фокус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 13:12:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фокус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ако се прашувате дали ве сака: Еве 10 знаци дека сте во центарот на неговиот свет https://arhiva.vistina.com.mk/ako-se-prashuvate-dali-ve-saka-eve-10-znatsi-deka-ste-vo-tsentarot-na-negoviot-svet/ Tue, 05 Mar 2024 14:00:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305539

Прашањето дали сме сакани е многу често прашање во врските и доколку се мачите со тоа, не сте единствени. Како да знаете како се чувства вашата сакана личност? Дури и кога нештата одат одлично, често се случува да се прашувате себеси како се чувствува тој. За среќа, постојат многу знаци кои го покажуваат тоа, а единствено што треба да направите е да ги забележите. Прави планови – доколку личноста со која сте во врска прави долгорочни планови со вас, значи дека е посветена на врската и односот меѓу вас и не планира да замине наскоро. Ве почитува – доколку покажува почит, ве третира како достоен соговорник и еднаков партнер во врската, тогаш голема е веројатноста дека се грижи за вас и ве сака. Внимава на вас – можеби ви остава доволно слобода, но сака да знае како сте и ве проверува кога имате важни настани или пак сте настинати. Искрен/а е – доколку не сте го/ја фатиле во лага и верувате во него, тогаш ве сака вистински и сака да изгради врска и иднина базирана на доверба. Покажува интерес за нештата кои ви се случуваат – доколку и значите на личноста со која сте во врска, таа ќе покаже интерес за нештата кои ви се случуваат и кои ви се вам важни. Ве заштитува – прави напори да ви помогне и се однесува заштитнички кон вас во многу ситуации. Се согласува со вас, но не целосно – внимавајте на луѓето кои се согласуваат со сè што ќе кажете. Можеби не им значите или пак не ве слушаат доволно. Личноста која ве сака ќе се сложува со вас, но ќе ви посочи кога не сте во право. Ве држи за рака – личноста која ве сака можеби нема постојано да ве држи за рака во јавност, но ќе ве фати за рака или ќе покаже друг начин на нежност кога сте со други луѓе, бидејќи едноставно таква е поврзаноста кога луѓето се вљубени. Покажува мала љубомора – можеби нема да прави љубоморни сцени и испади, но ќе се чувствува малку загрозено или пак ќе направи смешни шеги на вашите излегувања со другите луѓе. Не го користи својот телефон додека е со вас – личноста која ве сака ќе ужива во вашето друштво и нема да посака да гледа долго во својот телефон, следејќи ги животите на другите. извор:курир.мк]]>

Нов тренд на Instagram: Фокусот е на задникот https://arhiva.vistina.com.mk/nov-trend-na-instagram-fokusot-e-na-zadnikot/ Thu, 12 Aug 2021 08:34:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=214906

Многу славни ѕвезди во текот на летово ги израдуваа обожавателите со фотографии покрај базен, а забележено е дека доминира една позна на Instagram. Во фокусот е поставен задникот. Од фотографиите се гледа дека убавиците се седнати или легнати покрај базен, со нозе спуштени во вода како гледаат во спротивен правец. Секако дека постојат и варијанти на оваа тема, но центарот на вниманието е околу задникот и минијатурните бикини.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Demi Rose (@demirose)

View this post on Instagram
 
A post shared by Ellie Brown (@brown.elle)

View this post on Instagram
 
A post shared by EVE GALE (@evegale)

View this post on Instagram
 
A post shared by Georgia Steel (@geesteelx)

извор: kajgana]]>

Три начини за борба против „дигиталниот замор“ https://arhiva.vistina.com.mk/tri-nachini-za-borba-protiv-digitalniot-zamor/ Mon, 05 Apr 2021 13:45:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197563

