фолклор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 12:27:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолклор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Видеото од сопругата на Дарко Лазиќ ги изненади сите: Каќа покажа што умее да прави (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/videoto-od-soprugata-na-darko-lazik-gi-iznenadi-site-kaka-pokazha-shto-umee-da-pravi-video/ Tue, 07 Nov 2023 12:27:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325809

Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина уживаат во бракот и се многу интересни за нивните следбеници на социјалните мрежи. А сега во јавноста се појави видео на кое може да се види како Каќа скока на сцената од еден маж на друг. Иако секогаш скромно, најновото видео од сопругата на Дарко каде игра на фолклорна музика, ја покажа вештината на скокање од еден човек на друг и ги изненади сите.
@balkanska_kafana_ #darkolazic #katarinalazic #folklore #folklor #srbija #fyp #viral #zatebe #tiktok #dence ♬ original sound - 👑Balkanska kafana👑
Имено, пејачот бил во публиката и цело време ја снимал Катарина, која, судејќи по видео снимката, редовно се занимава со фолклор. - Ала гара скока - рекол Дарко во позадина на видеото. Следбениците немаа можност да ја видат Катарина во ова издание, па веднаш почнаа да се појавуваат коментари како: „Браво“, „Од еден до друг“, „Умее малата “, и слично. Фото: Принтскрин/Тикток /е- сток]]>

„Танец и Ладо под ѕвездите“ во офф-програмата на „Охридско лето 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/tanec-i-lado-pod-zvezdite-vo-off-programata-na-ohridsko-leto-2021/ Wed, 28 Jul 2021 12:57:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213066

„Танец и Ладо под ѕвездите“ е вечерашниот пособен настан што се одржува во офф-програмата на „Охридско лето“, со целовечерен концерт на националните фолклорни ансамбли на Македонија и на Хрватска на големата сцена на Античкиот театар. Почетокот на концертот е од 22 часот. „Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ. „Танец“ е амбасадор на македонската народна уметност и култура каде и да се појави – без разлика дали е на најоддалечените континенти или меѓу неговите сонародници и во странство и дома. Како конзерватор на уметноста и жив и подвижен музеј на нашето културно богатство. „Танец“ ја шири низ светот убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и секаде низ Европа. Во текот на своите 72 години од своето постоење, Ансамблот има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, пред преполни концертни сали во Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто, Аделаида, Мелбурн … Ансамблот не препознава ниту граници, ниту растојанија. Се чувствува како дома насекаде и вратите му се широко отворени каде и да оди. Ансамблот „Танец“ поседува уникатна збирка оригинални традиционални носии со исклучителна вредност и убавина, од различни региони во земјата (повеќе од 2000 автентични носии), така што секој концерт на Ансамблот обезбедува единствено аудио-визуелно искуство на публиката ширум светот. Репертоарот се состои од повеќе од деведесет кореографии и неколку стотици вокални, инструментални и вокално-инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува богатите разновидни регионални музички и кореографски традиции и стилови на богатиот македонски фолклор. Сите вработени во „Танец“, како индивидуи и како тим, се почитувани низ целиот свет и ги уживаат пофалбите и посебната репутација за нивниот професионален пристап и автентичност на репертоарот. Ансамблот брои 40 извонредни игроорци, 20 неверојатни пејачи и 20 одлични инструменталисти, кои лесно можат да се комбинираат во различни формации. Ансамблот има добиено многу награди и признанија, како Гранд при на Интернационалниот фестивал во Ланголен, Велика Британија, потоа „11 Октомври“, „13 Ноември“ „Св. Климент Охридски“ и „Орден за заслуги за Македонија“. Хрватскиот ансамбл за народни игри и песни „Ладо“ е национален професионален фолклорен ансамбл основан во 1949 година, со задача и цел да ги истражува, собира, уметнички да ги обработува и сценски да ги претставува најубавите примери од богатата хрватска музичка и танцова традиција. Преку својата работа, „Ладо“ ги обединува најпознатите хрватски етнокореолози и кореографи, етномузиколози, музички аранжери и фолклористи, но и композитори и диригенти, инспирирани од народната музика. Сето ова резултира со импресивен кореографски и музички репертоар, со повеќе од сто кореографии и стотици вокални, инструментални и вокално-инструментални нумери, во кои е пред сѐ испочитувана оригиналната, автентична народна уметност. Групата од 38 врвни игроорци, истовремено и извонредни пејачи, лесно се трансформира од танцов ансамбл во репрезентативен фолклорен хор, а 14-те одлични музичари свират на околу осумдесет традиционални и класични инструменти. Ансамблот „Ладо“ има уникатна збирка на оригинални народни носии со исклучителна вредност и убавина, така што секоја концертна изведба на ансамблот е исто така и еден вид на модна ревија на оригинална хрватска традиционална облека. За својата работа и заслугите во промовирањето на националното наследство, „Ладо“ има добиено многу награди и признанија, како и Повелбата на претседателот на Република Хрватска за 60 години уметничка дејност.]]>