Филип Пешевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Apr 2023 07:55:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Филип Пешевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Прво, па машко: Македонскот пејач кој важеше за „кршач на женски срца“ стана татко (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prvo-pa-mashko-makedonskot-pejach-koj-vazhi-za-krshach-na-zhenski-srtsa-stana-tatko-foto/ Thu, 20 Apr 2023 07:32:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298748

Младиот и шармантен пејач Филип Пешевски на кој медиумите знаат да му го доделат епитетот „кршач на женски срца“, стана татко. Убавата вест ја сподели неговата колешка Антониа Гиговска која преку објава на кусите приказни на Инстаграм откри дека Филип добил наследник и им честиташе на тазе родителите. Прво, па машко за Филип и мама Ирина. Пејачот приватноста ја креиеше како змија нозете, па оттука тоа дека станал татко, е изненадување како гром од ведро небо. Медиумската експонираност Пешевски реши да ја тргне од својот живот, веројатно со големите животни промени, девојката, а сега и мајка на неговото дете. Ако некогаш го полнеше својот профил на Инстаграм со разголени фотографии од мускулестото торзо, сега тато Филип го затворил својот профил како приватен, исто и неговата избраничка, па оттука се поставува прашањето дали Пешевски освен што се тргна од социјалните мрежи и публиката на витуелен начин, планира да се тргне и од музиката. Сега родителските обврски за најубавото нешто кое може човека да се случи се пред него, а тоа што се стави во медиумска илегала, сега останува на „стенд-бај“. За потсетување, Филип Пешевски последно го гледавме со својот настап на „Макфест“, а исто така го издаде и синглот „ Тешко мене без тебе“ заедно со Лила Филиповска. фото:Инстаграм принтскрин/ирина фарина/Јутбуб/ Лила Филиповска/Антониа Гиговска]]>

Лила лани вети, а сега одново пропеа и сними нова песна и спот во дует со младиот Филип Пешевски: „Тешко мене со тебе“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-lani-veti-a-sega-odnovo-propea-i-snimi-nova-pesna-i-spot-vo-duet-so-mladiot-filip-peshevski-teshko-mene-so-tebe-foto/ Mon, 17 May 2021 07:10:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202575

Најпознатата и најпопуларна македонска ТВ водителка Лила Филиповска одново пропеа! Или поточно, му се врати на пеењето, во кое имаше обиди да се стекне со слава на почетокот на својата кариера. Впрочем, Лила отсекиогаш не била само ТВ водителка, па така покрај новата „занимација за пари“, инфлуенсерството и катадневното рекламирање на разно-разни производи и услуги на социјалните мрежи, Лила реши да и се врати и на „старата љубов“  - естрадата. Можноста за такво нешто Вистина.ком.мк ја најави уште лани, кон средината на летото 2020 година кога среде коронапандемија Лила и младиот македонски пејач Филип пешевски ја заскокоткаа јавноста со нивниот „дует на клупа“ со „ стара песна на нов глас“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/najpoznatata-makedonska-tv-voditelka-kje-pravi-nova-kariera-na-stara-slava-lila-mu-se-vrakja-na-peenjeto-video/ Имено, тогаш 22 годишниот Филип Пешевски кој освојува со својот шарм и харизма, но и со своето пеење, на своите профили на социјалните мрежи фејсбук и Инстаграм објави кусо видеоклипче од клупа во паркот, а на неа тој со акустична гитара в раце и до него таа – Лила!!? Анплагд дует фрагмент од нејзиниот стар хит „Ти верував до крај“, кој ги изненади неговите обожавател(к)и, а ја шокираше целата јавност. Особено текстот, кој Филип го споделил под клипот, дека наскоро од нив двајца треб да се очекува нешто ново, а истото го потврди и Лила: “20 години подоцна... tnx @filippeshevski_ што ме потсети на едно дамнешно но преубаво време...”Ти верував до крај “ е песна што ја напиша Роберт Саздов а текстот е мој  и искрено секогаш ми буди убави емоции се надевам и на вас драги другари. Како и да е наскоро нешто ново од нас... Stay tuned“ - сподели тогаш водителката.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

