фолкери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Nov 2023 08:25:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолкери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во „Мерак меана“ се случуваат разни мераци: Фолкерите покажаа дека покрај пеењето, подеднакво добро го владеат и јазикот… ако не и подобро?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-merak-meana-se-sluchuvaat-razni-meratsi-folkerite-pokazhaa-deka-pokraj-peeneto-podednakvo-dobro-go-vladeat-i-jazikot-ako-ne-i-podobro-video/ Wed, 08 Nov 2023 08:09:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325870

Едно од ретките музички шоу програми во македонскиот ТВ етер  кое заслужува внимание да се помие времето покрај телевизорот е секако и фолк емисијата „Мерак меана“ на Сител телевизија. Навидум неформално опуштени, насмеани, распени, разиграни, македонските фолк ѕвезди ем се дружат и се забавуваат меѓу себе, ем ја чешлаат сопствната продукција и воопшто целокупната македонска  фолк ризница со своите живи изведби на нивните новосоздадени песни и познатите наши фолк бисери, ем прават сите покрај ТВ екраните што ги гледаат, вистински да уживаат. Дека е тоа такa, потврда е секоја нова епизода, во која покрај она што официјално може да се види на ТВ има уште многу нешта кои  иако се случуваат пред камерите, оние на телевизијата, а и оние на мобилните телефони, но се од ептен „интерен карактер“, па не се за покажување во емисија. Ама затоа по нешто од сето тоа неретко знае да осамне на социјалните мрежи, поточно на личните профили на македонските фолк ѕвезди. Понекоја интерна шега, зафрканција, „слатка провокација“... Колку да ја разбие монотонијата, заинтригира публиката и следбениците на Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, а неретко да предизвика и по некој првичен шок! Впрочем во „Мерак меана“ се случуваат разни мераци... Повеќето скриени, понекои (полу)јавни, ама сите заедно мошне забавни. Дека меракот е голем “нешто повеќе да се покаже“, покажа уште едно издание на фолк шоуто, во кое фолкерите овој пат покажаа дека покрај  пеењето, подеднакво добро го владеат и јазикот... Ако не и подобро?! Во главната улога и овој пат, кој друг ако не тој - Трајче Толевски - Мајка. Овој пат негова „јазична придружба“ две атрактивни фолк дами - Ирена Вељовска и Сања Цинцева - Барбика. Сите заедно како „дуо-трио“ во една поинаква улога - да покажат дека покрај тоа што се музички, се и одлично јазички потковани. Дејствието прва го отвори Ирена, откако Трајче проба да и запее на увце... Реакцијата на пејачката - мошне јазична. До душа не толку интензивна како возвратната на колегата, кој веднаш и го покажа и сопственото јазично умеење, со кое го замени претходното пеење. А штом кадарот се спушти на Сања Цинцева, втората дама до Трајче - Мајка за да не остане „јазично недоискажана“ и таа ја понуди својата  „јазична варијанта“, која русокосата Барбика како по навика, суптилно ја сподели низ полните усни! Како изгледаше оваа шоу на „вештите јазичари“ погледнете од  најновиот „мерак“ на македонски пејачки и музичари да ги покажат сите свои квалитети што ги поседуваат... И вокални и телесни, а отсега и... јазични!  ]]>