фолк ѕвезди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Mar 2023 10:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк ѕвезди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не можеа да го дособерат бакшишот: Нашите фолк – ѕвезди викендов ги забавуваа македонските иселеници (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-mozhea-da-go-dosoberat-bakshishot-nashite-folk-zvezdi-vikendov-gi-zabavuvaa-makedonskite-iselenitsi-foto/ Mon, 13 Mar 2023 10:02:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292914

Викендов македонските иселеници несомнено уживаа во македонската музика, а за тоа се погрижија дел од нашите најголеми или во моментов најпопуларни фолк - ѕвезди. Тие  направија одлична забава за македонската дијаспора, а за тоа се пофалија на нивните профили на социјалната мрежа „Инстаграм“. Атмосферата насекаде каде што настапувале била прекрасна, а пејачите презадоволни и со полни раце бакшиш. Сузана Гавазова имаше настап најпрво во Мерхтем, општина која се наоѓа во белгиската покраина Фламански Брабант, а потоа заминала и во Брисел. Атрактивната струмичанка  со видео „стори“ покажа полна сала која ечеше со македонска песна. Облечена во најкраткото фустанче, во едната рака го држеше микрофонот и банкнотите, а во другата држеше полна рака бакшиш, па со нејзината објава го долови амбиентот и еуфоријата која владеела таму. Татјана Стефановска настапуваше во Штудгарт, Германија, а пејачката неуморно пееше и играше меѓу задоволната публика која крената на нозе вртеше оро на македонската музика. Марија Луиса Тодоровска настапи во Гомисвалд, општина во Валкрајс во кантонот Сент Гален во Швајцарија. Битолчанката објавила селфи од себе прд настапот... ...Па ја покажала и преполната сала на Инстаграм, а објави и фотографија од автомобилот каде покажа и дел од  снежната идила. Елена Велевска  викендов пееше во Гампелен, Швејцарија, додека во салата гордо се вееше македонското знаме, момент кој пејачката го долови со нејзината селфи камера. Македонскиот пејач Благоја Груевски објави  фотографија заедно со пејачката Елена Велевска каде покажа дека  патуваат од Шајцарија до Италија за таму да ја продолжат турнејата, заедно со дел од новосоздаденото друштво "Амицизиа" во Равена. Ова беа само дел од нашите фолк - ѕвезди кои викендов ги забавуваа македонските иселеници, кои пак беа пресреќни што можеа да се дружат со нив, а пејачите...? Пејачите презадоволни оти не можеа да го дособерат бакшишот! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејзбук  ]]>

Најголемата фолк-забава за ова лето на 1-ви септември во Битола: Најпопуларните македонски фолк ѕвезди на едно место https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemata-folk-zabava-za-ova-leto-na-1-vi-septemvri-vo-bitola-najpopularnite-makedonski-folk-dzvezdi-na-edno-mesto/ Mon, 30 Aug 2021 12:47:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217272

На 1-ви септември во еден од најубавите градови во нашата земја ќе се одржи можеби досега најголемиот фолк-спектакл со најпознатите македонски фолк-ѕвезди. Концертот е закажан на ракометното игралиште во Битола, а публиката ќе ужива во најголемите хитови во изведба на популарната Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазахр и Зуица Лазова. Познатата пејачка Зуица Лазова вели дека ова ќе биде одличен концерт. – Пееме во еден од најубавите градови во Македонија, верувам дека битолчани ќе уживаат и ќе се забавуваат на први септември. Ги покануваме сите што се во можност да дојдат на ракометното игралиште- вели Зуица. Исто така и Марјан Ковец не го криеше задоволството што ќе настапува пред битолската публика. – Со нетрпение чекаме да дојде први септември. Собрани сме многу добра екипа и ветуваме дека ќе направиме одлична забава – накусо изјави славниот пејач. Инаку станува збор за голем концерт со мултиетнички карактер, каде покрај многуте македонски фолк-ѕвезди ќе можеме да видиме изведувачи од другите етнички заеднци, како што се Ромите, Турците и Бошњаците. Она што е важно да се напомене, а тоа е дека познатите изведувачи ќе имаат прилика да пеат на најсовремена опрема, голема бина и одлично осветлување, нешто што ретко се гледа кога станува збор за фолк-музиката. Концертот ќе биде организиран според сите мерки за заштита од корона-вирусот!]]>