финансии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 Oct 2023 10:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png финансии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ќерка им е богата принцеза, а тие во долгови до гуша: Родителите на Кејт Мидлтон на плакати со понижувачки пораки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kerka-im-e-bogata-printseza-a-tie-vo-dolgovi-do-gusha-roditelite-na-kejt-midlton-na-plakati-so-ponizhuvachki-poraki-foto/ Thu, 19 Oct 2023 10:00:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323018

Нов инцидент поврзан со британското кралско семејство. Додуша, не многу директен. Родителите на Кејт Мидлтон беа цел на прилично сурова кампања, со злонамерни пораки кои се појавуваа на уличните светилки и дрвјата во градот во Беркшир, каде што живееја во последните години. Џејмс, братот на убавата војвотка, е виден како симнува плакати со понижувачка содржина, што значи дека кампањата против Мидлтонови навистина започна. Што е тоа? Зошто мештаните се лути на родителите на сопругата на принцот Вилијам? Главниот виновник, како и секогаш, се парите. Керол и Мајкл Мидлтон ја водеа компанијата „Party Pieces“, која продаваше работи за разни прослави. Компанијата беше продадена на почетокот на годината, а набргу потоа пропадна. Сепак, локалните добавувачи кои работеа со Мидлтонови сè уште не се исплатени. Компанијата е основана од Керол Мидлтон во 1987 година. Наскоро стана профитабилен бизнис и главен извор на приход на семејството. Во еден момент имале 49 вработени. Суноврат започна во времето на корона, особено за време на заклучувањето, кога беше забрането организирање забави. Малку по малку и стечајот тропна на врата. Сепак, долговите не биле подмирени, што предизвикало револт кај некои жители на градот и кампања против Мидлтонови. Така, Кејт, ниту виновна ниту одговорна, се најде во центарот на скандалот. фото: Stefan Rousseau/Getty Images/chris-jackson-getty-images]]>

Ria Money Transfer: 50% попуст на сите уплати од С.Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/ria-money-transfer-50-popust-na-site-uplati-od-s-makedonija/ Tue, 01 Nov 2022 07:24:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273635

Знаеме дека секој цент е важен! Затоа Ria Money Transfer нуди 50% попуст за новите корисници на сите трансфери од С.Македонија во целиот свет односно 20% попуст на сите трансфери од С.Македонија за постоечките корисници. Со цел да им обезбедиме на сите корисници брз, безбеден и економичен трансфер на пари, како и позитивно корисничко искуство, решивме да ја наградиме не само лојалноста на постоечките корисници со шифрите: WELCOMERIA и MAK20, туку и да ги донесеме услугите на платниот систем Ria Money Transfer поблиску до новите корисници - изјави Дардан Бајрами, извршен директор. Ria Money Transfer е познат финансиски лидер специјализиран за меѓународни трансфери на пари од 1987 година. Втора по големина компанија во светот кога се во прашање трансферите на пари. На повеќе од 500.000 локации во над 180 земји, Ria Money Transfer гарантира брз и сигурен трансфер на пари со многу поволни провизии. Компанијата ја има најголемата светска мрежа на банки за директни депозити која се состои од повеќе од 3,6 милијарди банкарски сметки, како и над 443 милиони корисници на мобилни паричници, при што 90% од трансакциите на банкарските депозити се вршат во реално време. Риа е во сопственост на Euronet World Wide Inc. што ни дава исклучително силна финансиска основа за многу брзи и сигурни трансфери низ светот. Наши партнери се А.Д. Пошта на С.Македонија со повеќе од 10 локации и нашите агенти со повеќе од 100 локации распределени низ целата земја, затоа корисниците можат да примаат и испраќаат дознаки во која било експозитура на А.Д. Пошта на С.Македонија и од нашите означени локации низ цела Македонија. Работиме со партнери лоцирани низ целиот свет и избираме да соработуваме со мрежи на субјекти кои ја делат нашата заедничка посветеност, с­е со цел подобра и поквалитетна пристапност до корисниците. Континуирано работиме на проширување на нашата мрежа на локации за плаќање и повлекување и затоа очекуваме натамошно проширување на мрежата на агенти, заклучува Бајрами.]]>

Овие прашања никогаш не му ги поставувајте на вашиот партнер – ќе го оттргнете од вас https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-prashanja-nikogash-ne-mu-gi-postavuvajte-na-vashiot-partner-kje-go-ottrgnete-od-vas/ Mon, 20 Jun 2022 12:07:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255250

