фолкерки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Feb 2023 09:15:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолкерки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонските фолкерки во „рајот на земјата“: Адријана Кеш и Ирена Вељовска уживаат на Занзибар (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-folkerki-vo-rajot-na-zemjata-adrijana-kesh-i-irena-velovska-uzhivaat-na-zanzibar-foto/ Thu, 09 Feb 2023 09:08:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288070

Кај нас зимата допрва ги покажува забите, а таму каде што заминаа двете македонски фолкерки што и да ве мачи, за миг ќе се опоравите. Зашто прекрасниот зелен остров Занзибар е вистински божји дар... Рај на земјата, каков што на малку места на планетава остана. Токму таму двете македонски фолкерки, приватно и блиски пријателки, Ирена Вељовска и Адријана Кеш, решија да уживаат за сите пари... Како совршен пар за одмор на Занзибар. Родната куќата на пејачот на легендарните „Квин“, фасцинантниот Фреди Меркјури е едно од оние места кои мора да се посети. Особено ако сте му колешки, како нашите две фолкерки. Има што да се види, а можеби и нешто поднаучи.  Ако не од пеење, барем по некоја сценска поза! Прекрасните песочни плажи и тиркизно сината проѕирна вода на океанот се нешто што е неповторливо. Место за сончање, пливање и дневно уживање. А потоа, малку на лулашката од лијаните, малку на плетена лежалка под палмите... А штом влезете во тиркиз водите на океанот, блиската средба со делфините под вода може само пријатно да ве изненади. И вас и нив, особено ако налетаат на сирена во танга како Адријана. А кога пливањето ќе ви здосади, следува малку прошека покрај брегот и позирање по песочната плажа... Или игра со желката, чисто онака, за да видиш  чија уста подобро и подолго, може да го задржи листот од зелката. Кога сме кај игрите, додека едната обожува да си игра со животинскиот свет од природата, другата повеќе има мерак да се дружи и журка со мажите од домородното население. Со широка насмевка „од шестка до шестка“ додека танцуваат со „белата тетка“ поединци не го симнуваат погледот од неа, додека таа така насмеана и расположена, главниот го гледа право в очи...   Или можеби погледот и кочи на друго место, меркајќи колкав му е стапот? Оној што го држи в рака секако, иако тој е само дополнение на нивниот аутфит, само реквизит како декор на локалниот фолклор.  Но, дружбата со локалните фраери не завршува тука... Не барем за Ирена. Малку прошетка по град, па која ќе следи и мала размена на погледи... Па и возење со бротче на некое осамено островче и... Кој да знае...? За она понатаму нема докази... Нема „црно на бело“ дали можеби се' не завршило со... „црно на бело“? Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska/adrijana_acevska
 ]]>

Сани Гроздановска јавно „ја подбра“ Сања – Барбика: „Дали си ги изми забите пред да го спомнува моето име…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-javno-ja-podbra-sanja-barbika-dali-si-gi-izmi-zabite-pred-da-go-spomnuva-moeto-ime-foto/ Fri, 23 Apr 2021 07:31:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200177

