Фолклорно-класична симбиоза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Sep 2023 12:02:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Фолклорно-класична симбиоза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Фолклорно – класична симбиоза“ – ексклузивен настан на МОБ и Танец https://arhiva.vistina.com.mk/folklorno-klasichna-simbioza-ekskluziven-nastan-na-mob-i-tanets/ Tue, 26 Sep 2023 12:01:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319813

На сцената на Македонската опера и балет, на 27-ми септември 2023 со почеток во 20 часот ќе се одржи ексклузивен настан, „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на на НУ Македонска Опера и Балет и НУ Танец. За прв пат во македонската понова историја, Македонската опера и балет и Танец ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, како и оркестарот и хорот на НУ Македонска опера и балет. Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, ќе добијат уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.]]>