Поради пандемијата, многумина работат од дома, а работното време често трае подолго од вообичаеното. Како резултат, многумина се „залепени“ на мобилните телефони и компјутери и живеат во живот во кој нема јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот. Овој животен стил може да доведе до здравствени проблеми, па меѓу другото, потребно е да се ослободите од дигиталниот замор. Постојат три лесни начини како да го направите тоа. Научете да се исклучувате Откако ќе завршите, научете да правите дигитална пауза од сите уреди. Наместо тоа, ќе се фокусирате на нешто во што уживате, а тоа е читање книги, слушање музика, поминување квалитетно време со најблиските и слично. Водењето таков распоред ќе ви овозможи да имате контрола над вашиот секојдневен живот. Фокусирајте се на една задача Мултитаскингот се чини незаменлив во денешниот свет, сепак, неодамнешното истражување спроведено низ целиот свет покажува дека мултитаскингот не е навистина најдобриот начин да се постигне продуктивност. Иако можеби изгледате како професионалец во правење неколку работи одеднаш, во реалноста тоа не е така и вашата продуктивност се намалува. Поради долгото работно време и постојаната употреба на повеќе уреди за извршување на повеќе задачи, тешко е да се концентрирате. Постојат дури и проблеми со запомнување на задачите што мора да се завршат во текот на денот. Не заборавајте на реалниот свет Дигиталниот свет е модерен и можеме да направиме многу со едноставен клик на копче. Но, реалниот, физички свет нè поврзува и носи задоволство, чувство на припадност и меѓусебна поврзаност. Дури и во најфреквентниот распоред за работа, треба да најдете време за физички вежби. Дури и 20 минути пешачење ќе ги релаксира вашето тело и ум. Исто така, не заборавајте да се дружите со пријателите и да одржувате комуникација со нив. извор:кафепзауа.мк]]>

На Анета Наковска и го „налепија“ Закинтос, а и го премолчаа Солун: Сакајќи да и „сместат“ на фолкерката, испаднаа „смешни“?! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-aneta-nakovska-i-go-nalepija-zakintos-a-i-go-premolchaa-solun-sakajkji-da-i-smestat-na-folkerkata-ispadnaa-smeshni-foto-video/ Tue, 06 Mar 2018 08:09:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14985

Коментирајќи го неделниот протест ,,Нашето име е наше право’’ на плоштадот Македонија во Скопје, некои од  провладините медиуми и нивните електронски изданија сакајќи да ја релативизираат сериозноста и бројноста на истиот, се обидоа на шеговит начин ги (дис)квалифицираат некои од непосредните говорници и учесници на истиот. Меѓу останатите на тапет  и некои од пејачите кои се најдоа на говорницата , односно сцената како фолк пејачката Анета Наковска, на пример. Така, електронското издание на политичкиот интернет забавник, како што себеси се нарекува „Фокус“ коментирајќи кој се од пејачите настапил на протестот во вчерашното издание од 05 март 2018, во насловот на текстот пишува: „Сними спот на Закинтос, па порача дека името не го даваме“ - иронично алудирајќи на фолк пејачката Анета Наковска.
И не дека не се во право... само што правото намерно го искривуваат, за да ја искриват и сликата за некого, кој си ја сака својата земја и својот народ, зашто таквиот патриотизам во дадениот момент не му одговара на актуелниот режим и неговите медиумски мегафони!
Имено, Анета Наковска пред две години снимала на споменатата локација во што нема ниту нешто страшно, ниту е непатриотски!? Конечно, половина Македонија оди кај јужниот сосед на летување, што не значи дека  се сите изроди и предавници кои не си ја сакаат татковината, името, нацијата, идентитетот, јазикот... и не излегуваат на протести кога истите ни се загрозени!
Конечно, споменатата македонска фолкерка беше една од ретките, ако не и единствената, која среде истата таа Грција или поточно, среде Солун отпеа македонска народна песна со патриотска содржина на Македонски јазик... И згора на сето тоа, среде Солун снимаше и дел од кадрите за видеоспотот за истата таа песна насловена „Ајде в наша родина“. 
Дали од незнаење или од пуста желба да им удоволат на оние чии поддржувачи се, овие од политичкиот интернет забавник го премолчеле овој факт, па наместо пофалби за патриотскиот чин - и тогаш и сега, Анета Наковска доби етиката во стилот: „Се збодна таму да снимаш, а сега против истите протестираш“. 
Да беше поинаку, а тие и нивните во поинаква позиција, ќе беше обратно! Вака, на Наковска македонската песна со патриотска содржина „Ајде в наша родина“ и  спотот од Солун и ги премолчеа, ама затоа устата и пишаните редови им се полни со Закинтос и „Дај Џони“!       https://www.youtube.com/watch?v=k42svUBo_Qk  ]]>