фолк естрада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Mar 2022 08:31:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк естрада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој лае, а кој мјаука на македонската фолк естрада: Тие две мачки, а тој „р’же не се др’же“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-lae-a-koj-mjauka-na-makedonskata-folk-estrada-tie-dve-machki-a-toj-r-ze-ne-se-dr-ze-foto-video/ Fri, 25 Mar 2022 08:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244308

Македонската фолк естрада и покрај сите тешкотии и премрежја, некако, како подобро да се снаоѓа од забавњаците во овие тешки времиња. Локалите и кафеаните им ги отворија вратите, свадби и веселби одново се прават, а и на телевизиите добиваат многу повеќе простор, имаат повеќе свои емисии отколку поп-рок и забавната естрадна фела. Отстрана гледано изгледа како народњаците и повеќе да се сложни, поинтензивно соработуваат  професионално, а и приватно како многу повеќе меѓу себе да се дружат. меѓу нив секако нема само врвни пејачи и инструменталисти, туку поедини естрадни ѕвезди умеат да бидат  и врвни забавувачи. И на сцената и надвор од неа и пред ТВ камерите професионално и пред камерите од мобилните, приватно... Меѓу сите фолк ѕвезди во шегите и забавата „за своја душа и туѓи очи и уши“ предничат неколку, од кои денес издвоивме  две... Една женска и една машка: пејачката Ирена Вељовска и музичарот Трајче Толевски. Ирена и додека траеше карантинот во корона  пандемијата со своите необични ТикТок и Инстаграм клипчиња се забавуваше себе си, ама и нејзините фанови и  следбеници, но и сите останати на социјалните мрежи. А, Трајче -„Мајка“ е буквално и „мајка и татко“ на шегата и забавата, па постојано наоѓа начин симопатично да ги „задева“ или што би рекле по скопски, „да ги ашка“, најчесто  своите колешки. Овој пат дуото се најде на исто место на едно ТВ снимање на познатиот музички фолк ТВ едиторијал „Мерак меана“. Но наместо атмосферата да биде распеана, овој пат беше „разлајана и размјаукана“. За дуото да стане „дуо-трио“ се погрижи уште една фолкерка - Јованка Житарова или сега попозната под уметничкото име Јова! Тие како две (згодни) мачки и физички и мјаукачки, а тој -  „р'же не се др'же“! Тројцата на едно место сликовито покажаа кој лае, а кој мјаука на македонската фолк естрада. Дали оваа нивна пародија е асоцијација на нечие пеење или само онака, чиста зафрканција за смеење, самите проценете. Како тоа изгледаше, погледнете во видеото во кое Трајче, Ирена и Јова ви го претставуваат својот „куќно-миленички перформанс“ од последната епизода на домашната серија: „Весела фолк менажерија“! Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/jova_official2020/Trajce Tolevski/Irena Veljovska]]>

Овој човек ги прави најеротските фотографии на македонските фолк ѕвезди (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-chovek-gi-pravi-najerotskite-fotografii-na-makedonskite-folk-dzvezdi-foto/ Sat, 14 Nov 2020 09:15:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28601

Македонската фолк естрада можеби не е толку голема и развиена како оние на нашите соседи, па затоа и не можеме да се мериме и носиме со нивната популарност, што не значи дека каскаме зад нив во останатите сегменти. Квалитетот, изведбата, изборот на музички ѕвезди... Меѓу нив, кога се оние од понежниот пол во прашање, имаме грст дами кои можат да им бидат апсолутно конкурентни на Србинките или Бугарките на пример и тоа во сите сегменти: од глас до стас и сексапил.
Елена Велевска, Сузана Гавазова, Татијана Стефановска, Џесика Палашоска,Сања Барби Цинцева, Адријана Кеш... се само дел од имињата кои  својот изглед и сексапил знаат да го истакнат, покажат, продадат...
Не ретко на социјалните мрежи или во медиумите публиката има можност да ги види нивните разголени фотографии, на кои тие ја сервираат сета своја убавина, раскошните атрибути, сексапилот, еротичноста... Убаво за око, скокотливо за сетилата, еротски, а сепак уметнички, а не вулгарно...
Има неколку фотографи кои ја сликаат фолк естрадата, секој на свој начин и со своја визија, но се чини дека најубавите уметничко-еротски фотографии ги има направено, тој - момчето по име Томе Табанов.
За него можеби и не се знае многу зашто не е толку експониран како лик во јавноста, но неговите дела олицетворени во еротската уметност видена низ окото на неговиот објектив кога се македонските фок ѕвезди во прашање, говори повеќе од илјада зборови. Не попусто велат: Еднаш видено, како сто пати кажано!
И веројатно до сега сте ги виделе неговите фотографии, ама можеби не сте знаеле дека се негово дело, на младиот уметнички фотограф и дизајнер Томе Табанов од Струмица.
Токму нему најпознатите македонски фолк ѕвезди му го доверуваат своето тело и својот изглед, особено кога треба да се нагласи нивната сексапилност, еротската компонента, провокацијата... И сето тоа да биде возбудливо, скокотливо, разголено, а сепак да не биде визуелно вулгарно, туку пристојно... И се разбира, квалитетно направено.
Колку за да ве потсетиме, погледнете на што мислевме кога зборуваме еротската естетика во делата на младиот македонски  уметнички фотограф:
 ]]>