Постојат прашања на кои одговорите мора малку подолго време да почекаат за да ги слушнете затоа што мажите не сакаат да одговараат на нив и често ги избегнуваат, особено доколку се наоѓате на почеток од врската. Дознајте кои се тие прашања и причините поради кои во поголем дел од случаите вешто треба да ги избегнувате. 1. Каква е нашата иднина? Ова е едно од оние прашања кое може да го исплаши мажот, но и жената кога станува збор за почеток на врската. Меѓутоа, мажите и после подолго време никогаш не знаат да ви го дадат точниот одговор на ова прашање затоа што сакаат работите да течат спонтано и по свој тек. Затоа понекогаш подобро е да го избегнувате ова директно прашање и да го „испрашате“ неговото размислување на подолги патеки на друг, поспонтан начин. 2. Кога ќе ме запознаеш со родителите? Добропознато прашање кое влева страв во коски, зарем не? Иако ве сака и почитува, понекогаш е тешко да „пресече“ и да ѝ каже дека ќе ја запознае со неговите родители. Заштитничкиот став од мајка му е тешката работа со која секој маж мора да се носи затоа што и тој, како и вие, сакате да ѝ се допаднете. За татко му, помал проблем затоа што тој верува во одлуките на својот син. 3. Твојата финансиска состојба е...? За крај го оставивме прашањето кое ниту малку не е лесно да се слушне, а на кое потребно е да му се даде многу внимание. На почеток од сериозноста на врската или пак на почеток од заедничкиот живот, разговор за финансиите особено е важен. Затоа сепак не треба да ви биде непријатно да го поставите ова прашање (кога е време), но сепак треба да бидете подготвени на негово избегнување на одговорот. извор:точка.ком.мк]]>

Неделен финансиски хороскоп до 2 јануари: Ќе бидеме во искушение да потрошиме повеќе од потребното https://arhiva.vistina.com.mk/nedelen-finansiski-horoskop-do-2-januari-kje-bideme-vo-iskushenie-da-potroshime-povekje-od-potrebnoto/ Tue, 28 Dec 2021 10:02:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232799

Последната недела ни носи нови предизвици со кои некои знаци полесно, а некои знаци потешко ќе се справат. Многумина од вас ќе бидат во искушение да потрошат повеќе отколку што треба. Еве што ни предвидува неделниот финансиски хороскоп до 2 јануари. Овен Оваа недела многумина од вас ќе ја откријат својата вистинска цел во животот. Иако трошењето е неопходно, сепак можете да бидете повнимателни кога станува збор за финансиите. Веднаш одвојте пари за плаќање сметки и основни потреби. Сè што ќе купите треба да биде добро испланирано. Бик Постои веројатност дека оваа недела ќе работите повеќе време, а ќе заработите исто или уште помалку. Важно е да не ја изгубите вербата во себе и да работите мирно и без притисок, без да трошите нерви и време. Можеби подобро е да го одложите трошењето пари по празниците кога ќе почнат попустите. Близнаци До крајот на годината ќе сфатите што е она што сакате да промените во вашиот живот. Сега е одличен момент да размислите за промена на работното место или за започнување сопствен бизнис, но не донесувајте одлуки прерано без детална анализа. Рак Последните денови од годината ќе бидат многу стресни за вас. Ќе брзате од состанок на состанок, а тука е и непланираниот шопинг. Во овој период астролозите ви препорачуваат да не ги занемарите вашите приоритети како и времето за одмор. Во спротивно, тоа може негативно да се одрази врз вашето здравје. Лав Ќе бидете најзафатени на 28 декември – денот на преминот на Јупитер во Риби, а не во петок, 31 декември. Астролозите ви препорачуваат да не закажувате важни работи за овој ден и да се воздржете од каков било шопинг, особено преку интернет. Доколку по професија сте продавач или менаџер на продавница, оваа недела вашиот бизнис ќе бележи значителен напредок. Девица Астролозите ве советуваат да ја завршите годината со планирање и поставување реални цели за следната година. Вашиот успех во голема мера може да зависи од поддршката на вашите најблиски. Најдобро би било да купувате новогодишни подароци во вторник или четврток, но не и во среда или во петок. Вага Ве очекува тешка и нестабилна финансиска недела. Астролозите од друга страна, ви препорачуваат да ги искористите празниците за едукација, учење нови вештини и читање биографии на успешни луѓе. На тој начин ќе можете да усвоите знаења кои досега ви биле непознати. Подобро е да не ризикувате доколку станува збор за започнување бизнис, или промена на работното место. Скорпија Ви претстои мирна финансиска недела. Сè ќе се одвива тивко и без непријатни изненадувања. Проблемите можат да се јават само доколку почнете неразумно да трошите. Овој период искористете го за да направите ревизија на трошоците како и план за штедење. Стрелец Оваа недела фокусирајте се на вашите таленти, научете нови вештини и обидете се да бидете покреативни. Бидете отворени за нови работи. Имаме и добра вест за вас: ќе бидете наградени за напорната работа во текот на оваа година, а можно е и унапредување на работното место. Јарец Ќе ја претворите вашата самодоверба во успех многу побрзо од вообичаеното благодарение на поволното влијание на планетите. Завршените обуки, вештините кои ги стекнавте досега како и искуствата, ќе ви отворат нови можности. Ве очекуваат нови победи, промоции и бонуси. Доколку сте во план да трошите, нека тоа биде испланирано. Водолија Вие сте зависник од работата, но потрудете се да не работите премногу од 27 декември до 2 јануари бидејќи непотребно ќе ви одземе премногу енергија. Купувањето работи за домот и неговото уредување ќе ви донесе голема радост, позитивна енергија и ќе биде момент кога ќе можете да ја искористите сета ваша креативност. Риби Вашиот живот би можел драматично да се смени оваа недела, особено во поглед на деловната и финансиската сфера. Сега е идеалното време да размислите за иднината, како и да поработите на себе. Ако ви дозволуваат финансиите, одвојте пари за нешто што можеби ќе ви затреба во блиска иднина.   извор: kafepauza.mk]]>

