фолк фест роса 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2018 12:50:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк фест роса 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тања Јовановска ви ја подарува фолк баладата „Дишам за нас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-jovanovska-vi-ja-podaruva-folk-baladata-disham-za-nas-video/ Tue, 02 Jan 2018 12:44:03 +0000 http://vistina.mk/?p=8521

Фолк пејачката Тања Јовановска сними спот за нејзината балада насловена “Дишам за нас”, песната која ја изведе на последниот „Фолк фест Роса 2017“. Спотот е сниман на неколку локации во Куманово, во соработка со ИН продукција.
Пејачката истакна дека снимањето помина одлично, спотот е нешто сосема поинакво од она што досега го работела.
„Како самата песна, така и видео записот е нешто поразлично од тоа што досега сум го работела. Се работи за преубава балада. Конечно можам да кажам дека после толку години на естрадата и изведба на новокомпонирана македонска музика, се пронајдов себеси, односно го пронајдов стилот што го сакам“ - ќе изјави Јовановска за ТВ магазинот на ИН продукција. Музиката и аранжманот се авторско дело на Мите Стоилков, а текстот го напиша Љупчо Василев. Спотот се снимаше во Центарот за култура во Куманово и во ресторанот Палас Гарден. Во видеото покрај Тања се појавува и младата балерина Ива Илиевска.
„Во спотот се појавува и Ива Илиевска, девојче кое  игра во 2 I Dance Sisters Studio” и е една од нашите најдобри балерини во Македонија, пред која  претстои многу светла иднина“ - додава Тања, а ние ви нудиме да го погледнете видеото за „Дишам за нас“ како новогодишен подарок од македонската фолк ѕвезда за сите Вас. https://www.youtube.com/watch?v=l5sPeOukW5M  ]]>

Сузана Гавазова е „Опасна за око“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-e-opasna-za-oko-audio/ Thu, 07 Dec 2017 12:31:34 +0000 http://vistina.mk/?p=6061

Минатата недела Сузана Гавазова имаше еден од најзабележителните настапи  на „Фолк фест Роса 2017“, каде се претстави со песната насловена „Опасна за око“. Настапот и имиџот на сексапилната Гавазова во духот на насловот: слободен, провокативан, а таа со својата маркантност ги засени речиси сите останати изведувачи.
Облечена во секси црно боди и врз него мантил, со длабоко деколте од кое кипеа нејзините бујни облини, во мрежести чорапи и високи црни чизми над коленици, во стилот на домино дама, таа го истури најпровокативното на себена сцената. Опасна за око, ама и по здравјето... Особено за оние со слабо срце!
Инаку, автор на музиката на „Опасна за око“ е Борче Димитров, стиховите ги напиша Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги направил Дејан Момировски.
Гавазова песната на фолк фестивалот „Роса 2017“ ја изведе заедно со блех оркестарот на популарниот Џамбо Агушев, а во недостаток на видеозапис од истата, слушнете како таа звучи. https://www.youtube.com/watch?v=exDQWk7DCpg&feature=share]]>

Ревија на истурени гради, длабоки деколтеа, високи чизми и мрежести чорапи: Елена Велевска е прва во се’… ама, дали баш во се’? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/revija-na-istureni-gradi-dlaboki-dekoltea-visoki-chizmi-i-mrezesti-chorapi-elena-velevska-e-prva-vo-se-ama-dali-bash-vo-se-foto/ Fri, 01 Dec 2017 08:43:18 +0000 http://vistina.mk/?p=5328

Вчеравечер, четврток,  30 ноември 2017 во Македонската Опера и Балет (МОБ) со почеток во 20:00 часот се одржа годинешното издание на  Фолк фест Роса 2017, кој традиционално го организира специјализираното фолк радио - Радио Роса. На големо задоволство на сите обожаватели на фолк музиката, на фестивалот  настапија дел од најдобрите музички имиња на македонската фолк сцена како и некои нови имиња на кои публиката допрва ќе им даде шанса и доверба.
Меѓу попознатите кои оваа година се појавија на сцената на МОБ  на Фолк фест Роса 2017 беа: Душко Георгиевски, Благица Павловска, Мишко Крстевски, Оркестарот Дрим Тим,  Сузана Гавазова, Наум Петрески, Елена Велевска, Нино Величковски, Кате & Нели  ти реков, Зуица Лазова, Борче Наумовски, Анастасија Петреска, Гоце Пејковски, група Виртус и др.
Фолк естрадата како и секогаш... впечатлива не толку по песните колку по имиџот! Dа се разбереме, не дека на Фолк фест Роса 2017 имаше лоши песни... ама она што го покажаа како имиџ, ѕвездите од македонската фолк сцена, особено дамите, беше вистинска модерна модна ревија. На сцената „фрштеа“ деколтеа и секси стајлинг, кои совршено го надополнуваа ионака сексапилниот изглед пејачките.
Како и обично, во провокативниот изглед предничеа Елена Велевска, Сузана Гавазова, Стојне Николова, Татјана Јовановска...
Истурените бујни гради од длабоките деколтеа на првите две ги мамаеа воздишките кај  посилниот пол, чии припадници не можеа да ги одлепат погледите од нив. И на сцената и зад неа!
Првата со ултрамодерен имиџ во бел корсет, мрежести чорапи и црни полувисоки чизми, по теркот на светските ар ен би ѕвезди од типот на Рита Ора, Бебе Реџа, Ники Минаж... Па не случајно песната на Велевска носи наслов „Прва во се’“!?
И можеби и е прва, ама само меѓу нашите  фолкерки... Зашто на македонската естрада тој имиџ е „веќе видено“ кај поп пејачките... Ања Ветерова или Александра Јанева, на пример! Впрочем погледнете ги видеата за „Рам бам бам“... или „Бам, бам“ и ќе ви биде појасно!
Сузана Гавазова ја шокираше публиката во својата садо-мазо комбинација...
„Штета што нема камшик наместо микрофон“ - беше еден од коментарите во публиката! Ама затоа има се друго што треба да има! Дури и вишок, кој како тазе нараснато тесто се прелеваше од длабокото деколте на црниот корсет! Стасот и гласот, кај Гавазова се подразбираат!
Стојнето Николова и Татјана Јовановска нешто посмирени во имиџот, ама сепак доволно секси за и тие како и споменатите нивни колешки да ги разгорат машките мечти.
А каде што има чад, има и оган...  Оној што се гледа - е во настапите на сцената, секако! Останато... е во доменот на машката и не само машката фантазија! ]]>