флертување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Mar 2021 12:09:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png флертување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Незнаењето како да флертуваат е главната причина зошто луѓето се сингл https://arhiva.vistina.com.mk/neznaenjeto-kako-da-flertuvaat-e-glavnata-prichina-zoshto-lugjeto-se-singl/ Mon, 15 Mar 2021 13:15:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194180

Една од главните причини зошто денес луѓето се почесто самци отколку во врска е тоа што едноставно не знаат да ја заведат другата страна, покажува новото истражување објавено во списанието „Personality and Individual Differences“. За да би можеле некого да привлечат, би требало да знаат да ги прочитаат сигналите на заинтересираност, но и да вложат време и труд, но младите не го прават тоа. Менеалос Апостолоу, автор од универзитетот во Никозија, открил дека тие исти луѓе навистина сакаат да пронајдат партнер, но не знаат како да го направат тоа, а во последната година уште еден изговор за нив е пандемијата која го зафати светот. Апостолоу претпоставува дека недостатокот на вештини на заведување и флертување, лошото препознавање на знаците на наклонетост и недостатокот на напор влијае на процентот на самци, а за да го потврди тоа, отпочнал истражување во кое учествувале 1228 мажи и жени на возраст од просечно 30 години. Од 48 проценти од учесниците кои биле сингл, 47 проценти го обвиниле незнаењето како да се заведе другата страна, а само 23 проценти велат дека уживаат во слободниот живот и дека никој не им е потребен. Повеќето исто така признале дека едноставно не знаат како да разберат или препознаат кога им се допаѓаат на некој, но и не знаат да дадат знак, а авторот за тоа ги обвинува долгите периоди кои ги поминале сами, особено во последната година поради пандемијата, пренесува „UNILAD“. Експериментот кој Менеалос го спровел, само ги потврдил неговите мислења... извор: точка.мк]]>

Флертувањето е уметност на тивка самодоверба https://arhiva.vistina.com.mk/flertuvanjeto-e-umetnost-na-tivka-samodoverba/ Fri, 01 Nov 2019 13:15:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115793

Флертувањето е уметност и тоа една од најстарите. Во минатото, убавите жени го учеле за да можат да дојдат до власт, за да заведат еден маж само со еден поглед и тој да изгуби рамнотежа. Флертувањето секогаш започнува со поглед. Секоја жена може да флертува, едноставно треба да го најде соодветниот начин. Треба да знае да ја истакне својата женственост, да најде умерен и неодолив начин да привлече одреден маж да ја посакува. Знаејќи ги своите добри особини и користејќи ги како основа, флертувањето е уметност на тивка самодоверба.

Секој човек е различен, па за секој флертувањето добива различно значење.

1. Јавно невино флертување. Секојдневно сите флертуваат на еден или друг начин. Постојат ситуации кога можеби не сфаќате дека флертувате. Нежна насмевка на мажот што ја задржал вратата за да влезете, пријатен елегантен поздрав на згодниот колега. Или пак ситуации кога станувате мета на флертувањето – комплимент за вашиот изглед. Јавното флертување е невино, но доставува задоволство, ја зголемува самодовербата и ја прави комуникацијата позабавна. 2. Флертување еден-на-еден. Може да се каже дека овој тип на флертување е вистинскиот тест за да проверите дали сте ја совладале уметноста на флертувањето.  Жените со статус сингл за да го привлечат вниманието на мажот кој им се допаѓа и да се олесни взаемната комуникација, од жените во сериозна врска за да ја одржат искрата и од мажените жени за да го одржат семејниот оган.]]>

Кога обичниот флерт преминува во нешто сериозно? Обрнете внимание на овие работи… https://arhiva.vistina.com.mk/koga-obichniot-flert-preminuva-vo-neshto-seriozno-obrnete-vnimanie-na-ovie-raboti/ Mon, 15 Apr 2019 12:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83049

Невин флерт често прераснува во нешто многу посериозно, а границата е толку тенка што некои несвесно ја преминуваат. Психологот Сузан Краус Витбурн открива кога флертот преминува во нешто посериозно и кога е потребно да се повлече "рачната". Доколку избегнувате да му кажете на партнерот за вашиот флерт со друга личност, мора да се запрашате која е причината за вашето молчење. Или флертот не ви значи ништо или се плашите од реакцијата на партнерот, бидејќи започнавте да ја преминувате границата на флерт без обврска, што не е во ред доколку сте во сериозна врска Ако долго флертувате со некој кој често го гледате, тоа не е проблем ако станува збор за погледи и шеги. Меѓутоа, доколку се потпирате на таа личност и во емотивен поглед и од неа барате поддршка, а тоа не го барате од партнерот, тогаш многу е веројатно дека емотивно го изневерувате.
Емотивното изневерување е всушност откривање на некои работи со личноста со која флертувате која сè уште не сте му ја откриле на вашиот партнер. "Често се случува луѓето да бидат привлечени од некоја друга личност, тоа не значи дека вашата врска е во криза. Тогаш само може да се запрашате што добивате од личноста со која флертувате, а не можете да го добиете од партнерот и дали навистина вреди за да се распадне вашата врска", рекла Сузан. Многу е важно да бидете свесни на себе и на своето однесување, ако сте биле познат како некој кој претходно често флертувал и кој не може да му се посвети на една личност, тогаш немојте да се впуштате во сериозна врска, бидејќи така ќе повредите некој кој е подготвен да вложи многу труд и работа.
Ако размислувате за таа личност додека сте со партнерот, вашата врска е во вистинска опасност. Ако сте дошле до точка каде започнувате да чувствувате некои работи кон лицето со кое флертувате, сте дошле до точка каде нема враќање. Кога ќе ја преминете границата, немојте да се правите дека ништо не се случува. Признајте си дека сте се заљубиле, размислете дали има смисла да започнете нешто со таа личност која ви се допаѓа и ако има, преминете на главната тема. Исто така, сфатете дека постои голема шанса со лицето со кое флертувате да не е вредно за распадот на вашата врска. извор: точка.мк]]>

