фолк легенда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 May 2023 08:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк легенда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На македонската фолк легенда Петранка Костадинова песната и беше живот, а животот несреќно и згасна непосредно по последната испеана песна (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-makedonskata-folk-legenda-petranka-kostadinova-pesnata-i-beshe-zhivot-a-zhivotot-nesrekno-i-zgasna-neposredno-po-poslednata-ispeana-pesna-foto/ Fri, 12 May 2023 06:09:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301633

Петранка Костадинова, бисерното грло на македонската фолк музика и легенда на македонската новосоздадена фолк песна е родена е во Сомбор, Република Србија, како дете во семејство на бегалци од Егејска Македонија. Во нејзините детски години семејството прво се сели во Демир Капија, а тинејџерските и моминските години од младоста ги минува во Неготино. Песната ќе ја донесе во Скопје, каде што формира семејство и добива две машки деца. Кротката жена со топол глас, со кој знаеше да варира од рафиниран болежлив пискот, до нежно милување на ранети срца, толку типично и толку неизбежно во македонската народна песна, ги испеа најубавите македонски фолк рефрени како:  “Не кажувај либе добра ноќ”, “Кирјана”, “Слушни ја сестро песната”… Во својата триесетгодишна кариера, учествуваше на речиси сите фестивали на новосоздадена фолк песна, што никнаа во Македонија, од кои ќе останат запаметени песните: “Леонид со мајка вечера” од првото “Валандово”, “Мајсторе, мајсторе”, “Две калинки”, “Слушни ја сестро песната”, “Мајка”, дуетот со Ѓоко Дончев - “Името не го даваме”, хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ- “Една куќа, две жени”… Во текот на својата богата пејачка кариера, нејзините песни беа дел од многу изданија на носачи на звук – аудио касети и ЦД-а.                                                                          Таа е една од оние појави во македонската народна песна кои ја преставуваат врзната нишка, што го дава континуитетот на фолклорното творештво со новосоздадената фолк музика. Всушност, нејзината појава е врзана со почетоците на авторизација на песните пишувани во духот на народната староградска песна. За првпат таа ги има испеано песните на легендарниот автор, и хармоникаш Наско Џорлев: “Не кажувај либе добра ноќ” и “Во Струмица на улица”, пред речиси триесет и пет години. Оттогаш, Петранка Костадинова во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни бисери, но како и секој вреден изведувач, има барем една песна што се врзува за неговата интерпретација. Нејзина песна беше “Кирјана”, иако не помалку знаеше да ги растрепери срцата и со “Ја излези стара мајко”, “Едно малој моме”, “Трај душо трај”… И покрај врвните вокални кавлитети и извонредната интерпретација она што остана како неправда е дека речиси сиот свој живот Петранка била слободен уметник,                    невработена во ниту една инстутуција, иако својот живот го заврши како членка на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Но, таа за ништо не се жалела во животот. Била ненаметлива, тивка, скромна, приврзана за семејството. Со својата песна го имаше минато речиси целиот светсекогаш се потпирајќи само на својот неоспорен пејачки талент. Легенда со бисерно грло, жена со големо срце која и како мајка и како човек со бескрајна љубов со своето ненадејно заминување од овој свет оставила голема празнина во  животите на членовите на семајството, но и во макдонската фолк музика, зашто Петранка можеше уште многу да придонесе и даде. А трагедијата ќе се случи на 3 февруари 2002 година, во приквечерината на денот кога веста за нејзиното заминување ја остави Македонија во шок. Познатата пејачка се упокои по сообраќајната несреќа во центарот на Скопје, каде претходно таа била во музичките студија на МРТВ за да ја направи студиската снимка на песната што требало да ја изведува на престојниот фестивал на новосоздадена фолк песна со патриотска содржина  -“Гоце Фест”. Судбина било таа воедно да е и нејзината последна снимена песна. Како што на Петранка Костадинова песната и беше живот, судбинта сакал непостредно по последно испеаната песна животот за жал и да и згасне. ]]>

Уште една шокантна вест се проширил на Интернет дека починал Митар Мириќ: Фолк легендата е жив и здрав, се огласи дека не му може никој ништо, посилен е и од судбина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-shokantna-vest-se-proshiril-na-internet-deka-pochinal-mitar-mirikj-folk-legendata-e-ziv-i-zdrav-se-oglasi-deka-ne-mu-moze-nikoj-nishto-posilen-e-i-od-sudbina-foto/ Thu, 10 Dec 2020 12:44:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180203

Митар Мириќ, легендарниот српски фолк пејач кој го испеа големиот хит „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“  е уште една во низата јавни личности за кои некои корисници на социјалните мрежи објавија дека починала. Имено, една анонимна личност ја напишала оваа лажна вест, која брзо се прошири на Интернет. „Црните денови не завршуваат оваа година. Уште една  легенда нè напушти, овој пат можеби најголемата по Шабан. Колегите се збогуваат со солзи, а нашиот Митар замина“ - беше напишано во лажен пост на Фејсбук. Пејачот видно потресен од ова, веднаш решил да ја побара правдата на суд. „Со што се служат луѓето... страшно! Митар е жив и здрав. Ова се лажни вести! Сега ќе си поиграме малку на суд со оние што објавуваат лажни вести. Никој не ни може ништо...“  - беше одговорот на ПР тимот на Мириќ на неговата официјална страница на Фејсбук. Веднаш потоа се огласи и менаџерот на пејачот Амер Хоџиќ, кој потврди дека сè е во ред и дека Митар е сосема добро. Аца Лукас еднаш се соочи со слични проблеми, кога некои медиуми објавија дека тој починал, а во случајот на покојниот Шабан Шаулиќ, тоа се случуваше неколку пати, но за жал последната објава беше вистинита.]]>