Миа Борисављевиќ доби нова титула – „најгазлеста кралица“ на фолк естрадата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-borisavljevikj-dobi-nova-titula-najgazlesta-kralica-na-folk-estradata-foto/ Wed, 02 Sep 2020 11:18:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165491

Атрактивната пејачка Миа Борисављевиќ мислеше дека е дебела,  па сакајќи да го скрие стомакот, успеа да измами воздишки кај мажите. Оваа популарна дама објави неколку свои фотографии во костим за капење, на кои есе фотографирала одзади, од зад грб, за наводно да не ги прикаже  здодевните вишок 3 килограми, кои си умислила дека ја прават дебела. Но, на фотографиите одзади, криејќи едно, Миа несакајќи покажала друго, со тоа што го истакнала својот секси задник во преден план. Оваа сцена особено ги воодушеви мажите кои ја следат популарната пејачка, па сега тврдат дека токму таа го преземала приматот  - „најгазлеста кралица“ на фолк естрадата. Титула за почит и возбуда, која многу други би сакале да ја поседуваат, зашто конкуренцијата на естрадата и во оваа категорија е мошне жестока... Од Сандра - Африка, преку Цеца, до Милица... Сепак, Миа, барем засега - заслужено гордо ја носи. А Бога ми и добро и стои! ]]>

Колешките на Сани и приредија изненадување, па и дојдоа на роденден, облечени како за… легнување! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koleshkite-na-sani-i-priredija-iznenaduvanje-pa-i-dojdoa-na-rodenden-oblecheni-kako-za-legnuvanje-foto/ Mon, 14 May 2018 07:35:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26729

Македонската фолк пејачка Сани Гроздановска денес, 14 мај, слави роденден... На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат гостите... А фолкерката ги имаше. И тоа ненајавени, како роденденско изненадување уште пред роденденот и да и дојде.
Имено, колешките од фолк естрадата со кои најмногу се дружи решија да ја изненадат. Па така, длабоко во ноќта, уште пред да се поклопат стрелките на часовникот и да го означат почетокот на новиот ден, ден - роденден на Сани, фолкерките Тања Јовановска Трајкова, Ирена Вељовска, Андријана Кеш... засилени со уште неколку пријателки заѕвонија на врата кај Сани... и тоа облечени во пижами! Ноќта е време за в кревет, ама оваа ноќ легнувањето мораше да почека!
Распеаната женска фолк естрада уште во ходникот си го „одработе“ своето: „Happy birthday“ за добредојде, а роденденската торта и подароците на славеничката и ги поделија штом влегоа.
Условот секако и Сани да се соблече... поточно, облече во пижами! И женската журка на веселите фолкерки можеше да почне.
Роденденски фолк бал под маски! Малку турбо, малку детски песнички, а потоа дување свеќички на тортата во форма на микрофон, а што друго!?
Женската роденденска фолк пижама парти овековечена со видео и фотографии и секако по едно-две парчиња од тортата, за гостинките и домаќинката да се заблажат...
Фолкерките знаат дека кафе пред спиење не се пие, за да не им се расипе сонот од кофеинот, ама затоа благото и шеќерот се тука, за да им го одржат нивото на адреналинот...
Зашто кој да знае? Кога се веќе подготвени за легнување, можеби ќе има уште некое пополноќно, машко изненадување...?! За гостинките кога ќе се вратат дома, а за домаќинката... веднаш и одма!    ]]>