фолк фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Feb 2022 13:27:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По пауза од неколку години повторно „Прилеп фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/po-pauza-od-nekolku-godini-povtorno-prilep-fest/ Thu, 10 Feb 2022 13:27:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238612

По пауза од неколку години, на радост на љубителите на добрата македонска народна песна, оваа година повторно ќе блесне фестивалот „Прилеп фест 2022“. Традиционално фестивалот ќе се одржи во домот на културата „Марко Цепенков“ и тоа на 26 мај (четврток), а покровител на истиот ќе биде Општина Прилеп. „Прилеп Фест“ е познат по тоа што на него досега имаат продефилирано најквалитетните музички имиња од нашата земја кои оставиле бројни хитови. Организаторите на фестивалот „One Way“ продукција, односно Борче Нечoвски и Дејан Момироски, велат дека оваа година прилепчани ги очекува вечер со квалитетни песни и тоа отпеани од најзвучните имиња од нашата фолк-сцена.
Ни претставува огромно задоволство што повторно ќе го вратиме овој фестивал, бидејќи тој беше и ќе остане еден од симболите на градот Прилеп. Она што може да го ветиме, е квалитетна музика, познати изведувачи докажани на македонската сцена, а се разбира можност ќе добијат и неколку нови имиња, велат организаторите.
На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а своето учество веќе го потврдија етаблираните ѕвезди: Наум Петрески, Анета Молика, Елена Велевска, Татјана Стефановска, Андријана Кеш и уште неколку други. Она што е важно да се напомене, е дека фестивалот ќе биде емитуван на една наша национална телевизија, а натпреварувачите или ако сакате изведувачите ќе бидат наградени со признание од публиката, како и стручна жирикомисија. Исто така ќе биде доделена и наградата за животно дело.
]]>

Почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-pece-atanasovski/ Fri, 02 Jul 2021 13:05:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209520

Во Прилеп и во Долнени денска и утре ќе е одржува, по 47-ми пат, Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а втората фестивалска вечер е утре од 19 часот на Рудина кај Долнени. Околу 320 учесници од сите краишта на земјава овие два дена ќе ги разлеваат кавалот, гајдата, зурлата, изворната песна, ќе одекне тапанот укажувајќи на негувањето и чувањето на богатиот изворен мелос. Како што објаснува секретарот на Фестивалот, етномузикологот Горан Василески, оваа национална манифестација успешно ги остварува целите, зашто како придружен дел се и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни и Симпозиумот насловен „Фолклорот во минатото и денес“.
„Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ еден е од ретките кој не го загуби континуитетот и во пандемија. Жилаво опстојува, еве, речиси половина век. Имаме околу 320 учесници, а интересот за учество, кога се пријавуваа пролетоска, беше околу 600, но мораше да се направи селекцијата. Лани поради пандемијата и уште потешките состојби, имавме редуциран број изведувачи, околу 130, а сите се желни да се чуе изворната песна, да покажат, од сите краишта, што имаат во наследство од предците, низ вековите. А токму тоа е целта на Фестивалот: да го негува, да го зачува и да да го пренесува на помладите генерации богатиот изворен фолклор“ - вели Василевски.
На Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, кој и годинава се одржуваше „он-лајн“ (од 28 јуни до 1 јули), учествуваа 12 млади од Кочанско и Прилепско. Тие својата умешност во изведување изворен мелос ќе ја покажат на втората фестивалска вечер, на Рудина, Долнени. Утре од 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ на кој еминентни етномузиколози ќе ги претстават трудовите од повеќе области на фолклористиката. Издаден е и вториот Зборник трудови од фолклористиката. Фестивалот ќе ги награди најдобрите изведувачи. Најголеми се наградите: Гран при за најдобри изведувачи во целина и за најдобриот гајдаџија Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени.]]>