И икао обожавател(к)ите се израдуваа, ништо ново не дочекаа... не барем така бргу, с'е до сега, кога речиси една година подоцна, најавата за ветеното Лила и Филип решиле да ја остварат и спроведат во дело. Имено, на своите профили на социјалните мрежи и обајцата споделија нови заеднички фотографии со срамежливи најави, а тајната целосно ја откри нивниот заеднички пријател Зоки Фаци, кој ја разобличи мистеријата потврдувајќи на социјалните мрежи дека викендов се снимал и видеоспотот за заедничката песна на Филип и Лила, кој според неговите зборови е високобуџетен, а чиј продуцент е лично тој! Монтажата на видеото е во тек и наводно спотот треба да биде готов за пуштање во етер кон средината на оваа недела!? И ако треба да им се „верува до крај“, според скриените најави во објавите, песната најверојатно носи наслов: „Тешко мене со тебе“ (?)... Скокотлив наслов, без многу појаснување... Тешко, ама, ај погодете, кому со кого? Оние што добро ја познаваат Лила одблизу, велат дека водителката „умее“ со помладите, па затоа не е ни чудо што не снимила дует со некој возрасен пејач, како Владо Јаневски на пример, туку  го одбрала  младиот и талентиран Филип Пешевски. Како сето тоа ќе испадне, како ќе звучи и изгледа, јавноста едвај чека да дознае и е нетрпелива, па не ја држи место, водителката на „Се' или нешто“,  одново да ја види во „некогашната улога“ - на пејачка! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska]]>

Најпознатата македонска ТВ водителка ќе прави нова кариера на „стара слава“: Лила му се враќа на пеењето? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/najpoznatata-makedonska-tv-voditelka-kje-pravi-nova-kariera-na-stara-slava-lila-mu-se-vrakja-na-peenjeto-video/ Sat, 25 Jul 2020 09:02:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160452

Лила Филиповска е една од најпознатите македонски ТВ лица, а гледачите популарната водителка последниве години ја препознаваат по најгледаното гејм шоу  кај нас, „Се или нешто“, во кое секој  ден може да ја видат на ТВ Сител. Но, покрај водителската професија и нејзината најнова „тезга“ на социјалните мрежи - инфлуенсерството или користењето на популарноста за надополнување на сопствениот буџет, можеби само оние повозрасните паметат дека Лила отсекогаш не била само ТВ водителка. Нејзините почетоци во работата како „самостоен обезбедувач на сопствената егзистенција“ се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра - негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги прави првите водителски чекори. Но, дури откако ќе помине на ТВ Сител каде е и ден денес „незамнелива“ во нивниот забавен сегмент, станува она што е - препознатливо и популарно ТВ лице. И токму некаде во тој период, во време на нејзиното прво ТВ шоу се јавува нејзиниот нов порив - да стане и пејачка. Вокалните можности - такви какви што се, ама со помош на модерната технологија може со невидена леснотија да се надмине недостатокот на „Божја дарба“, па Лила тргнува во пејачка офанзива. И тоа во дует варијанта. Најпрвин од чиста забава со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло... „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“... Се редат песните на водителката, која по брачниот бродолом со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогаш лидер на групата „Ариа“  и  нивниот музички излет на фестивалот „Охридски Трубадури“, Лила ќе се разведе  од него и дефинитивно ја батали музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена - ТВ водителството. И долги години потоа за пеење не сакаше ниту да слушне, а камо ли да запее,  арано ама... Арно ама, „никогаш не вели никогаш“ - гласи старата добра поговорка, па така, деновиве Лила одново не шокира. И тоа повторно со дует. Колку за „штик проба“ или најава на она што допрва следи. Имено,  младиот, надежен пејач, но исто така и голем „кршач“ на женските срца, 22 годишниот Филип Пешевски кој својува со својот шарм и харизма, но и со своето пеење на личниот Фејсбук профил објави кусо видеоклипче од клупа во паркот, а на неа тој со акустична гитара в раце и до него таа - Лила!!? Анплагд дует фрагмент од нејзиниот стар хит „Ти верував до крај“,  кој ги  изненади неговите обожавател(к)и, а ја шокираше целата јавност. Особено текстот, кој Филип го споделил под клипот: „Малечок бев кога оваа песна беше хит!Денес, ја имав таа чест да ја отпеам заедно со мојата драга пријателка @lilafilipovska ! А наскоро, нешто ново од нас двајца… Stay tuned. “ - пишува Филип, а и самата Лила го потврди истото на својот Инстаграм профил.
Дали тоа значи дека најпознатата македонска ТВ водителка ќе прави нова кариера на „стара слава“, поточно дали е ова најава дека Лила му се враќа на пеењето? ]]>