„Имам пари, купувам сè што сакам“: Дарко Лазиќ тврди дека нема долгови https://arhiva.vistina.com.mk/imam-pari-kupuvam-se-shto-sakam-darko-lazikj-tvrdi-deka-nema-dolgovi/ Mon, 15 Mar 2021 11:55:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194152

Пејачот Дарко Лазиќ вели дека повеќе нема долгови, и дека не гледа причина да се замара со гласините. - Тие зборуваат  сè за моите долгови, само за работа, бројката на крајот достигна два и пол милиони. Не знам каде можев да потрошам толку многу пари. Приказната започна за тие пари, за некој јак бакшиш, па се додаде дека некој ми наплатил рекет, па камата, што ја должев ... Беше 500 илјади, па реков не 500 туку милион, значи беше милиони и пол, така што реков дека веќе не е ни милион, сега се два, а потоа два и пол, само доаѓаше... Се разбира, не е точно, немам долгови, беше далеку од тоа - вели тој и додава дека не му е грижа за финансиите:
- Што се однесува до финансиите, не се грижам. Не ги потрошив додека траеше најсилниот бран на короната, имаме леб и сè што ни треба,завршува Дарко Лазиќ.]]>

Ќерката на Џеј изјави дека никој од естрадата не и излегол во пресрет по смртта на татко и, а сега Саша Матиќ вели дека ќе и помага и финансиски (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-dzej-izjavi-deka-nikoj-od-estratata-ne-i-izlegol-vo-presret-po-smrtta-na-tatko-i-a-sega-sasha-matikj-veli-deka-kje-i-pomaga-i-finansiski-foto/ Thu, 25 Feb 2021 09:16:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191343