Зезањето со партнерот е добро за врската, велат научниците https://arhiva.vistina.com.mk/zezanjeto-so-partnerot-e-dobro-za-vrskata-velat-nauchnicite-2/ Thu, 14 Feb 2019 14:20:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72825

Научниците од Државниот универзитет во Северна Каролина докажаа дека ако правите шеги на сметка на партнерот, тоа е одлично за зацврстување на врската, но само ако знаете каде да ја повлечете границата. Професорот Џефри Хол, истражувач од катедрата за комуникологија при Универзитетот на Канзас, направи анализа на 39 истражувања со вкупно 1.500 испитаници, со фокус на важноста на хуморот во романтичните врски. Според него, фактот дека другите мислат дека сте смешни или дека може да направите смешка од што било не е поврзано со тоа колку сте задоволни од врската, и вие и вашиот партнер. Станува збор за хуморот што двојките го создаваат заедно, односно нештата и темите што им се заеднички смешни. На пример, и двајцата повеќе сакате црн хумор, а шегите во ситком серии и романтични комедии воопшто не ви се смешни. Не станува збор за тоа дека еден вид на хумор е подобар или полош од другиот, но кога ќе направите шега на сметка на партнерот во стил што на двајцата ви е смешен, со тоа ја продлабочувате вашата поврзаност и ја јакнете стабилноста. Кога го познавате другиот толку многу што можете да правите шега на негова сметка без да се навреди, тоа создава посилна врска меѓу вас двајца. Секако, треба да внимавате. Некои шеги што се смешни меѓу вас двајцата можеби не се соодветни за пред друштво. извор;Курир.мк]]>

7 забавни и суптилни начини на флертување https://arhiva.vistina.com.mk/7-zabavni-i-suptilni-nachini-na-flertuvanje/ Mon, 01 Oct 2018 12:20:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50871

Флертувањето е вистинска уметност која не се совладува лесно, а којашто носи со себе голема доза на адреналин и авантура. Тоа е заводлив метод за покажување на љубовниот и сексуалниот интерес кон некого и секоја жена треба да се стреми да го усоврши. Знаете ли како да го направите вашиот поглед доволно неодолив за ниту еден маж да не може да ги тргне очите од вас? Знаете ли како да го уловите неговото внимание без тој да почувствува дека паднал во вашата мрежа? Еве неколку совети за флертување кои ќе ве направат прикриена заводничка:
  1. Играјте си со косата. Повремено префрлувајте ја косата наназад преку рамо, поминувајте со прстите низ своите прамени, ставајте ги зад увото или нежно со прстите вртете едно праменче.Златно правило: Не претерувајте со допирањето на косата, бидејќи може да изгледа како да сте нервозни, а не како да флертувате.
  2. Допирајте го ланчето или ѓерданот. Играњето со накитот е еден од најстарите трикови за флертување. Привлечете го неговото внимание кон вашиот врат и тој нема да може да дочека да го бакне. Поиграјте си со ланчето или пак сензуално допирајте ја вашата обетка.Златно правило: Правете нежни бавни движења за да го заробите неговиот поглед.
  3. Нанесете кармин или сјај на вашите усни. Кога знаете дека неговиот поглед е насочен кон вас, извадете од вашата чантичка сјај или кармин, подотворете ја малку устата и нежно поминете со карминот преку усните. Неговите мисли моментално ќе станат палави.Златно правило: Не гледајте во него додека го правите тоа, затоа што ќе изгледа премногу нападно.
  4. Истегнете се елегантно. Чувствувате дека неговите очи се насочени кон вас? Истегнете го грбот бавно и елегантно, протегнете го вратот налево, па надесно, а може и да направите круг со раменото.Златно правило: Додека се истегнувате, зборувајте со ваша пријателка и изгледајте како воопшто да не сте свесни дека правите заводливи движења.
  5. Фрлете му краток поглед преку рамо. Ако тој се наоѓа зад вас или настрана, свртете ја главата и погледнете го кратко преку рамо, а потоа веднаш погледнете се на другата страна. Ако се наоѓа пред вас, држете ја главата наведната надолу, и кренете го само погледот кон него (исто како да гледате преку трепките), а потоа вратете го погледот надолу или погледнете се настрана.Златно правило: Погледот треба да трае 2-3 секунди, но не подолго.
  6. Навалете ја главата настрана кога зборувате со него. Телото свртете го кон личноста којашто сакате да ја освоите, рацете држете ги опуштени и навалете ја главата на едната страна. Љубовните експерти велат дека со навалувањето на главата на едната страна жената му дава до знаење на мажот дека е заинтересирана за него и дека внимателно го слуша секој негов збор.Златно правило: Не ги држете рацете прекрстени додека флертувате со некого. Тоа е знак на затворено однесување.
  7. Дајте му краток „невин“ допир. Наместо да го прашувате колку е часот, посегнете по неговата рака, фатете го за зглобот и видете го неговиот часовник. Или пак, додека зборувате, посегнете по јаката на неговата поло маица или кошула за да му ја наместите. Ако сте уморни и седите до него, наведнете ја главата на неговото рамо.Златно правило: Сè што е кратко е послатко. Ако предолго го допирате, ефектот нема да биде толку силен.
]]>