Филип Пешевски со „Баги биг бенд“ и ДЈ Сењорита – „Ти ми стоиш најдобро“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/filip-peshevski-so-bagi-big-bend-i-dj-senjorita-ti-mi-stoish-najdobro-video/ Tue, 10 Mar 2020 13:38:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138690

По минатогодишниот летен хит „Без оглед на сè“, кој го потпиша братско - сестринскиот авторски тандем Лазар и Магдалена Цветковски, младиот и талентиран пејач Филип Пешевски ја објави заедно со видеоспот неговата најнова песна, наслов „Ти ми стоиш најдобро“.  Станува збор за тема  на која  како автор на музиката се потпишува самиот пејач, додека за стиховите овој пат бил задолжен  Елвир Мекиќ, а аранжманот го потпишува Никола Автовски. Оваа песна на Филип  се разликува од она што го работат другите на  домашната естрада по тоа што во нејзината реализација е вклучен цел биг бенд. Се работи за новат формација на танцов оркестар насловена „Баги Биг Бенд“ составен од мноштво искусни но и млади акадамски образовани македонски музичари, под диригентската палка на стариот волк, маестро Љупчо Мирковски. Во реализацијата на песната покрај Филип и „Баги Биг Бенд“ учествува и младата ДЈ-ка, со уметничко име ДЈ Сењорита. Материјалот бил сниман и миксан од страна на Љупчо Соколовски во студиото „Сити саунд“, а за мастерингот на песната се погрижил Лазар Цветковски. Видеото за песната е снимано во новото елитно скопско казино, а зад реализацијата стои продукцијата „Black Magic Studios“, додека како режисер се потпишува Никола Автовски. „Среќен сум што конечно е готов целиот овој производ. Верувале или не, на сето ова работев цела една година, бидејќи сакав да звучи и да изгледа се совршено. Воопшто не е мала работа да се изреализира сето ова, но со помош на моите пријатели успеав. Се надевам дека публиката ќе ужива во новата песна“ – вели младиот пејач, кој во иднина ветува уште многу нови песни и видеоспотови. Послушајте ја песната и проследете го видеото за Ти ми стоиш најдобро“, во продолжение: ]]>

Филип Пешевски би сакал да е со неа – „Без оглед на се’“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/filip-peshevski-bi-sakal-da-e-so-nea-bez-ogled-na-se-video/ Wed, 24 Jul 2019 12:24:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99099

Филип Пешевски одново се труди да ја освои македонската публика, овој пат со песна што претендира да биде летен хит. Младиот музичар деновиве ја промовираше темата насловена „Без оглед на сè“, збогатена со летно видео, снимено на идиличните плажи во Саранда, кај нашиот западен сосед Албанија.
Ова е негова прва, се надеваме не и последна соработка со проверените хитмејкери кои ги напишаа најслушаните македонски хитови. авторскиот братско-сестринскиот двоец Лазар и Магдалена Цветкоски. Екранизацијата на песната е дело на екипата од продукцијата „Блек меџик студиос“, авидеоспотот е изработен под режисерската палка на Никола Автовски.
„Драги мои, ви ја подарувам мојата нова песна и видео, која што се надевам ќе биде хит ова лето. Ви благодарам за целата поддршката што ми ја давате, само тоа ми дава храброст да продолжам да творам понатаму. Уживајте, се надевам ќе ви се допадне“, напиша Пешевски.
А, како изгледа и звучи „Без оглед на сè“, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=HLriMcF-Ylg]]>