фолк фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Feb 2024 13:25:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 5-ти март во Домот на АРМ: 24-то издание на „Роса фолк фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-5-ti-mart-vo-domot-na-arm-24-to-izdanie-na-rosa-folk-fest/ Mon, 26 Feb 2024 13:25:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340141

Радио Роса и продукција Роса, кои се организатори на овој традиционален настан,  го најавуваат 24-то издание на познатиот музички фолк фестивал „Роса фест“ кое и годинава е ревијално. Фестивалот ќе се одржи на 5-ти март во Домот на АРМ. А како и секое фестивалско издание, така и на ова, ќе бидат доделени награди за животно дело. Овој пат, оваа награда ќе им припадне на Тодор Трајчевски (постхумно), познатата пејачка Цветанка Ласкова и на текстописецот Орце Зафировски. Оваа година интересно е што освен ова мартовско фестивалско издание, организаторите го најавуваат и редовното ноемвриско издание на „Роса фест“. Практично, два фестивали во една година. На 5-ти март на сцената на Домот на АРМ на „Роса фест“ че настапи познатата македонска музичка елита без која ниту едно фестивалско издание не може, меѓу нив ќе ги споменеме: Благица Павловска, „Биоритам“, Дамјан Стојановски, Анета Љумаковска, Ибуш Ибраимовски, групата „Фортуна“, Стојне Николова, Сузана Гавазова, Даце Николовски, Благооја Груевски… и многу други. А традиционално и овој пат водителка на фестивалот ќе биде шармантната Ирена Спировска.]]>

Сашо Костадиновски од триото „Кладенец“ среде настап на фолк фестивалот во Лешок ја побара девојката за жена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sasho-kostadinovski-od-trioto-kladenec-srede-nastap-na-folk-festivalot-vo-leshok-ja-pobara-devojkata-za-zena-video/ Fri, 30 Aug 2019 07:40:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104371

На неодамна завршениот „Лешочки фолк фестивал“, настапи и вокалното трио „Кладенец“, кои беа еднии од оние изведувачи кои изведоа свадбарска песна, насловена „Свадба најубава“. Уште во најавата водачот на триото Сашо Костадиновски спомна дека песната е посветена на неговата свршеница и нивниот иден кум.
Но главното се случи по завршувањето на нивниот настап. Имено, Сашо тогаш ја повика својата сакана Даниела на сцената, клекна на колена, извади веренички прстен и ја праша дали сака да се омажи за него. Се разбира таа иако изненадена и шокирана со раширени раце го прифати предлогот да стане негова идна сопруга.
Погледнете како изгледаше тој убав и емотивен чин на фолк фестивалот во Лешок: https://www.youtube.com/watch?time_continue=381&v=x-ET3n5K4dM  ]]>

Ѓоко Јовиќ со Енерџи Бенд го наполнија Валандово кое пулсира фестивалски https://arhiva.vistina.com.mk/gjoko-jovikj-so-enerdzi-bend-go-napolnija-valandovo-koe-pulsira-festivalski/ Tue, 28 May 2019 10:39:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90004

Повеќе од два часа траеше вчеравечер, понеделник, 27 мај 2019, концертот на Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд“ на плоштадот во Валандово, со што беше најавено годинашново издание на најстариот македонски фестивал на  новокомпонирана народна песна -,,Фолк Фест Валандово’’. Јовиќ кој во 2006 тата со песната ,,Црвена вишна’’ победи на овој фестивал, пред присутните гости, отпеа повеќе хитови од Фолк Фест , песни од својот репертоар но и од Тоше Проески.
Плоштадот во Валандово беше полн со гости кои уживаа во хитовските песни и забавата што ја понудија уметниците. Валандовчани коментираа дека никогаш досега немало таква раздвиженост во ова фестивалско гратче а угостителите се потрудија да одговорат на барањата на гостите кои ги имаше од целиот регион. Годинава како увертира на Фолк Фест Валандово, организаторот – општина Валандово одлучи да воведе ,,Денови на музиката’’ односно да се одржуваат музички концерти на плоштадот. Вечерва според програмата свој концерт ќе има ,,Астра Бенд’’ додека утревечер Сузана Гавазова. Ревијалната вечер на фестивалот ќе биде во четврток додека финалната со новите 20 народни песни во петок. Извор: Дрнка.мк]]>

Фолк-фест „Валандово 2018“ одново во мај https://arhiva.vistina.com.mk/folk-fest-valandovo-2018-odnovo-vo-maj/ Mon, 12 Feb 2018 11:56:08 +0000 http://vistina.mk/?p=12455

Новото издание на фолк-фестивалот „Валандово“ ќе се одржи на 24 и 25 мај годинава, соопшти градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на прес-конференцијата што се одржа минатата недела. „’Фолк-фест Валандово’ опстојува повеќе од три децении и претставува еден од најзначајните фестивали за фолк-музика на Балканскиот полуостров. Почетоците на фестивалот се од 1985 година. Досега на фестивалот имаат настапено најголемите македонски и балкански звезди од фолк музиката, а исто така се имаат испеано и најголемиот дел од македонските фолк хитови“, рече градоначалникот Костадинов. Поради вредносното значење на „Фолк-фест Валандово“, за македонската култура, како и поради неговото долгогодишно обезличување, одлучено е оваа година да се формира програмски совет кој ќе раководи со фестивалот и кој ќе биде составен од врвни професионалци од музичката фела. Членови на Советот се професорот Живојин Глишиќ, пејачот Ефто Пупиновски, композиторот Методија Антовски и културниот работник Ѓоко Павлов. Конкурсот за новокомпонирани композиции е продолжен денес и ќе биде отворен до 28 февруари. Медиумски партнер на фестивалот како и досега ќе биде МРТВ. Извор: Курир.мк]]>