќи секој е поврзан со одредена функција од нашето тело. Така на пример, со притискање на коренот од палецот ги ослободувате дишните патишта и носните празнини, бидејќи на крајот од палецот се наоѓа рефлексната зона врзана со белите дробови. Вежба 3 Со едната рака направете тупаница, но внимавајте да оставите малку слободен простор во неа и во него ставете го палецот од другата рака. Потоа стиснете ја посилно тупаницата, обидувајќи се да го извлечете палецот од неа, односно тегнете го. Истото направете го и со останатите прсти. Вежба 4 За крај, протресете ги дланките. Потребно е во нив да почувствувате топлина и олеснување. Нашите прсти работат за нас и затоа е потребно да им обрнеме внимание, да ги опуштиме и тие ќе возвратат со тоа што од нас ќе го отстранат стресот.]]>

Лора Турунџиева неполна година откако стана мајка изгледа како манекенка „стегната“ во хеланки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lora-turundzieva-nepolna-godina-otkako-stana-majka-izgleda-kako-manekenka-stegnata-vo-helanki-foto/ Mon, 19 Aug 2019 07:02:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102761

Постарата ќерка на телевизиската водителка, музичар и писател Сузана Турунџиева, Лора, пред речиси шест месеци за првпат се реализираше во улогата на мајка и на свет го донесе синчето Јаков кое денес е потпораснато бебенце. Јаков, мама и тато летово постојано се некаде на пат, односно на различни дестинации каде уживаат со својот наследник.
Откако бебенцето дојде во нивниот живот и го обои во сите бои, Лора не беше толку многу активна на социјалните мрежи, но затоа баба Сузе и малата тетка Матеа, редовно споделуваат по некој момент со внучето. Познато е дека повеќето тазе мајки имаат проблеми со килограмите во постпартум периодот, а убавата Лора за неполна година се врати во топ форма.
За првата фотографија на која покажа во каква форма е, облече хеланки. Од приложеното може да се види дека мама Лора е како манекенка! Тенки нозе, рамен стомак и секако насмевка на лицето, но најубавиот дел од неа е бебенцето во рацете.
Некои од искусните мајки знаат да кажат дека и не се потребни многу диети и напорни тренизи за решавање на вишокот, бебето е сосема доволно за да ја празни и надополни енергијата на мама.]]>

Не намалиле ниту килограм, но нивната трансформација ќе ве остави без текст https://arhiva.vistina.com.mk/ne-namalile-nitu-kilogram-no-nivnata-transformacija-kje-ve-ostavi-bez-tekst/ Mon, 19 Mar 2018 10:22:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16508

Голем број на тренери не советуваат често мерење на вага, туку да го споредуваме својот одраз во огледало со тоа што сме го виделе пред да почнеме со вежбање. Салото е полесно од мускулите, па ако сте се фрлиле на озбилен тренинг и согорите салото, не е ни чудо што панталоните ви паѓаат. Но, скалата на вага стои во место иако вие сте ослабеле. Дали е тоа можно? Да. Повеќето тренери советуваат да се мерите со кројачко метро или да се фотографирате пред огледало од време на време како би ги прателе резултатите од тренинзите. Можно е да изгубите многу во обем и  целосно да го трансформирате својот изглед, а овие девојки се доказ дека тоа е можно. извор:сител.мк]]>

Пејачката Девана Нардели откри две нешта: Каква скара душата и бара, а и дека без добар „Шур“, нема добар жур! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-devana-nardeli-otkri-dve-neshta-kakva-skara-dushta-i-bara-a-i-deka-bez-dobar-shur-nema-dobar-zur-foto/ Mon, 25 Dec 2017 09:35:05 +0000 http://vistina.mk/?p=7584

Македонската пејачка Девана Ѓорѓиевска, попозната како Девана Нардели покрај  професионалните ангажмани и обврски како пејач во Македонската опера и балет, наоѓа време паралелно да и се посвети и на онаа другата своја музичка кариера како кафеанска и клубска пејачка.
Девана се почесто настапува по ноќните локали, а опусот на  нејзините песни е комбинација на повеќе жанрови, зашто младата пејачка се труди да ја задоволи масата народ која има различни вкусови.
Иако до сега не се изјаснила што повеќе и лежи: забавното или народното, оние што биле да ја слушнаат велат дека убавата пејачка поодеднаково добро се снаоѓа во обата правци.
А како што е познато без добар алат, нема добар занает... Затоа Девана цврсто го грабна в раце новиот алат, па со него се пофали на социјалните мрежи: „Без добар Шур, нема добар жур“ - вака отприлика би можело да се каже за новиот микрофон на пејачката, кој навистина е екстра класа! Да ти е мерак  на него да пееш...  па Девана и не го испушта од рака, кога е на сцена! Лакот на ноктите е само... екстра декор!
А кога сме веќе кај меракот, младата пејачка е голема мераклика уште на нешто... што се вика полна маса!
И тоа со добра софра!  Затоа исто како што се пофали со микрофонот, Девана на Инстаграм се пофали и со своето омилено парче... скара! Формата запазена, а за квалитетот... прашајте ја пејачката!

(ФОТО) Ни трага од бременоста: Водителката Милена во топ форма по породувањето! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-ni-traga-od-bremenosta-voditelkata-milena-vo-top-forma-po-poroduvanjeto/ Thu, 16 Nov 2017 09:26:14 +0000 http://vistina.mk/?p=3794

ТВ водителката Милена Антовска Станковска периодов е на породилно отсуство од работа и целосно е посветена на својата ќеркичка Лана. Додека Милена ужива во мајчинството, колегите од Канал 5 се почесто знаат да ја споменат во програма и да ја поздрават тазе мамичка, што покажува дека не само што им фали на гледачите, туку и на колегите.
Уште додека беше бремена, Милена можеше да се пофали со витка и манекенска форма на своето тело, па на неа се познаваше само зголеменото трудничко стомаче.
Периодов не многу е активна на социјалните мрежи како порано, но деновиве на интернет се појави една нова фотографија на која кај Милена не се забележува ниту трага од бременоста и породувањето.
Водителката ја има среќата да нема проблем со вишокот килограми кои се нормални по бременоста, па и сега како новопечена мама може да се пофали со завидна фигура на која веројатно најмногу се заслужни гените.]]>