филмски песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Feb 2024 13:43:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png филмски песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Филмски песни наградени со „Оскар“ на Оскаровската вечер во МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/filmski-pesni-nagradeni-so-oskar-na-oskarovskata-vecher-vo-mob/ Sun, 25 Feb 2024 13:33:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340334

Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Националната опера и балет во среда (28 февруари) во 20 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар. Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.]]>

Промоција во МКЦ на книгата „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-vo-mkc-na-knigata-filmski-pesni-od-dejan-trajkoski/ Tue, 22 Nov 2022 12:12:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276964

Издавачката куќа „Бата прес“ вечерва, на 22 ноември, во 20 часот, во Фоаје на МКЦ, ќе ја промовира книгата „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски. На промоцијата за книгата ќе разговaрaат Гоце Смилевски и Дејан Трајкоски, додека песни од книгата ќе изведат Пијан Славеј и Гоце Јованоски. Писателот и рецензент Гоце Смилевски за книгата „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски веќе напиша: „…Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот, и имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро – трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото.“ Понатаму Смилевски дефинира дека станува збор за „…поезија на метафизичко проникнување на човековата егзистенција, низ дијалог со филмовите, или делови од нив… Читајќи ја оваа поетска збирка на Трајкоски, соочени сме со поезија богата со специфична визуелна имагинација, и честопати имаме впечаток дека стиховите полни со интимни рефлексии, како и оние со контемплации, се менуваат со стихови со таков визуелен набој, како да се снимени, кадрирани, монтирани, зумирани… како впечатлива симбиоза на поетското, визуелното и контемплативното.“]]>