фолк балада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Sep 2023 05:40:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фолк балада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татјана Лазаревска е – „Жена хероина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-e-zhena-heroina-video/ Mon, 11 Sep 2023 12:58:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317459

Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски како во добрите стари времиња во четвртокот вечерта ( 7-ми септември 2023) ги собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на дружба во познатата „Камин Кама„ меана на нивниот колега Трајче „Мајка“ Толевски, на задничка дружба, која беа промовирани две нови песни. Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката. Песната „Љубов ни е име“ сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „Охрид фест“, каде ја добија новинарската награда, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект. Втората песна е насловена „Жена хероина“, поп фолк балада, која ја изведува Тања, песна во која нема жена која нема да се пронајде. „Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна балада, со многу силна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде“, рече Тања. „Ние си заминуваме следната недела и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме заедно во нашата мила татковина Македонија и ќе се дружиме сите заедно и ќе ја промовираме нашата фолк музика секаде каде ќе одиме: Америка, Канада Австралија и ќе бидеме добри амбасадори на нашата музика и земја“  порача Тања. Спотот за песната го изработи Ване Петковски, а истиот е снимен на неколку атрактивни локации во нашот македонски езерски бисер Охрид, во продукција на „ИН ТВ“. Инаку Автори на „Жена хероина“ се Борче Димитров, кој ја направи музиката, додека стиховите ги напиша Орце Зафировски, а истата снимена е во студиото на Горан Милошевски, кој го направил аранжманот. Се работи за една исклучително емотивна фолк балада, во која веројатно ќе се пронајде секоја жена... Опишувајќи ги чувствата, мислите  и внатрешната борба и кога е најубаво и кога не и оди, кога тагата надолу ја влече, а секоја солза како жар ја пече, таа одново наоѓа сила како Феникс да се крене на нога... како вистинска хероина која отсекогаш тоа и била. Мелодија ко0а длабоко допира во душата и стихови со кои многу припаднички на понежниот пол ќе се соживеат и ќе речат како да се автобиографски... Како да се токму за нив напишани! Затоа внимателно преслушајте ја оваа фолк балада на Татјана Лазаревска и проследете го видеото... Можеби токму некоја од вас ќе ја препознае во себе нејзината „Жена хероина“. ]]>

Дани Даниела и „Тик Так“ во фолк баладата – „Си дозволив“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dani-daniela-i-tik-tak-vo-folk-baladata-si-dozvoliv-video/ Fri, 21 May 2021 12:45:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203729

Младата и актрактивна фолкерка, битолчанката Дани Даниела која настапува заедно со групата „Тик Так“,   во едно поинакво издание. Овој пат шармантната фолкерка изненади со фолк балада за која стиховите ги напишала самата, додека музиката на Игор Перканоски од групата „Тик Так“, а за аранжманот се погрижил Славко Ристески. Во песната кларинет свири Кире Иваноски, а придружните вокали ги пее Викторија Стојческа. Баладата насловена „Си дозволив“ е визуелизирана и со видеоспот кој го изработила екипата на ИН продукција. Како сето тоа звулчи и изгледа проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=Sa81MDsSne0]]>

Дамјан Стојаноски случка од својот живот преточи во емотивна фолк балада – „Останав сам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-stojanoski-sluchkata-od-svojot-zivot-ja-pretochi-vo-emotivna-folk-balada-ostanav-sam-video/ Thu, 23 Apr 2020 12:08:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146266

Најновата песна на наследникот на легендарниот Војо, неговиот син Дамјан Стојаноски, која носи наслов „Останав сам”, веднаш штом се појави наиде на многу позитивни реакции во јавноста. Се работи за еден вид емотивна фолк балада на која како автор на музиката и стиховите се потпишува самиот Дамјан, а аранжманот е на Златко Миладиноски, додека песната е снимена кај Љупчо Соколовски во студиото „Сити саунд“. Доказ дека она што е добро народот самиот веднаш го прифаќа се бројните коментари на социјалните мрежи кои Дамјан ги добива секојдневно, но и коментарите на неговиот Јутјуб канал каде што е објавен спотот. “Ех само колкумина ќе се пронајдат во песната, но само луѓе со чисто и искрено срце можат да го почувствуваат тоа. Браво Легендо” ! “Секоја чест братче, ме наежи.” “Ежењее братче , ја испеа суровата реалност во денешниов свет. Да ми живејш !” Секоја чест... Ако не пее тој на мојата свадба, не се женам” - само некои од коментарите. Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Дамјан откри дека станува збор за емотивна балада во која што се опејува вистинска случка од неговиот личен живот. „Песната се вика 'Останав сам' и некој можеби ќе си рече: Како сам, тука му е семејството, но тоа 'сам' е малку метафорично кажано, бидејќи имав така една емотивна случка во мојот живот и ја направив токму оваа песна, дома седејќи пред пред каминот. И токму затоа во спотот има инсерти каде што го користиме каминот од викендицата на мојот вујко, па би сакал да му се заблагодарам што ни ја отстапи за снимањето“- истакна Дамјан. Вие преслушајте ја ако до сега не сте ја слушнале и погледнете го видеото за новата песна „Останав сам“ на Дамјан Стојаноски: https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=igSn45KSjdg&feature=emb_logo  ]]>