филиповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 23 Apr 2022 06:50:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png филиповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Некст Тајм“ на „возење“ кај Лазаров: „Никогаш не сме земале пари од ниту една политичка партија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekst-tajm-na-vozenje-kaj-lazarov-nikogash-ne-sme-zemale-pari-od-nitu-edna-politichka-partija-video/ Sat, 23 Apr 2022 06:50:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247376

Младиот и се' попопуларен водител Стефан Лазаров во неговото „карпул кароке“ ги угости близнаците од „Некст Тајм“, Мартин и Стефан Филиповски. Се разбира, причина за нивното гостување беше нивниот најнов проект кој го промовираа пред неколку дена - одличната преработка и уште едно фантастично филмувано видео на последната од низата македонски изворни песни со стихови со патриотска ссодржина  „Кога падна на Пирина“. Близнаците со Лазаров споделија за впечатоците од работењето на проектот, пееја заедно во автомобилот, разговараа за идните планови, одговараа на прашања колку се познаваат меѓу себе, а исто така одговорија и дали позади нивните песни и спотови стои некоја политичката партија и воопшто колку се инволвирани во политиката и тие и нивните песни... Што сè имаа да одговорат на интересните прашања на Лазров, погледнете во видеоинтервјуто во продолжение: ]]>

Близнаците од „Некст тајм“ во совршена монтажа, со погрешно име: „Нешто ќе те питам бато, чиј војвода беше Питу Гули?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bliznacite-od-nekst-tajm-vo-sovrshena-montaza-so-pogreshno-ime-neshto-kje-te-pitam-bato-chij-vojvoda-beshe-pitu-guli-foto/ Fri, 19 Nov 2021 09:39:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227973

Близнаците од дуото „Некст Тајм“, браќата Мартин и Стефан Филиповски покрај тоа што се одлични музичари, познати, признати и популарни естрадни ѕвезди, годиниве наназад покажаа дека се и големи патриоти. Вистиски родољуби  кои си ја сакаат својата татковина Македонија, а таа љубов и патриотските чувства на најдобар можен ја преточија во своите преработки на старите македонски народни песни, вдахнувајќи им нов, современ дух на времето, но правејќи ги и паметник кој им ја доближува не само музиката, туку и македонската историја на новите генерации. Она што како последно осамна на социјалните мрежи на нивниот официјален профил е заедничката фотографија на двајцата „арслани“ со еден од најголемите македонски револуционери, војводата Питу Гули?! Се разбира дека „временската машина“ на Мартин и Стефан која ги вратила назад во времето се некои од познатите дигитални алатки, со чија помош  денес се' е можно, па и легендарниот македонски војвода од влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење кој загинал на Мечкин Камен бранејќи ја Крушевската Република, да се слика со „неговите другари“ од „Некст Тајм“. Така близнаците од „Некст тајм“ се најдоа во совршена монтажа, арно ама... со погрешно име! Имено, под монтираната фотографија на која се заедно со легендарниот војвода пишува: „ПитО ГулЕВ и неговите другари“!!? Веројатно можете да претпоставите на кој јазик, зашто ТИЕ имаат неодолива желба и потреба да ги прекрстуваат имињата, менуваат и присвојуваат историјата! Жива среќа што натписот како и автентичната фотографија датираат од ОНА време, а монтираните ликови на браќата од ОВА време, инаку и бизнаците ќе беа Мар(т)ин и Стефан Филипови! Ама за се' има поправен... или поточно, корекција! Па ако можеле да ги вметнат и интегрираат своите ликови во старата фотографија со војводата Питу Гули, можат да го сменат и натписот под неа. Онака како што реално и вистински тој се вика... Сосе „неговите другари“! За да не биде: „Нешто ќе те питам бато, чиј војвода беше Питу Гули?“ Фото: Инстаграм принтскрин/nexttimeband/Википедија]]>

Мартин и Стефан од „Некст Тајм“, Реал (М) и судијата ги „извадија од кондури“: Ако имаш контакт со девојка, исто ли е како да си ја бакнал? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/martin-i-stefan-od-nekst-tajm-real-m-i-sudijata-gi-izvadija-od-konduri-ako-imash-kontakt-so-devojka-isto-li-e-kako-da-si-ja-baknal-foto/ Thu, 12 Apr 2018 07:59:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20323

Вчерашниот фудбалски натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Реал - Мадрид и Јувентус, предизвика огромен интерес кај фудбалските фанови на обете екипи, но и кај оние неутралните љубители на фудбалот. По фантастичните 0:3 среде „Сантјаго Бернабеу“ со кои Јувентус се врати во игра анулирајќи го домашниот пораз со ист резултат, по криминалната игра на Реал, на ред дојде моментот на одлука во судиското надополнување, кога токму англискиот судија Мајкл Оливер во 93. минута свирна сомнителен, за многумина непостоечки или „криминален“ пенал за Реал. Протестите, негодувањата и метежот на фудбалерите на Јуве околу суијата не помогнаа... Напротив, легендарниот голман Џиџи Буфон заработи исклучување! Роналдо ударот од белата точка го претвори во погодок со кој мадриѓаните одат во полуфинале! Едни се радуваа со коментари од типот: „Молчи, го спасивме га*от“, другите фрлаа дрвја и камења по судиите викајќи: „УЕФА - мафија“... Трети за малку што не ги скршија ТВ приемниците таму каде што гледаа Лига на шампиони!
Меѓу македонската естрада, особено меѓу оние од посулниот пол исто така има голем број вљубеници во фудбалот од кои и навивачи за едните или другите. Близнаците од „Некст Тајм“, Мартин и Стефан се навивавачи на старата дама... Или барем за Јувентус навиваа во вчерашниот дуел, за инает на Реал, кој е лут ривал на нивната Барса, која ден порано беше исто така елиминиране со неверојатни 3:0 од Рома. Арно ама, кога и тие, како и сите други речиси беа сигурни дека „чудата се можни“, судијата им ги „скуси сништата“, а на некои од оние најверните и најнервозните, за малку и животот! Одлуката на англискиот арбитар браќата од „Некст Тајм“ ги „извади од кондури“, па не чекаа многу по завршувањето на натпреварот да го изразат својот револт и незадоволство на социјалните мрежи!
Мартин очигледно го владее фотошопот, па затоа беше посликовит и поконкретен... Една фотографија - илјада зборови. Или само еден збор?  Роналдо? Не! „Пеналдо“!
А Реал од снјошти според него може да се пофали и со новиот спонзор на дресовите: „Судиите“!
На неговите реакци се надоврзаа и Влатко Лозановски, како и брат му Стефан...
...како и некои од нивните пријатели, кои го сменија изгледот на грбот на „кралскиот клуб“: „Наместо логото, белата точка во средина на истиот“ !
Како и да е, Реал оди во полуфинале на ЛШ... а разочараните фанови на Јувентус остануваат да жалат и да се чудат што тоа  се случи? Се' на се', пенал или не, имало или немало контакт во петрецот... Еве како Мартин Филиповски гледа на работите: „Ако имаш контакт со девојка, исто ли е како да си ја бакнал“?
   ]]>