филмска музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Jan 2023 13:34:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png филмска музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музиката од филмот „Големата вода“ стана достапна на сите дигитални сервиси во светот https://arhiva.vistina.com.mk/muzikata-od-filmot-golemata-voda-stana-dostapna-na-site-digitalni-servisi-vo-svetot/ Tue, 17 Jan 2023 13:34:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284664

По објавувањето на музиката за филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски кон крајот на минатата година, Филтер Лабел продолжува со изданија од серијалот филмска и театарска музика создадена од еден од нашите најплодни и меѓународно најуспешни современи композитори, Кирил Џајковски. Музиката од ремек делото „Големата вода“ на Иво Трајков стана достапна на сите дигитални сервиси во светот. Овој материјал на Џајковски е едно од највпечатливите сведоштва за неговиот раскошен талент како композитор на филмска музика и потврда на неговата креативна зрелост. На петнаесетте композиции од ова издание, авторот успеал да прикаже подеднаква елоквентност во динамичните, драматични, перкусивни теми (“Chasing Lem”, “Blood Brothers”) и во нежните, елегантни, интроспективни нумери (“The Great Water”, “Forgiveness”, “Farewell”). Материјалот е мајсторски напишан, аранжиран со исклучително чувство за детали и отсвирен со неверојатна прецизност. Богатите оркестарски текстури и силната емотивност на композициите не се во контраст, туку напротив совршено се дополнуваат. „Големата вода“ ја освои наградата за најдобра музика на Филмскиот фестивал во Валенсија. Албумот со музиката од филмот „Големата вода“ од денеска може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси. Директни линкови до изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната адреса.Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови.]]>

Почина легендарниот композитор на филмска музика Енио Мориконе https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendarniot-kompozitor-na-filmska-muzika-enio-morikone/ Mon, 06 Jul 2020 07:45:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157136

Познатиот италијански композитор на филмска музика и добитник на Оскар, легендарниот Енио Мориконе почина на 6 јули 2020, на 91-годишна возраст, јавуваат локалните медиуми. Мориконе починал поради компликации по скршеницата на бутната коска, која ја скршил минатата недела откако паднал. Мориконе компонираше повеќе од шеесет години и за тоа време има направено музика за повеќе од 500 филмови. Пред само три години го освои својот прв Оскар - за музика во филмот „Омразените осумина“ ("The Hateful Eight"). Маестро Мориконе почнал да компонира во средината на педесеттите години, откако дипломирал на една од најстарите музички академии во светот - Националната академија на Санта Сесилија (Accademia Nazionale di Santa Cecilia) во Рим, каде што дипломирал труба. Музиката од филмовите „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“,„Беше еднаш во Америка“, „Недопирливите“, „Мадалена“... се само некои од најпознатите светски филмски остварувања за кои неповторливата филмски теми ги напиша големиот Мориконе. Енио Мориконе беше гостин и во Македонија, каде со својот настап и изборот од неговите најголеми филмски музички дела на концертот во Античкиот театар го отвори фестивалот „Охридско лето“  во 2009-тата година. https://www.youtube.com/watch?v=Jjq6e1LJHxw&fbclid=IwAR2bMpybRlVX3qw6Ib6WTyyHtrJ2BY_GImMkSR4Xjd2ylMwh5e_iVY6oiJg Фото: Инстаграм принтскрин/maestro_ennio_morricone]]>