фолконика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 13:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолконика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фолконика ја промовираше новата музичка фолк сликовница „Пилето ми пее“ https://arhiva.vistina.com.mk/folkonika-ja-promovirashe-novata-muzichka-folk-slikovnitsa-pileto-mi-pee/ Wed, 29 Nov 2023 13:58:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329176

„Пилето ми пее“ е новата музичка фолк сликовница што ја издаде Фолконика. Сликовницата е дел од проектот „За инклузивна народна песна и соживот“, кој се реализираше во градинките, основните училишта и помеѓу младите со попреченост, во средното образование, во Општина Гази Баба. Сликовницата е изработена според истоимената македонска народна песна, а илустрирана со авторските ликовни дела на академскиот сликар Горан Боев. Во неа се содржани и страници за боење на народни инструменти и нотни записи и мелографија, како и текст, со што се добива ново едукативно четиво и во делот на ликовното, музичкото и литературно издаваштво за деца. Графичкиот дизајн во сликовницата е направен од Медија консалтинг и Мила Георгиевска, а музички соработник е Славејко Гиразов. Во рамките на Проектот, беа одржани музички работилници, каде се презентираше македонската народна музика и музиката на останатите националности, како и фолклорната традиција, за да се запознаат децата со својата и традицијата на своите другарчиња.За младите, пак, со попреченост, да се доближи народната музичка традиција, на начин, да допре до нив, преку нивниот знаковен јазик, од стручните лица. Проектот  има основна цел да придонесе кон подобрување на состојбите во делот на едукацијата на децата за значењето и вреднувањето на народното музичко творештво, како симбол на националниот идентитет. Исто така, овој проект придонесе во делот на достапноста на едукацијата за децата со попреченост, како и вклученоста на лицата со попреченост во изучување и зачувување на народното музичко културно богатство. Проектот освен подобрување на инклузивноста,  придонесе за подобрување на  соживотот помеѓу децата и младите преку изучување на народната музика и културата на своите врсници. Проектот ги вклучи сите деца и млади, без предрасуди и маргинализација со крајна цел да се воспостави подобар соживот помеѓу децата и младите во заедницата. Преку работилниците,  децата, како и децата со попречености се воведоа, многу повеќе, во светот на народното музичко творештво и фолклорот, преку пренесување на пореална форма, поприфатлива за нив, со нивно активно учество, преку запознавање со народни инструменти, народни песни, преку запознавање со  првите музички фолк сликовници, преку мотивирање на цртаат и да ја доживеат македонската народна песна, ставајќи ги пред нов предизвик, што е возбудлив за нивната возраст да илустрираат ликови од народните песни, како што тие ќе ги доживеат. Воедно, можеа да се запознаат одблизу со нашите естрадни уметници, фолкористи, свирачи на народни изворни инструменти, со што  добија подобра претстава за музичкото народно творештво и фолклорот. Во рамките на Проектот, се реализираше и Награден конкурс за музички и ликовни дела, во чии рамки беа одбрани најдобрите, кои твореа на народни песни и фолклорни мотиви. Промоцијата на сликовницата се одржа во Основното училиште „Григор Прличев“ Скопје, во Општина Гази Баба, каде беа изведени музичките дела на наградените ученици. Воедно, беа врачени и наградите и признанијата на најдобрите. Овој Проект, за дел од активностите, е поддржан од Општина Гази Баба.]]>

Промовирана нова музичка фолк сликовница „Јовано, Јованке“ https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-nova-muzichka-folk-slikovnitsa-jovano-jovanke/ Wed, 05 Jul 2023 12:27:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309108

Фолконика – Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца  ја промовираше новата музичка фолк сликовница за деца „Јовано,Јованке“. Фолк сликовницата ја илустрира народната песна со ист наслов и е втора во серијалот сликовници, што ги објави „Фолконика“. На промоцијата, која се одржа во Детската градинка „Срничка“ – Објект „Чекорче“ во Општина Аеродром,Скопје, зборуваше Душко Георгиевски, популарен фолк пејач, во улога на претседател на „Фолконика“, кој го изрази задоволството од печатењето на новата музичка фолк сликовница,потенцирајќи го големото значење за пренесување на музичкото фолклорно богатство на најмладите и со тоа негово зачувување.
„Новата сликовница, е продолжение на нашата заложба да дадеме придонес во негувањето на македонската музичка фолк ризница. Среќни сме што успеавме да додадеме уште еден наслов, а работиме посветено и на изработка на нови сликовници. Сметаме дека со збогатување на детското издаваштво, со вакви уникатни сликовници, ќе овозможиме децата  да читаат, пеат народни песни, а воедно да градат и естетски и културни вредности, како млади личности, бидејќи сликовниците претставуваат спој на народна песна и уметнички дела на македонски ликовни уметници. За да го зачуваме музичкото културно наследство, треба да тргнеме од најмалите. Затоа се трудиме да најдеме интересни форми да го доближиме на новите генерации на  деца“, истакна Георгиевски. На промоцијата, се обрати и Александра Јелиќ Исаиловска, директорка на  Детската градинка „Срничка“, која го изрази задоволството од соработката со „Фолконика“ и изборот кај нив да биде промовирана сликовницата. Таа, воедно, го истакна и значењето на негувањето на фолклорната музичка традиција, нешто што како воспитно-образовна установа, со особено внимание, го прават преку програмските активности во работењето, со цел децата да учат за неа.л Новата сликовница, претставува   спој на познатата народна песна „Јовано,Јованке“ илустрирана со  уметнички дела на академскиот сликар Горан Боев. На страниците на сликовницата, се наоѓа текстот на песната и нотни записи, кои се надополнуваат со соодветни уметнички дела, кои изобилуваат со автентичен колорит, кои го надополнуваат и естетското доживување, со цел да го задржи вниманието на детето. Ликовното и графичкото уредување е на Медија Консалтинг и Мила Георгиевска, а мелографијата на музичкиот соработник, Славејко Гиразов.На страниците се наоѓаат и народни инструменти, кои се во форма на боенки, со цел децата преку боење, да ги научат инструментите, многу повеќе, а воедно и страница за нивна ликовна креација, на народна песна. Изборот, за народна песна, како наслов за  сликовницата,  е произлезен од Проектот „Испеј народна песна-напиши фолк сликовница“, кој го реализираше „Фолконика“ во изминатиот период.Во рамките на проектните активности, одржани се  работилници во дел од градинките од Општина Аеродром, на кои децата цртаа и илустрираа, според доживувањето на фолк музиката, која е изведувана на работилниците. Во рамките на промоцијата, беше изведена и народната песна, во која беа вклучени и децата од Градинката, а беа изложени и цртежите, кои се изработени од децата  во рамките на работилниците, за Проектот. Проектот „Испеј народна песна-напиши фолк сликовница“ за дел од активностите финансиски е поддржан од Општина Аеродром. „Фолконика“ најавува промоција на сликовницата „Јовано, Јованке“.Првата музичка фолк сликовница беше издадена во 2021 година, под наслов „Слушам кај шумат шумите“.  
]]>