фолк менажерија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Mar 2022 08:31:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк менажерија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој лае, а кој мјаука на македонската фолк естрада: Тие две мачки, а тој „р’же не се др’же“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-lae-a-koj-mjauka-na-makedonskata-folk-estrada-tie-dve-machki-a-toj-r-ze-ne-se-dr-ze-foto-video/ Fri, 25 Mar 2022 08:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244308

Македонската фолк естрада и покрај сите тешкотии и премрежја, некако, како подобро да се снаоѓа од забавњаците во овие тешки времиња. Локалите и кафеаните им ги отворија вратите, свадби и веселби одново се прават, а и на телевизиите добиваат многу повеќе простор, имаат повеќе свои емисии отколку поп-рок и забавната естрадна фела. Отстрана гледано изгледа како народњаците и повеќе да се сложни, поинтензивно соработуваат  професионално, а и приватно како многу повеќе меѓу себе да се дружат. меѓу нив секако нема само врвни пејачи и инструменталисти, туку поедини естрадни ѕвезди умеат да бидат  и врвни забавувачи. И на сцената и надвор од неа и пред ТВ камерите професионално и пред камерите од мобилните, приватно... Меѓу сите фолк ѕвезди во шегите и забавата „за своја душа и туѓи очи и уши“ предничат неколку, од кои денес издвоивме  две... Една женска и една машка: пејачката Ирена Вељовска и музичарот Трајче Толевски. Ирена и додека траеше карантинот во корона  пандемијата со своите необични ТикТок и Инстаграм клипчиња се забавуваше себе си, ама и нејзините фанови и  следбеници, но и сите останати на социјалните мрежи. А, Трајче -„Мајка“ е буквално и „мајка и татко“ на шегата и забавата, па постојано наоѓа начин симопатично да ги „задева“ или што би рекле по скопски, „да ги ашка“, најчесто  своите колешки. Овој пат дуото се најде на исто место на едно ТВ снимање на познатиот музички фолк ТВ едиторијал „Мерак меана“. Но наместо атмосферата да биде распеана, овој пат беше „разлајана и размјаукана“. За дуото да стане „дуо-трио“ се погрижи уште една фолкерка - Јованка Житарова или сега попозната под уметничкото име Јова! Тие како две (згодни) мачки и физички и мјаукачки, а тој -  „р'же не се др'же“! Тројцата на едно место сликовито покажаа кој лае, а кој мјаука на македонската фолк естрада. Дали оваа нивна пародија е асоцијација на нечие пеење или само онака, чиста зафрканција за смеење, самите проценете. Како тоа изгледаше, погледнете во видеото во кое Трајче, Ирена и Јова ви го претставуваат својот „куќно-миленички перформанс“ од последната епизода на домашната серија: „Весела фолк менажерија“! Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/jova_official2020/Trajce Tolevski/Irena Veljovska]]>