Корона пандемијата го запре светот, ама не ги запре навиките на луѓето. Ковид - 19 ја запре музиката, ја „замрзна“ естрадата паркирајќи ја во лер заради неможноста да се настапува пред публика, но тоа не ги запре естрадните уметници „чат-пат“ да имаат по некaква активност. Дали импровизирани онлајн настапи од дома,  снимања нови песни во музичките студија или гостувања и снимања емисии за разни продукции и телевизии, сеедно... Колку - толку, естрадата, особено онаа од фолкот, „мрда“, покажувајќи знаци на живот, та биле тие и „на апарати“... И додека Ковид пандемијата запре многу нешта, истата таа естрада или барем поединци, покажуваат дека „војната ( во случајов на фолк) ѕвездите“, не може да ја запре ни короната. Имено, деновиве на социјалните мрежи кои се повеќе стануваат „поле за културен натпревар меѓу народите“, пардон,  „поле за бескруполозна размена на навредите“ и повеќе од тоа, осамна споделен статус на фолкерката Сања Сани Гроздановска која очигледно влегла во „отворена војна“ со својата колешка, имењачката Сања „Барби“ Цинцева. Конфликтот на двете фолкерки или поточно лутината на Сани јавно осамна на еден од нејзините профили во прашална форма: „Само да прашам... Сања Барби Цинцева дали си ги изми забите пред да го спомнува моето име јавно? Ако не, да и купам четка и паста!“ - напиша пред неколку дена очигледно разгневената кумановка, прозивајќи ја својата струмичка фолк колешка, која во продолжението на дискусијата со познатиот ТВ продуцент Ване Петковски ја нарече: „...Една што е се' во животот освен пејачка“! Дали лутината на Сани  бргу и мина или сфати „што направи“, дека по принципот: „Што на ум - тоа на друм“ и не е баш секогаш паметно да се постапи, па решила набрзина да го избрише објавениот статус! Арано ама... „Мистер Гугл“ има долго паметење, па го зачува нејзиното напишано мислење за колешката. Иако ниту Сани, ниту Барби потоа јавно не се изјаснија од каде толкав антигонизам, обилно збогатен со доза на револт и нетрпение помеѓу двете фолкерки, сепак естрадните кулоари ја „пронајдоа“ причината за лутината на Сани. Според се' уште непотврдени информации, проблемот се вика - „Петте грации“! Имено, споменатиот продуцент и познатата ТВ продукција за која работи, неодамна снимија музичко фолк шоу со 5 (нај)познати македонск фолк пејачки, насловено како „Петте грации“, во кое свои настапи имаат: Анета Мицевска - „Молика“, Елена Велевска, Сузана Гавазова, Адријана Ацевска - „Кеш“  и Сања Гроздановска - „Сани“. Како што забележувате меѓу нив ја нема Сања Цинцева - „Барбика“, што било тема на муабет, во кој наводно прашањето било, дали таа не заслужува да се најде меѓу „Петте грации“, наместо Сани, која наводно не припаѓа меѓу нив? Ваквите озборувања бргу дошле до ушите на кумановската фолкерка, која лута и навредена од спомнувањето на нејзинот име во таквата тематика, јавно „ја подбра“ Сања - Барбика! https://www.youtube.com/watch?v=gU2ZyoCNZzs Шоуто „Петте грации“ е веќе во најава и наскоро ќе ја доживее својата ТВ премиера, а ќе доживее ли јавноста да ја дознае вистинската приказна за кавгата помеѓу двете македонски фолкерки, останува да почекаме?! Што и да одлучат, која од нив и да реши да проговори, нашиот портал Вистина.ком.мк  е подготверн „прв вратата да и ја отвори“. Фото: Фејсбук/ Јутјуб/ Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja    ]]>

Фолк ѕвездите на забава крај базенот: Бујните дами го сервираа телесниот раскош (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/folk-dzvezdite-na-zabava-kraj-bazenot-bujnite-dami-go-serviraa-teleniot-raskosh-foto/ Tue, 09 Jul 2019 11:59:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96823

На „Гала ноќта на познатите личности крај базенот“ во луксузно украсениот екстериер на "Ковилово одморалиште", минатата ноќ се појавија  музичките ѕвезди.
Меѓу првите пристигна Ана Кокиќ која на новинарите и фоторепортерите им порача: „Сите ние имаме бујни гради, па ќе имате многу работа и страници исполнети со нашите раскошни атрибути“. „Гради во гради“ со неа можеше да се натпреварува Дара Бубамара, која дојде дури од Нови Сад и покрај здравствените проблеми.
„Ништо не е тешко за мојот пријател, уредникот на шоуто Ексклузивно, кое ми додели две награди. За најоригинален концерт и најинтересни изјави во споменатото шоу. Јадно што некои квазиѕвезди не дојдоа на овој гламурозен настан“, рече Дара, и ја праша Маја Беровиќ дали има спреј за комарци чија инвазија ја почувствува на себе.
„Тоа е затоа што таа е најслатка“, со насмевка коментира Маја Беровиќ.
На забавата присуствуваа и Јадранка Барјактавиќ, која ја доби наградата за „најдолги нозе на шоуто“, но истакна дека Снежана Бабиќ Снеки се уште е на тронот според неа.]]>