фолк фест валандово 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 May 2018 08:57:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк фест валандово 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Благица Калева со песната „Горда мајка“ победи на „Фолк фест Валандово 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/blagica-kaleva-so-pesnata-gorda-majka-pobedi-na-folk-fest-valandovo-2018/ Mon, 28 May 2018 08:55:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29070

Благица Калева со песната „Горда мајка“ триумфираше на 33. издание на  „Фолк фест Валандово 2018“ коe се одржа на 24 и 25 мај во фестивалската сала „Јанко Узунов“ при Домот на културата „25 мај“.  Автор на музиката е пејачот Горан Тодоровски, аранжманот е на Дејан Миленковски, а стиховите ги потпишува Ице Беличев. Благица и авторскиот тим освоија парична награда од 1.500 евра и статуетка златна калинка.
Познатата пејачка која пред 15 години во сообраќајна несреќа ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин со оваа емотивна балада инспирирана од нејзиниот живот ги освои симпатиите на публиката. Овојпат, песната беше посветена на нејзината ќерка Марија.
„Таа е мојата светлина во животот. За неа живеам и се борам. Редно беше и нејзе да ѝ посветам песна од мојата ризница“ - изјави победничката на годинешниот фолк фест „Валандово“.
Второто место го освои темата „Умирам по тебе“, во изведба на некогашниот ексклузивец на „М2 продукција“, Филип Божиновски, кој се закити и со наградата за најдобар дебитант, а третото место му припадна на Благоја Грујовски за композицијата „За нас“.
33. издание на фестивалот започна со ревијалната вечер, која помина во знакот на најуспешните автори на новосоздадена македонска песна изродена на „Фолк-фест Валандово“ –  Љупчо Трајковски-Фис, Миле Барбаровски и Григор Копров, а во рамките на натпреварувачката вечер, на 25 мај, ревијален настап имаше и босанската фолк ѕвезда Ханка Палдум.
Изведувачите во двете фестивалски вечери беа придружувани од оркестар составен од едуцирани музичари од ФМУ, кои сега се членови на оркестрите во МОБ и Филхармонијата, а водители на манифестацијата беа Ирена Спировска и Нино Величковски.
Фестивалот годинава имаше и нов начин на гласање, односно во одлуката за наградите со 60 проценти учествуваше жирито, а со 40 отсто публиката, додека телефонското гласање беше исклучено.
Покрај оние за прво, второ и трето место (во вредност од 1.500, 1.000 и 750 евра), доделени беа и награди за најдобар аранжман (Мартин Вучиќ)...
...за најдобар текст (Орце Зафировски) и за најдобра интерпретација (Мерима Његомир), секоја од нив во вредност од 500 евра. ]]>

„Фолк-фест Валандово 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/folk-fest-valandovo-2018/ Wed, 16 May 2018 10:44:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27323

Фолк фестивалот „Валандово 2018“ годинава ќе се одржи на 24 и 25 мај. Првата фестивалска вечер на неговото 33-то издание ќе биде од ревијален карактер и на неа ќе бидат изведени музички нумери од тројца досега најизведувани автори на валандовскиот фестивал – Григор Копров, Миле Барбаровски и Љупчо Трајковски – Фис. Во втората ќе се натпреваруваат 19 нови фолк-мелодии, одбрани од вкупно 90-те што пристигнаа на конкурсот. Првата награда ќе изнесува 1.500 евра, втората 1.000 евра и третата 750 евра. Сето тоа беше соопштено на неодамнешната конференција за медиумите, на која за овој фестивал зборуваа и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, советничката за култура Цветанка Ласкова, Петрит Сарачини, исто така од Министерството за култура, претседателот на Уметничкиот совет на фестивалот, Живоин Глишиќ, и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов. Фотографија на Фолк Фест Валандово 2018. Министерот истакна дека „Фолк-фест Валандово“ е значајна манифестација за македонската народна музика, на која во нејзините најдобри времиња се презентирале песни кои потоа станале толку популарни што многумина веќе не ги доживуваат како авторски, туку како народни песни.   Изведувачите во двете вечери ќе бидат придружувани од оркестар составен од едуцирани музичари од ФМУ, кои сега се членови на оркестрите во МОБ и Филхармонијата. Според Живојин Глишиќ, снимањето на материјалот е во завршна фаза и се очекува пред фестивалот да биде издаден и компакт-диск. Инаку, годинава има новини и во начинот на гласање на фестивалот, така што во одлуката за наградите со 60 проценти ќе учествува жирито, а 40 отсто публиката. Жирито ќе биде составено од седум члена, а телефонско гласање нема да има. За време на гласањето, свој мини-концерт како специјална гостинка ќе има босанската фолк легенда Ханка Палдум со својот оркестар. Извор: Макфакс/ Фото: Фејсбук]]>