Панчо – ДНК и Огнен Здравковски со иста песна се простија од Џеј: „Недеља“ како последен поздрав до фолк легендата во чии вени течеше и македонска крв (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-i-ognen-zdravkovski-so-ista-pesna-se-prostija-od-dzej-nedelja-kako-posleden-pozdrav-do-folk-legendata-vo-chii-veni-techeshe-i-makedonska-krv-video/ Mon, 07 Dec 2020 08:19:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179739

Замина Џеј... Замина уште една фолк легенда, во чии вени течеше и македонска крв. Човекот чии песни го растреперуваа срцето, ја топеа душата, ги нижеа емоциите во низа од солзи како бисери... Човекот кој како ретко кој знаеше да ја пренесе патината преточена во стихови низ песна, знаеше да го преслика животот во неколку строфи кои и најцврстиот успеваа да го разнежнат и најкрутиот да го растопат... Таква емоција во пеењето тешко дека ќе се повтори или можеби никогаш и нема... Естрадата тагува по загубата, колегите жалат по Џеј... И оние од српската естрада, но и целиот регион, меѓу кои и нашите естрадни ѕвезди, зашто Џеј не беше само пејачиште какво што се раѓа еднаш во векот, туку и мал - голем човек... Или поточно душа од човек... Со тежок живот, особено детството и тинејџерскиот период, боем од младоста па се до последниот, до судниот ден, до онаа судбинска „Недеља“ која пред многу години и самиот си ја испеа и опеа во веројатно неговиоит најголем хит и вечен фолк евергрин... Недела му беше и судниот ден кога престана да чука неговото срце, кршејќи ги срцата не само на неговите најблиски, најмилите, семејството, туку и на сите што го познаваа, се дружеа со него, пееја заедно, но и на сите оние кои ги знаеа и пееја неговите неповторливи песни... Од кафеана до свадба, од тага до веселба... Затоа естрадата и нејзините најголеми ѕвезди со огромна почит, со најголем пиетет се простуваат од Џеј... Со грст емоции, море од солзи и зборови преточени во највпечатливите стихови од неговите песни... Но и со испеани рефрени, со дел од неговите песни и во нив вткаено парче душа, за последно збогум на пријателот, на легендата... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/estradata-se-prostuva-od-dzej-ramadanovski-nedela-a-povekje-nema-da-ve-gushnam/ Македонските музички ѕвезди не се изклучок. Многумина повеќе или помалку познати го направија истото преку социјалните мрежи. Највпечатливи двајца естрадни уметници, едниот поискусен, другиот многу помлад. Едниот ар-ен-би ѕвезда другиот млада „Гранд ѕвезда“, едниот дел од во моментов најпопуларното дуо во Македонија, другиот еден од најперспективните млади пејачи кои потекнуваат од познато музичко семејство... Панчо - ДНК и Огнен Здравковски со огромна почит и респект се простија од Џеј Рамадановски со иста песна... Онаа неговата, судбинска, во која уште оддамна самиот си го претскажа и опеа денот кога замина - „Недеља“. „Еден од моите омилен еснаф фолк изведувачи. Легендо, боемчино, патувај спокојно“ - најпрвин напиша Панчо ставајќи емотикон со скршено срце покрај споделениот пост. Потоа, сподели уште еден со видео, на кое и самиот ја изведува песната некаде, во кафеана иако фолкот ниту оддалеку не му лежи, ниту е „негова музика“... Но емоцијата што ја носеа песните и интерпретацијата на Џеј, очигледно се сечии... „Кога другарите ме тераат да им 'пеам' секогаш го бирав него и Недеља“ - напиша Панчо па покрај споделеното видео со неговата изведба. Младата македонска „Гранд ѕвезда“, дете од едно од најпознатите наши музички семејства - Џорлеви, пејачот Огнен Здравковски исто така речиси на идентичен начин се прости од Џеј. „Недела и сите сме тука, а тебе со нас те нема... Почивај во мир легендо“ - напиша Огнен во прошталната порака покрај видеото на кое и тој изведува дел од вечниот судбински евергрин на Џеј. ]]>

Почина уште една естрадна фолк легенда: Неговиот хит „Ти си жена мог живота“ и после речиси пет децении и денес се пее https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-ushte-edna-estradna-folk-legenda-negoviot-hit-ti-si-zena-mog-zivota-i-posle-rechisi-pet-decenii-i-denes-se-pee/ Fri, 22 May 2020 10:01:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151026

Почина српскиот фолк пејач од постарата генерација Мирослав Радовановиќ, кој ќе остане вечно запаметен по неговиот голем хит од 1973 година „Ти си жена мог живота“ , кој подоцна стана евергрин, песна која ја пееа и се' уште ја пеат многу генерации. Многу од неговите колеги се збогуваат со фолк легендата преку социјалните мрежи, меѓу кои и познатиот  пејач Мирољуб Брзаковиќ - Брзи, кој во својот пост како последно збогум напишал: Замина во вечноста уште еден мој драг колега, а јас имав задоволство да го запознаам и лично, пред неклку години на снимањето на новата програма на ТВ Браничево, ако се сеќавам добро и уште при  првиот контакт со него почувствував дека тој е добар и чесен човек... Остануваат некои песни како ваа што ги снимил во 1973 година, што ќе се пеат додека постојат луѓето и светот“ - напишал Брзи во својот пост. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=xQDyWn7PMsk&feature=emb_logo]]>