форма на водата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Mar 2018 14:14:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png форма на водата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 90. доделување на Оскарите: Триумф за „Формата на водата“ https://arhiva.vistina.com.mk/90-dodeluvanje-na-oskarite-triumf-za-formata-na-vodata/ Mon, 05 Mar 2018 08:41:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14952

 „Формата на водата“ (The Shape Of Water) (конечно) освои најмногу награди на вчерашното јубилејно, 90. по ред доделување на академските филмски награди, кое традиционално се одржа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес и чиј водител по вторпат беше Џими Кимел. Филмското остварување на режисерот Гијермо дел Торо, кое доби и најмногу номинации годинава (13), се закити со 4 награди, вклучувајќи и две од главните категории за најдобар филм и за најдобра режија, како и за најдобар дизајн на продукција и најдобра оригинална музика за композиторот Александар Деспла. Интересно е тоа што наградата за најдобар филм ја доделија Феј Данавеј и Ворен Бити, кои добија втора шанса откако лани прогласија погрешен победник.

Веднаш зад него, со три освоени награди беше екипата на воената драма „Данкирк“, која триумфираше во категориите за најдобра монтажа на филм, најдобра монтажа на звук и најдобар микс на звук. По две награди освоија „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, „Најмрачниот час“, „Блејд ранер 2049“ и анимираниот филм „Коко“.
Сосема очекувано, Френсис Мекдорманд се закити со наградата за најдобра актерка во главна улога во „Трите билборди“, што воедно е втор Оскар во нејзината кариера, а Гери Олдман конечно го доби својот прв Оскар за најдобар актер во главна улога во историската драма „Најмрачниот час“, каде што го играше британскиот премиер Винстон Черчил. Не беше големо изненадување ни фактот што статуетката за најдобра актерка во споредна улога отиде во рацете на Алисон Џени (Јас, Тонја), како и Сем Роквел, кој за својата улога во „Трите билборди“ го освои Оскарот за најдобар актер во споредна улога. За истите улоги, актерите освоија и Златен глобус и актерска награда Гилд (Screen Actors Guild Award).
Освен што ја освои наградата за најдобар долгометражен анимиран филм, „Коко“ ја имаше и најдобрата оригинална песнаRemember Me“, која на самата церемонија ја изведоа актерот Гаел Гарсија Бернал и пејачите Мигел и Наталија Лафуркаде.
Иако и на црвениот ќилим и на самата сцена во театарот „Долби“ видно изостанаа визуелните поддршки за движењата против сексуалното насилство на жените, како што беа црните тоалети на Златните глобуси и белите рози на Греми и на БАФТА, речиси сите учесници на манифестацијата кажаа збор-два за проблемот, а најгласна беше токму Френсис Мекдорманд, која повика на инклузивна клаузула во договорите на компаниите за еднаквост и рамноправност, без оглед дали се работи за пол или раса.
Со ова 90. издание на Оскарите заврши и годинашната сезона на награди.
https://www.youtube.com/watch?v=XFYWazblaUA  

Најдобар филм

Актерка во главна улога

  • Сели Хокинс, „Формата на водата“ 
  • Френсис Мекдорманд, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“  – ПОБЕДНИЧКА
  • Марго Роби, „Јас, Тонја (I, Tonya)
  • Срша Ронан, „Лејди брд“ 
  • Мерил Стрип, „Тајните досиеја“
 
Актер во главна улога

  • Тимоти Шаламе, „Викни ме со твоето име“
  • Даниел Деј-Луис, „Фантомски конец“
  • Даниел Калуја, „Излегувај“
  • Гери Олдман, „Најмрачниот час“ – ПОБЕДНИК
  • Дензел Вашингтон, „Роман Џеј Ираел, есквајр (адвокат)“ (Roman J. Israel, Esq.)
 
Актерка во споредна улога

  • Мери Џеј Блајџ, „Мадбаунд“  (Mudbound)
  • Алисон Џени, „Јас, Тонја“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Лесли Менвил, „Фантомски конец“
  • Лори Меткалф, „Лејди брд“
  • Октавија Спенсер, „Формата на водата“
 
Актер во споредна улога

  • Вилем Дафо, „Проектот Флорида“ (The Florida Project)
  • Вуди Харелсон, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
  • Ричард Џенкинс, „Формата на водата“
  • Кристофер Пламер, „Сите пари на светот“  (All the Money in the World)
  • Сем Роквел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ – ПОБЕДНИК
 
