фму – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jun 2023 12:19:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фму – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Звукот на новата генерација“ – концерт со студентите на ФМУ https://arhiva.vistina.com.mk/zvukot-na-novata-generatsija-kontsert-so-studentite-na-fmu/ Mon, 05 Jun 2023 12:19:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304979

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата се дела од Моцарт, Дитерсдорф, Лобос, Шостакович и Сен-Санс и Џејкоб. Диригент е маестро Сашо Татарчевски. Како солисти ќе настапат Кристина Љушкоска (флејта, четврта година, класа: проф. м-р Страшо Темков), Ивона Давидовска (контрабас, трета година, класа: доц. Александар Поп Христов), Андреј Ѓоршевски (гитара, четврта година, класа: вон.проф. м-р Борче Наумоски), Ивона Стојанова (пијано, четврта година, класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Бојан Димитровски (пијано, втора година, класа: доц. м-р Дино Имери), Ангела Николовска (пијано, трета година, класа: проф м-р Катерина Гелебешева-Костадиновска), Дарко Гроздановски (виолина, четврта година, класа: проф м-р Олег Кондратенко) и Виктор Богоевски (тромбон, трета година, класа: доц. м-р Димче Белчовски). На концертот ќе бидат доделени и награди за музичка критика на студенти од Факултетот за музичка уметност кои учествуваа на работилницата „Музичка критика“ и присустуваа на концертот „Благден“ со диригентот Вања Ѓумар Николовски на кој беше изведена грандиозната Симфонија бр.5 од Густав Малер. Студентите напишаа критики кои потоа беа оценувани од жири кое ги избра најдобрите, а на концертот в четврток ќе бидат доделени награди на најдобрите. Работилницата се реализира како соработка помеѓу Филхармонија и Факултетот за музичка уметност и има цел да се поттикне продукцијата и интересот за пишување музички критики меѓу младите. извор:република.мк]]>

На ФМУ: Хуманитарен концерт за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија https://arhiva.vistina.com.mk/na-fmu-humanitaren-kontsert-za-nastradanite-od-zemjotresite-vo-turtsija-i-sirija/ Mon, 20 Feb 2023 10:04:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289745

Денеска со почеток во 19 часот на Факултетот за музичка уметност, студентите и професорите ќе одржат хуманитарен концерт за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.

Кога човештвото се соочува со вакви трагедии и искушенија секој започнувајќи од себе треба да даде нешто свое за нов почеток. Болката за изгубен живот е огромна и отвора рани, но солидарноста е таа која ќе започне една нова етапа.

Ние како музичари, студенти и професори на Факултетот за музичка уметност ве повикуваме преку музика да дадеме нешто свое, за нас малку, за нив цело богатство. Ве покануваме да бидете дел од еден поразличен концерт на кој заеднички ќе укажеме почит и солидарност кон настраданите од земјотресите во Турција и Сирија. Концертот ќе се одржи на 20.2.2023 год.(понеделник) почнувајќи од 19 часот во големата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје. Влезот ќе биде слободен. Дополнително ќе бидат поставени кутии од Црвен крст и секој кој сака ќе може да донира според своите можности.

Програмата ќе биде исполнета од различни инструменти и изведувачи. Како специјални гости ќе настапат и Женскиот младински хор при МКЦ, велат организаторите.

]]>

Почина маестро Фимчо Муратовски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-maestro-fimcho-muratovski/ Wed, 14 Sep 2022 08:14:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266795

Вчера, 13-ти септември 2022 година на 91 годишна возраст, почина маестро Фимчо Муратовски, еден од основоположниците на диригентската уметност во земјава, и поранешен директор на Македонската филхармонија, објави Филхармонија. “Со маестро Муратовски нашиот оркестар реализираше низа незаборавни концерти, изведе комплексни дела од светската музичка литература, како и голем број праизведби на композиции од македонски автори“ - додаваат од Македонската филхармонија. Муратовски беше и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје во пензија. Со над повеќе од 40 години уметничка исполнителна дејност, Фимчо Муратовски е еден од доајените на македонската музичка, оперска, и балетска сцена, како и на концертните подиуми во земјата. Музичкото образование го оформува на Музичката академија во Загреб, а потоа престојува на едногодишен специјализациски престој на Конзерваториумот во Санкт Петербург. Од 1959 година, постојано е ангажиран, најпрво во Операта и балетот на Македонскиот народен театар, потоа како диригент и директор на Македонската филхармонија, за својот работен век да го заврши како редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, чиј декан бил во два мандата. Во текот на својата уметничка дејност поставил и диригирал повеќе од 40 оперски и балетски дела од класичниот, современиот и домашниот репертоар, а на концертниот подиум реализирал голем број симфониски и камерни дела со посебен акцент кон домашното творештво, кое со посебен афинитет го пропагирал низ многубројните гостувања во поранешна Југославија, Полска, Германија, Италија, Бугарија, Романија, поранешните советски републики, Мексико и др. Бил основач и диригент на Младинскиот и на Македонскиот камерен оркестар, и диригент и уметнички раководител на Камерниот оркестар на МРТВ. Во текот на својата образовна дејност како професор, пренесувајќи го своето богато уметничко искуство воспитал генерации млади диригенти, пејачи и оркестарски музичари кои и ден денес успешно работат и делуваат во земјата и странство. Низ своето долгогодишно делување во културниот и јавниот живот бил носител на повеќе општествени функции, а за својата дејност добитник е на повеќе награди и признанија – наградата на Град Скопје „13 Ноември“ во 1969 г., републичката награда „11 Октомври“ во 1977 г., како и истата награда за животно дело во 1995 г. Погребот на Фимчо Муратовски ќе се изврши денес, на 14 септември, на градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13 до 14 часот, посочуваат од семејството на починатиот Фимчо Муратовски.]]>

