фло рајд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Mar 2023 09:43:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фло рајд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шестгодишното синче на познатиот рапер е во тешка состојба откако падна од прозорец на петтиот кат https://arhiva.vistina.com.mk/shestgodishnoto-sinche-na-poznatiot-raper-e-vo-teshka-sostojba-otkako-padna-od-prozorets-na-pettiot-kat/ Fri, 31 Mar 2023 09:43:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296046

Синот на раперот Фло Рајд (43), Зохар Адамс (6), паднал од прозорец на петтиот кат во станбен комплекс во Њу Џерси. Тој во моментов е на интензивна нега со сериозни повреди, според Page Six. Мајката на момчето, Алексис Адамс, поднела тужба во понеделникот, опишувајќи ја несреќата на 4 март. Таа навела и дека момчето е во болница и дека се здобило со фрактура на карлицата, фрактура на левата метатарзална коска, расекотина на црниот дроб од трет степен, внатрешно крварење и колабирано белодробно крило. Таа поднела тужба против сопственикот и управителот на комплексот, како и против градежната компанија, фирмата што ги поставила прозорците и уште неколку други. Алексис тврди дека прозорците во зградата се опасни и предизвикале нејзиното дете со невролошко нарушување да падне на бетонскиот коловоз пред зградата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Flo Rida Official (@official_flo)

Инаку, на нејзиниот син му бил дијагностициран хидроцефалус, предизвикан од абнормална акумулација на течност во мозочните шуплини. Момчето е исто така аутистично. - Како самохрана мајка на дете со посебни потреби, она што го чувствувам е ноќна мора. Моето срце е скршено на милион парчиња, изјави Алексис за News 12, додавајќи: - Уништена сум, бесна и се мачам да се помирам со фактот дека моето единствено дете претрпе сериозни повреди поради намерното невнимание на нашиот сопственик и другите вклучени во непреземањето на потребните безбедносни мерки. Мајката ќе бара исплата од обвинетите за сите медицински трошоци на Зохар, како и за адвокатските трошоци и отштета. Фло Рајд, чие вистинско име е Трамар Ласел Дилард, се уште не се изјаснил за ситуацијата, а како што тврди Алексис, тој не е вмешан во животот на својот син. Адамс и раперот не го делат старателството над нивниот син и таа го има целосно старателството над Зохар. Таа исто така тврдела дека популарниот рапер со години избегнувал да му плаќа школарина и здравствено осигурување на детето. -Синот го видел само еднаш, и тоа кога правел тест за татковство во декември 2016 година, но му бил свртил грб. Тие беа во иста просторија. Не сакаше ни да го прегрне. – изјавила еднаш за Дејли Мејл. Инаку, раперот сепак се огласи на својата инстаграм приказна. - Прекрасен ден, благодарам на сите кои ме контактираа и изразија загриженост за мојот син, како и на оние кои се молеа за него. Ја добива најдобрата медицинска нега и за чудо го преживува тешкиот пад. Ќе ве замолам да продолжите со молитвите за време на неговото закрепнување, но би сакал ова да остане приватна работа – напиша раперот со емотикон за молитва. фото:LARRY MARANO / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA/Instagram]]>