Најдобра режија

  • Кристофер Нолан, „Данкирк“
  • Џордан Пил, „Излегувај“
  • Грета Гервиг, „Лејди брд“
  • Пол Томас Андерсон, „Фантомски конец“
  • Гијермо дел Торо, „Формата на водата“ – ПОБЕДНИК
 
Најдобар филм на странски јазик

  • „Фантастична жена“ (Una mujer fantástica /A Fantastic Woman) – шпански јазик, Чиле – ПОБЕДНИК
  • „Навредата / Случајот бр. 23)“ (The Insult / Qadiyya raqm 23 ) – арапски јазик, Либан
  • Нељубов“ (Нелюбовь / Loveless) – руски јазик, Русија
  • „Тело и душа“ (Testről és lélekről /Оn Body and Soul) – унгарски јазик, Унгарија
  • „Квадрат“  (The Square– шведски јазик, Шведска
 
Најдобар краткометражен документарен филм

Најдобар долгометражен документарен филм

Најдобра оригинална песна

Најдобра оригинална музика

  • „Данкирк“
  • „Фантомски конец“
  • „Формата на водата“, Александар Деспла – ПОБЕДНИК
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
 
Најдобар анимиран филм

Најдобро адаптирано сценарио

  • „Викни ме со твоето име“, Џејмс Ајвори – ПОБЕДНИК
  • „Катастрофалниот уметник“ (The Disaster Artist)
  • „Логан“ (Logan)
  • „Играта на Моли“ (Molly’s Game)
  • „Мадбаунд“
 
Најдобро оригинално сценарио

  • „Затоа се вика љувов“ (The Big Sick)
  • „Излегувај“, Џордан Пил – ПОБЕДНИК
  • „Лејди брд“
  • „Формата на водата“
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
 
Најдобар дизајн на продукција

  • „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast)
  • „Блејд ранер 2049“ (Blade Runner 2049)
  • „Најмрачниот час“
  • „Данкирк“
  • „Формата на водата“ – ПОБЕДНИК
 
Најдобра кинематографија

  • Блејд ранер 2049“, Роџер Дикинс – ПОБЕДНИК
  • „Најмрачниот час“
  • „Данкирк“
  • „Мадбаунд“
  • „Формата на водата“
 
Најдобар дизајн на костими

  • „Убавицата и ѕверот“
  • „Најмрачниот час“
  • „Фантомски конец“, Марк Бриџис – ПОБЕДНИК
  • „Формата на водата“
  • „Викторија и Абдул“ (Victoria and Abdul)
 
Најдобра монтажа на звук

  • „Возачот Бејби“ (Baby Driver)
  • „Блејд ранер 2049“
  • „Данкирк“ – ПОБЕДНИК
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ (Star Wars: The Last Jedi)
 
Најдобар микс на звук

  • „Возачот Бејби“
  • „Блејд ранер 2049“
  • „Данкирк“ – ПОБЕДНИК
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“
 
Најдобар кракометражен анимиран филм

  • „Драга кошарко“ (Dear Basketball), Коби Брајант и Глен Кин – ПОБЕДНИЦИ
  • „Забава во градината“ (Garden Party)
  • „Лу“ (Lou)
  • „Негативен простор“ (Negative Space)
  • „Бунтовнички рими“ (Revolting Rhymes)
 
Најдобар краткометражен игран филм

  • „Основното училиште ДеКалб“ (DeKalb Elementary)
  • „Единаесет часот“ (The Eleven O’Clock)
  • „Мојот внук Емет“ (My Nephew Emmett)
  • „Тивкото дете“ (The Silent Child), Крис Овертон и Рејчел Шентон – ПОБЕДНИЦИ
  • „Секој од нас“ (Watu Wote/All of Us)
 
Најдобри визуелни ефекти

  • „Блејд ранер 2049“ – ПОБЕДНИК
  • „Чувари на галаксијата, 2 дел“ (Guardians of the Galaxy Vol. 2)
  • „Конг: Островот на черепите“ (Kong: Skull Island)
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ 
  • „Војна за планетата на мајмуните“ (War for the Planet of the Apes)
 
Најдобра монтажа на филм

  • „Возачот Бејби“
  • „Данкирк“ – ПОБЕДНИК
  • „Јас, Тонја“
  • „Формата на водата“
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
 
Најдобра шминка и фризура

  • „Најмрачниот час“, Казухиро Цуџи, Дејвид Малиновски и Луси Сибик – ПОБЕДНИЦИ
  • „Викторија и Абдул“
  • „Чудо“ (Wonder)
Извор:РадиоМК]]>