фондација-славко јаневски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Jan 2021 12:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фондација-славко јаневски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Конкурсот за наградата „Роман на годината“ трае до 15 јануари https://arhiva.vistina.com.mk/konkursot-za-nagradata-roman-na-godinata-trae-do-15-januari/ Mon, 04 Jan 2021 12:38:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184119

Конкурсот за наградата „Роман на годината“, што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, трае до 15 јануари. Според конкурсот, право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година. Кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот, што не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) или по пошта, на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје). Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи коишто благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2021 година. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected] Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината“ која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена по 22 пат. „Песот со тажен поглед“ на писателката Оливера Николова е лауреатот на „Роман на годината“ за 2019 година, а Николова е и првата од досегашните добитници која оваа награда ја доби по вторпат, по наградата за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година.]]>