Есенски музички свечености: Концерт на студентите на ФМУ https://arhiva.vistina.com.mk/esenski-muzichki-svechenosti-koncert-na-studentite-na-fmu/ Mon, 18 Nov 2019 11:40:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119133

Студентите на Факултетот за музичка уметност вечер ќе одржат концерт во рамки на јубилејните 20. Есенски музички свечености. На концертот што ќе се одржи во просториите на ФМУ, ќе настапат Анел Селим на кларинет, студент на втора година во класата на проф. м-р Стојан Димов, Стефан Неделковски на саксофон, студент на четврта година во класата на вонр. проф. м-р Нинослав Димов, и Мимоза Ќека, студент на трет циклус докторски студии во класата на проф. м-р. Тодор Светиев. Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првата високообразовна и научна установа од областа на музичката уметност и балетската педагогија во Република Македонија. Основан во 1966 година како Висока музичка школа, во текот на сите години од своето постоење Факултетот ја врши својата мисија за подготовката на уметничките, педагошките, научните кадри за сите области на музичката и балетската култура и образование. За изминатиов период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3000 студенти. Меѓу нив се видни композитори, научници, интерпретатори, педагози, новинари и балетски уметници кои ја сочинуваат основата на изведувачкиот корпус на националните музички ансамбли, музичките редакции во Македонската Радио Телевизија, наставниците во музичките училишта во земјата и надвор од неа. Со делувањето на своите ансамбли (студентскиот симфониски оркесатар, хорот „Драган Шуплевски“, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, оркестарот на народни инструменти), организирањето на концертните циклуси „Музика вива“ и „Од страниците на творештвото на композиторите“, како и со други активности сврзани со истражување и зачувување на културното наследство Факултетот стана важен чинител на музичкиот живот во Македонија. Студентите на ФМУ се редовни учесници на концертните програми на фестивалот „Есенски музички свечености“.]]>

Концерт по повод 52 години од основањето на ФМУ – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-po-povod-52-godini-od-osnovanjeto-na-fmu-skopje/ Tue, 04 Dec 2018 09:08:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61224

Факултетот за музичка уметност во Скопје оваа година одбележува 52 години од своето постоење. „За овој период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3.000 студенти, меѓу кои видни композитори, научници, интерпретатори, педагози, новинари и балетски уметници кои работат во државава и надвор од неа постигнувајќи забележителни успеси во своите области. На ФМУ предаваа и денес предаваат уметници и научници чии имиња се добро ѝ познати на македонската и светската музичка, балетска и културна јавност. Повеќето наставници на ФМУ своите дипломи за завршено високо образование и за повисоките научни и уметнички степени ги стекнале токму на оваа институција“, соопштуваат оттаму.
Годишнината од основањето Факултетот за музичка уметност традиционално го одбележува со целовечерен концерт на својот најголем ансамбл, Симфонискиот оркестар, сочинет од студентите на додипломски и постдипломски студии, стои во соопштението на Факултетот за музичка уметност, каде што се додава дека по повод одбележувањето 52 години постоење концертот ќе се одржи в среда, 5 декември 2018 година во 20 часот, а влезот е слободен.]]>

Свечен концерт по повод денот на основањето на ФМУ – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/svechen-koncert-po-povod-denot-na-osnovanjeto-na-fmu-skopje/ Wed, 06 Dec 2017 12:06:38 +0000 http://vistina.mk/?p=5914

Традиционалниот концерт, кој се одржува секоја година на 6 декември, е посветен на денот на основањето на факултетот. Оваа среда, студентите на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе приредат впечатлив настан со атрактивна програма составена од ремек-делата на класичниот музички репертоар. За првпат тие ќе настапат во големата сала на новата зграда на Македонската Филхармонија.

24067954_326754741066375_3633724641952132035_n

Симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски ќе изведат значајни дела од великаните на музичката уметност: Увертирата за операта „Сицилијански вечери“ од Џузепе Верди, прочуената Симфонија бр. 8 „Недовршена“ од Франц Шуберт и брилијантните „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Александар Бородин.

Почетокот на концертот е во 20 часот, а влезот е слободен.