Марија Рамадановски, ќерката на покојниот пејач Џеј Рамадановски, одлучи да ја започне својата музичка кариера, а Саша Матиќ е подготвен да и помогне на секој можен начин. Наследничката на пејачот по професија е шминер, но реши да се откаже од таа работа заради музика. Причината за тоа е што, покрај талентот, Марија сака да ја исполни желбата на нејзиниот татко и да се испроба во пеењето, што Џеј ја убедуваше да го стори долго време, пишува „Курир.рс“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kjerkata-na-pokojniot-dzej-reshi-da-stane-pejachka-ama-nikoj-od-estradata-ne-me-bara/ Додека беше жив, Џеј инсистираше неговата наследничка да сними песна, па дури и предложи дует. Сепак, таа одбила поради несигурност, но непосредно пред крајот на неговиот живот, таа се согласила да биде гостинка во неколку телевизиски емисии со него. Тогаш покажа дека го наследила талентот од нејзиниот татко. Покојниот Џеј никогаш не му кажал на својот пријател Саша Матиќ за желбата на Марија да се занимава со музика, но тој истакнува дека тој е тука за сè што и треба во животот и кариерата.
- Мојот пријател Џеј никогаш не ми рече дека неговата ќерка сака да пее професионално. Слушнав дека го наследила талентот од нејзиниот татко и дека многу сака да пее. Јас ќе бидам прв тука за неа, ако и треба каква било помош, и финансиска, но и за избор на песни, музика, што и да и треба, секогаш може да ме контактира. Прекрасно е што таа сака да продолжи по стапките на негјзиниот татко, тој би бил горд - истакна Матиќ за споменатиот медиум. Марија реагираше воодушевено кога слушна што рече Матиќ. - Би сакала да ви се заблагодарам за секој убав коментар и желба да помогнете. Чест ми е што тој има толку убаво мислење за мене и што ми посакува добро - започна Рамадановска и додаде: - Во моментов работам на песна, избирам соработници, но сè уште не е за во јавноста. Не знам уште кога ќе излезе. Она што можам да го кажам е дека ќе биде во помодерен стил, тој е комерцијален и тоа е она што луѓето го бараат, и воопшто повеќе сакам да го пеам тој поп-фолк стил. Фала му на Бога, можам да пеам сè, така што тоа не е проблемвели Марија. Таа исто така посочува дека повеќе не се занимава со шминка, како и дека не работи во Народниот театар, бидејќи музиката е нејзина главна преокупација во наредниот период. Да потсетиме, Џеј Рамадановски почина на 6 декември 2020 година, во неговиот стан во Дорчол.]]>

Рада Манојловиќ откри од што заработува додека живее во родното село за време на пандемијата https://arhiva.vistina.com.mk/rada-manojlovikj-otkri-od-shto-zarabotuva-dodeka-zivee-vo-rodnoto-selo-za-vreme-na-pandemijata/ Wed, 27 Jan 2021 10:34:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187007

Заради пандемијата на коронавирус, која беше прогласена во март минатата година, сите настапи на пејачките во 2020 година беа откажани, а Рада Манојловиќ не крие дека едвај чека да започне со работа, но, што се однесува до финансиите, таа сепак успеа да се снајде во поглед на финанссите. Имено, Рада моментално престојува во родниот град Четереш затоа што го издава станот во Белград, па успева да заработи доволно пари од кирија и преглед на Јутјуб.
- Во моментов сум во родното село, нема настап веќе подолго време. Заработувам од прегледување песни на каналот Јутјуб и од изнајмување станот што во центарот на Белград. Претпоставувам дека наскоро ќе започнеме со тезга, сите се уморија од носење маски и седење дома - призна пејачката за српски Телеграф.]]>

Личниот фотограф на министерката за финансии е позитивна на коронавирус https://arhiva.vistina.com.mk/lichniot-fotograf-na-ministerkata-za-finansii-e-pozitivna-na-koronavirus/ Wed, 17 Jun 2020 11:28:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154209

Личниот фотограф на министерката за финансии, инаку вработена во една национална телевизија е позитивна на коронавирус. Според информациите кои се ширеа по социјалните мрежи, таа редовно одела на работа, но од министерството демантираат дека во последните 16 дена се појавила на работното место. Според министерството за финансии поради тоа нема причината да се превземаат дополнителни мерки за заштита, oбјавува Инфомакс. -Станува збор за фотографка која е ангажирана со авторски хонорар во Министерството за финансии и која доаѓа да фотографира на настани кога има потреба. Последен пат беше ангажирана да слика пред 16 дена и оттогаш не била да слика настан. Таа била тестирана позитивна деновиве и и била направена епидемилошка анкета. Штом дознавме ги контактиравме епидемиолозите, кои согласно сите информации кои ги дадовме и временскиот период не информираа дека нема потреба од преземање на мерки. Во Министерството за финансии се работи според утврдените здравствени протоколи, задолжително се носат заштитни маски, секаде има пунктови за дезинфекција и се внимава да се држи дистанца од 2 м и повеќе. И посакуваме брзо закрепнување, стои во одговорот од министерството. Сепак, министерката за финансии ги превзема сите мерки за заштита на своето здравје, доволен доказ е тоа што таа се вози во посебен лифт во министерството за финансии. Наши извори во министерството упатуваат на тоа дека откако е започната кризата има наредба еден од лифтовите во министерството да го користи само Ангеловска, а сите останати над 400 вработени да се возат со само еден лифт. Лифтот на министерката секојдневно се дезинфицира и се поминува со УВ лампи. Извор: Курир.мк
]]>

