фолк фест Валандово 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 09:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк фест Валандово 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ победи на „Фолк фест Валандово 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/mishko-krstevski-so-pesnata-emas-ubava-pobedi-na-folk-fest-valandovo-2023/ Mon, 29 May 2023 05:58:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304007

Викендов се одржа 36-то издание на популарниот „Фолк фестивал Валандово 2023“, каде на главната фестивалка вечер која се одржа во неделата (28 мај 2023) во фестивалската сала „Јанко Узунов“,  на сцената беа исполнети 20 новосоздадени македонски песни. На фестивалот беа доделени повеќе награди за учесниците. Првата награда ја доби Мишко Крстевски за песната ,,Ема убава”, со музика, текст и аранжман на Љупчо Трајковски – Фис... Втората награда отиде во рацете на Елена Андоновска за песната ,,Ни седум неба, ни седум гори”... А, третото место го освои Анета и групата Молика со песната ,,Букети од сомнежи”. Наградата за најдобар дебитант ја доби Адријана Ацевска, позната како Адријана Кеш, за песната ,,Проклет да си”, наградата за најдобар текст ја доби Нино Величковски за песната ,,Песна беше живот мој” со текст на Огнен Неделковски, а Елена Андоновска освои награда и за најдобра интерпретација. Наградата за животно дело годинава  му се додели постхумно на пејачот Ѓоко Дончев, а во паузата на гласањето на фестивалската вечер беше изведен омаж за починатиот музичар, Милан Завков. Наградите се доделуваа со гласање на публиката во салата и гласовите на стручното жири, а фестивалската вечер беше директно пренесувана на МРТВ. Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов им ги врачи наградите на изведувачите. Фестивалот помина во убава атмосфера, надополнета со двете предфестивалски вечери на отворено, со многу музички гости и посетители од целата земја. На нив настапија Жељко Самарџиќ, Јоце Панов и „Распеани валандовчани“ на првата и  Ефто Пупиновски, Ана Бекута и „Куку леле“ на втората предфестивалска вечер на Градскиот плоштад во Валандово со кои беше крената завесата на 36.издание на Фолк фест „Валандово 2023“. Фото: Фејсбук принтскрин]]>

„Фолк фест Валандово 2023” годинава на 28 мај со познати македонски музички имиња https://arhiva.vistina.com.mk/folk-fest-valandovo-2023-godinava-na-28-maj-so-poznati-makedonski-muzichki-imina/ Thu, 18 May 2023 12:36:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302775

36. издание, на „Фолк фест Валандово 2023″ годинава ќе се одржи на 28 мај (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат изведени 20 новосоздадени фолк композиции, кои на прес конференцијата одржана на 17 мај 2023 (среда) беа распоредени преку жребување. На ревијалниот дел од натпреварувачката вечер, фестивалскиот оркестар ќе настапи со музика и во чест на починатиот бард на македонската фолк музика, Милан Завков. Награда за животно дело оваа година постхумно ќе се додели за Ѓоко Дончев, за се што сторил зад себе за Валандово и валандовскиот фестивал на новосоздадена фолк музика. На 26 и 27 мај, на градскиот плоштад во Валандово ќе се одржат две предфестивалски вечери на кои ќе настапат реномирани изведувачи од македонската и балканската музичка сцена. На 26.05.2023 (петок) сопствен настап ќе имаат: Распеани валандовчани, Јоце Панов и Жељко Самарџиќ, додека пак на 27.05.2023 (сабота) ќе настапат: Ефто Пупиновски, Ана Бекута и Куку Леле. Фолк Фест Валандово, игра историска улога во создавањето и зајакнувањето на македонскиот идентитет. Преку истиот се создава нова вредност и се продолжува традицијата, која е од особена национална важност. Влезници за фестивалот, можат да се набават во Домот на култура 25Мај во Валандово.]]>

„Фолк фест Валандово 2023” годинава со богата музичка програма и ОФФ вечери на градскиот плоштад https://arhiva.vistina.com.mk/folk-fest-valandovo-2023-godinava-so-bogata-muzichka-programa-i-off-vecheri-na-gradskiot-ploshtad/ Wed, 19 Apr 2023 12:26:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298719

Се подготвува 36-то издание на традиционалниот фестивал на новокомпонирани фолк песни „Фолк фест Валандово” кое годинава е најавено со богата музичка програма. Фестивалот оваа година ќе се одржи од 26-ти до 28-ми мај, три дена, од кои првите две вечери ќе бидат неофицијални или таканаречени OFF вечери каде на валандовскиот градски плоштад на сцената ќе се појават голем број на познати музички имиња, како од Македонија, така и од Балканот. Трета вечер е планирана да биде онаа официјалната кога и ќе се одржи музичкиот фестивал „Фолк фест Валандово”. Па така, првата вечер, односно на 26-ти мај на сцената на градскиот плоштад ќе настапат: „Распеани валандовчани”, Јоце Панов, како и познатиот и популарен пејач од Србија, Жељко Самарџиќ. Втората вечер пак, на истата сцена на градскиот плоштад ќе настапат: Ефто Пупиновски, познатата српска пејачка Ана Бекута која своевремено има настапено на овој познат македонски фолк фестивал, како и познатата македонска поп група „Куку Леле”. На 28-ми мај ќе се одржи натпреварувачката и официјална вечер кога во Фестивалската сала „Јанко Узунов” ќе настапат голем број на познати македонски музички имиња со свои новокомпонирани песни. Инаку, „Фолк фест Валандово” стана препознатлив симбол на градот, за прв пат се одржа во 1985 година од кога и голем број на музички македонски и балкански ѕвезди ја започнаа својата музичка кариера и оставија богата музичка ризница која и ден-денес се слуша.]]>