физички театар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Jun 2021 13:02:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png физички театар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ПАНФИЗ од 30 јуни на отворено пред платото на МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/panfiz-od-30-juni-na-otvoreno-pred-platoto-na-mnt/ Tue, 29 Jun 2021 13:02:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208899

Од 30 јуни до 2 јули е најавено 14-тото издание на Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар, ПАНФИЗ. Поради здравствените препораки и оваа година Фестивалот ќе се одржи на отворено, пред платото на МНТ на северозападната тераса, а местата ќе бидат ограничени.
„Оваа година имаме ексклузивна македонска фестивалска премиера и тоа во режија и кореографија на Ирена Лозинска – претставата се вика „Четири“ и е сублимат на физички театар, буто, танц и пантомима. „Алис ин Вондербанд“ од Србија и оваа година е на ПАНФИЗ, но овојпат со целодневна работилница наречена „Телото како инструмент“, која ќе биде вистинско освежување за млади таленти, но и постари актери заинтересирани за перкусионистички елементи, пеење, ритмика и актерска игра. Од Бугарија ни доаѓа Александар Илиев, со претставата „Комедија дел’ арте“, а ќе видиме и два буто перформанси, во продукција и изведба на Нектан Арт Центар, Марко Стојановиќ од Србија, а тоа се претставите „Светиот Маченик“ и „Спајдердаст“. Идејата е да не застанеме и да не ја прекинеме традицијата. Продолжуваме да чекориме и да ја промовираме пантомимата и физичкиот театар колку и тоа да изгледа тешко во овие времиња. А тешко е“ - соопштија организаторите.
]]>

Фестивалот на пантомима и физички театар „Панфиз“ на отворено, на 19 и 20 септември пред МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/festivalot-panfiz-na-otvoreno-na-19-i-20-septemvri-pred-mnt/ Tue, 15 Sep 2020 12:33:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167083

Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ оваа година, поради коронавирусот, првпат ќе се одржи на отворено пред МНТ, на 19 и 20 септември. Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Билети ќе бидат поделени пред претстава по принципот прв дојден прв услужен. „Како и секаде, така и во овој случај, ќе се врши мерење на температурата пред влегување, носењето маска е задолжително за сите, а дезинфекциски средства ќе бидат поставени на видни места за ваша и наша заштита“ - велат организаторите. На фестивалот ќе има гости од Србија – „Алис ин вондербанд“ со претставата „Кис“, од Бугарија Филип Дончев со претставата „Лакомиот“, а за крај буто-перформанс, копродуциран од театри од Македонија и Србија.
ПРОГРАМА:
19.09. 20.00 ч. "Alice in WonderBand" - Србија "KISS" музичка комедија
20.09. МНТ плато 10.00 ч. Театарска Работилница - "Телото како инструмент"- Ана Врбашки, Србија
20.00 ч. Филип Дончев - Бугарија "Лакомост"- пантомима
21.00 ч. "Страница Театар" и Марко Нектан - Македонија - Србија "Кабаре на Апсурдот" - буто перформанс