Што се случува во телото и мозокот кога сте под стрес поради финансии? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-sluchuva-vo-teloto-i-mozokot-koga-ste-pod-stres-poradi-finansii/ Tue, 19 Nov 2019 13:20:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119435

Луѓето постојано се под стрес, а најчесто парите се главни виновници за тоа. Ова го потврдува и истражувањето спроведено од Credit Sesame, кое открива дека 82 проценти од оние кои се борат со долгови на кредитните картички доживуваат стрес, пишува Huffington Post. Истото истражување покажува дека 40 проценти чувствуваат срам поради тоа, а 25 проценти од испитаниците признале дека плачеле поради ситуацијата во која се нашле. Но, ако и самите некогаш сте се нашле во слична ситуација со финансиски проблеми, сте се увериле на сопствена кожа дека последиците се бројни. Од ослабено когнитивно функционирање до сериозни болести. Но, што точно се случува во телото во текот на стрес од овој вид?

Телото ви порачува „бори се или бегај“

Во вас се јавува нагон за борба или бегство, станува збор за механизам на преживување кој им овозможил на нашите предци брзо да реагираат во ситуации кога се соочени со непосредна закана. Во тие моменти се ослободуваат хормони на стресот, како адреналин или кортизол кои помагаат да се носите со проблемите. „Оваа природна реакција има влијание на телото, таа нè исцрпува“, објаснува Ејми Дарамус, клинички психолог од Чикаго. Таа тврди дека ваквиот вид на стрес може да предизвика толку големо напрегање на мускулите што предизвика и болка. Освен тоа, го нарушува и имунитетот. „Може да предизвика главоболка, но и други болки, без да бидете свесни дека сте под стрес“, објаснува таа.

Почнувате да носите лоши одлуки

ури и ако сметате дека сте интелигентна, разумна личност, финансискиот стрес може да ја ослаби вашата способност за носење добри одлуки. „Под стрес протокот на крв се намалува во предниот дел на мозокот и се зголемува во деловите кои помагаат во преживување“, вели Дарамус. Со оглед на тоа што тие делови од мозокот помагаат во вештини како што се решавање проблеми, планирање, концентрација и контрола на импулсот, намаленото функционирање може да доведе до носење лоши одлуки. Кога сте загрижени или испаничени поради финансиската ситуација вашите одлуки стануваат поимпулсивни и поттикнати од нагонот за преживување.

Може да се појават анксиозност и депресија

Постојаната грижа за пари може да доведе до сериозни психолошки проблеми. „Кога сме под стрес поради пари може да станеме многу анксиозни, па дури и депресивни“, вели Карла Мери Менли, клинички психолог од Калифорнија. Постојат и случаи кога кај луѓето се појавуваат и самоубиствени мисли поради финансиските проблеми во кои се нашле. Истражување на The Ascent of America, кое опфатило луѓе кои имале долг од најмалку 1.000 долари, дошло до загрижувачки резултати за поврзаноста на чувството на среќа, исполнетост и самопочит со финансиските проблеми. Околу 38 проценти од испитаниците одговориле дека не можат да спијат навечер поради долгот, 48 проценти изјавиле дека нивниот долг негативно влијае на оптимизмот, додека 47 проценти сметаат дека негативно влијае на самодовербата. Околу 97 проценти сметаат дека би биле посреќни кога не би имале финансиски проблеми.

Хроничниот стрес доведува до сериозни заболувања

„Кога нивото на адреналин и кортизол се постојано зголемени доаѓа до физиолошки оштетувања. Како резултат на тоа многумина кои страдаат од хроничен стрес имаат поголем ризик од срцеви заболувања, дијабетес, хронични проблеми со спиење и слично“, вели Менли.

Се зголемува ризикот од развој на зависности

Истражувањата покажале дека оние кои имаат проблеми со пари многу полесно развиваат зависност. Студија на Универзитетот во Њујорк најде директна врска меѓу зголемениот финансиски стрес и прекумерното пиење алкохол и пушењето, особени меѓу повозрасните мажи.]]>

Што ти е Заев влада…!? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-ti-e-zaev-vlada/ Sat, 07 Sep 2019 11:44:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105698

Поставувањето на новата „Групер“ министерка за финансии и новиот „Нокаут“ заменик министер за економија во владата на Заев, поставија нови стандарди на мајтап на социјалните мрежи. Ова е одговорот на „Фејсбукџиите“: