финалисти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Dec 2022 13:11:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png финалисти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Избрани се финалистите на „Лузер Фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/izbrani-se-finalistite-na-luzer-fest/ Wed, 30 Nov 2022 06:41:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277841

Отворениот конкурс на „Лузер Фест“ за пријава на демо изведувачи заврши, од безброј апликации на млади таленти селекцијата на финалистите е направена. Ги имаме имињата на групите кои ќе се натпреваруваат на 3-ти декември со почеток од 20 часот во Младински Културен Центар – Скопје. Во конкуренција да бидат најдобриот, имаме осум бенда кои ни се придружуваат од повеќе краеви од Македонија, и тоа „Беседа“ од Куманово, метал група која создава моќен звук што ги пробива човечките емоционални граници, „Халфгад“ од Кичево, кои не можат да го одредат својот звук и го опишуваат едноставно како „Халфгад“, „Ендемски вид“ од Кавадарци, прераснати од кавер-група до авторски бенд, панк-рокерите од Велес „Оловна Рестрикција“, „Џеф Бахами“ од Битола музика на „професор“ по роботика и неговите хуманоиди, како и три групи од главниот град хеви-метал бендот „Растејнд“, „Мензел“ алтернативна рок група на студенти кои се наоѓаат според заедничкиот интерес кон уметноста и „Харакири“ проект на музичари од разни бендови кои прават обид да го освежат концептот на рок трио. Публиката и жирито, кое ќе биде непосредно објавено пред концертот, се оние кои ќе ни го откријат победникот, и тоа со тајно гласање на вечерта на настанот. Имено, билетот по цена од 100 денари воедно ќе важи за гласачко ливче, на кое со заокружување на својот омилен изведувач ќе го одредиме најдобриот.]]>

Преслушајте ги песните: Ова се 10-те финалисти од првата полуфинална вечер на Евровизија (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/preslushajte-gi-pesnite-ova-se-10-te-finalisti-od-prvata-polufinalna-vecher-na-evrovizija-foto-video/ Wed, 15 May 2019 08:02:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87907

Вчеравечер во Тел Авив - Израел се одржа 64-то издание на Евровизија.  Во првата полуфинална вечер настапија 17 земји, но само 10 од нив се пласираа во главната вечер која ќе се случи во сабота. Од она што можевме да го видиме од преносот на Македонската телевизија, сцената како и секоја година беше импресивна, а музиката на секој учесник жанровски се разликуваше, но доминираа поп и електронски песни. Ова се 10-те финалисти кои вечерва се пласираа во финалето кое ќе се одржи во сабота во Тел Авив. 1.Грција
2.Белорусија
3.Србија
4.Кипар
5.Естонија
6.Република Чешка
7.Австралија
8.Исланд
9.Сан Марино
10.Словенија
Македонија годинава ја претставува Тамара Тодевска со песната „Proud“ која ќе ја видиме во четврток во втората полуфинална вечер. Доколку не бевте во можност да ја проследите првата евровизиска вечер, преслушајте ги финалистите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=_BWHL5I-E-A https://www.youtube.com/watch?v=gPHOFq4hoIU https://www.youtube.com/watch?v=1-7NFt8EAe0 https://www.youtube.com/watch?v=U1HNhA-7OEU https://www.youtube.com/watch?v=m3WF2AsxLB8 https://www.youtube.com/watch?v=_ZlGaTtWCWI https://www.youtube.com/watch?v=6IxL8uvArVg https://www.youtube.com/watch?v=8-HR-L4QY0g https://www.youtube.com/watch?v=wnA0doOsGDY https://www.youtube.com/watch?v=3jCAyvVJVFw]]>

Ова се финалистите на годинешниов „Макфест 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-finalistite-na-godineshniov-makfest-2018/ Sat, 06 Oct 2018 11:11:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51796

Уште десет од шеснаесетте композиции што се натпреваруваа во вчерашната втора полуфинална вечер на „Макфест 2018“ си обезбедија пласман за финалето на 33. издание на популарниот фестивал, кое ќе се одржи вечерва во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Вкупно 20 нови рефрени ќе се натпреваруваат за вредните награди во износ од 5, 4 и 3 илјади евра за првите три места, како и за четирите стручни награди во вредност од по 500 евра. По евровизиски принцип на гласање, за судбината на натпреварувачките теми одлучуваа две стручни жирија и гласовите на публиката што беше присутна во салата, па така во оваа втора полуфинална вечер победи баладата „Никогаш не вели никогаш“ во изведба на талентираната Антонија Гиговска, а потпишана од братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.
Како второрангиран оваа вечер заврши хитмејкерот Роберт Билбилов, кој на макфестовската, но и на музичката сцена како изведувач се врати во неколкугодишна пауза. Тој се натпреваруваше со темата „Чудни места“, за која самиот си ги потпиша музиката и аранжманот, а текстот е на Робин Зимбаков. По долгогодишна пауза повторно ја видовме и изведувачката на треторангираната балада „Време“ Дани Димитровска, која и овој пат настапи со дело на своите долгогодишни соработници Весна Малинова и Кирил Бабамов.
За вечерашното финале се пласираа и „Би те одбрал само тебе“ од Александар Тарабунов, „Разбуди ме“ од Огнен Здравковски, „Изгреј сонце“ од триото „Џентлмен“, „Не си ти крив“ од Барбара, „Тој сон нека потрае“ од штипјанецот Давид Миладинов, „Ме научи да бидам своја“ од Анастасија и „Песно моја“ од Весна Спасова.
Како и на првото полуфинале така и вчера шест композиции не успеаја да обезбедат доволна поддршка од жиријата и публиката, па натпреварот заврши за Марјан Стојаноски со неговата „Љубов искрена“, Ивона Јовановиќ со „Убав е овој свет“, Наталија Славева со „Штом љубовта исчезне“, дебитантот Симеон Коруноски со „На светов си сè“, Мартина Митревска со „Мое мило“ и Анета Ристова Василева со „Како зрно песок“.
Дваесетте финални композиции уште еднаш ќе ги слушнеме вечерва со почеток од 20.30 минути, преку директниот пренос на првата програма на МРТ, а во улога на водителка на манифестацијата повторно ќе ја видиме Марјана Станојковска. Во ревијалниот дел од вечерта, за време на гласањето свое шоу ќе има еден од најпопуларните македонски пејачи и автори – Дарио Панковски. Извор: РадиоМК]]>