филип нуне – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Jan 2024 09:53:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png филип нуне – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мими Јовановска испеа песна посветена на сите разделени деца и родители -„Мајка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mimi-jovanovska-ispea-pesna-posvetena-na-site-razdeleni-detsa-i-roditeli-majka-video/ Fri, 26 Jan 2024 06:53:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336405

„Не жали ме , мајко не жали ме, тоа што одам од тебе. Солзиве што капат по мене, знаат што се ќе помине. Далеку си ти од мене, но ќе дојде ден да не собереш...“ Ова е мал дел од зборовите искажани во најновата песна „Мајка“ испеана од Мими Јовановска, а кои при секое слушање предизвикуваат солзи. Песната е преемотивна балада, која Мими ја донесе совршено, каков што е и нејзиниот вокал. Музика и текстот се на Филип Нуне, а аранжманот е на Дамир Имери. Секој кој ќе ј слушне нема, а да не заплаче, бидејќи песната е посветена за сите деца и родители кои се разделени. Деца и родители, кои судбината ги однела на печалба далеку од дома.  Тема, која не е посветена само на минатото, кога масовно се заминувало во странство. Напротив, оваа тема денес и тоа како е актуелна, бидејќи не постои семејство во кое некој од младите не е заминат во странство. Приказната во песната е вистинска  и за авторот на текстот, Филип Нуне, и за пејачката Мими, кои исто така растеле далеку од родителите. -Растев далеку од мајка ми, таа живееше во странство, вели Мими, која на песната и даде невидена емоција, како што само таа знае и умее. Филип, и брат му Раде, кои се дел од „Бендот на браќата Нуне“, ја делат истата судбина. -Песната е поп балада, посветена на сите мајки чии деца се заминати во странство, но и за сите родители, кои заминале во странство, а децата ги оставиле на чување кај бабите и дедовците. Секој има некого во странство или дете или најблизок. Така и се роди текстот. Јас и брат ми исто така бевме одвоени од родителите, бидејќи ние живеевме со баба и дедо, а мајка ми и татко ми  беа во странство. Кога ја направив музиката текстот сам се залепи, вели Филип и додава: -Таква емотивна е и приказната во спотот, кој го направи Даниел Јовески.  Двајца браќа, едниот и е во срце а другиот во душа на мајката и таа ги пакува во два куфери. Но, на крајот животот ги влече еден кон друг. Не би сакал да ја раскажувам комплетно, бидејќи навистина вреди да се види.  Песната е снимена со камерен оркестар, свират 23 виолини, а се работеше во две студија. Спотот е снимен во Охрид во куќата на Робевци и се се поклопи како треба. Изгледа навистина совршено, вели Филип. Спотот на Јутјуб беше промовиран вчера - четврток, 25 јануари 2024, а песната премиерно на жив настап ќе биде изведена пред нашинците во Австралија, бидејќи наскоро Мими и Нуне заминуваат на турнеја. ]]>

Македонската „Гранд“ ѕвезда Мими Јовановска и познатиот музичар во исчекување на приновата направија фотосесија за спомен: „Се’поблиску сме до најголемата магија“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-grand-zvezda-mimi-jovanovska-i-poznatiot-muzichar-vo-ischekuvane-na-prinovata-napravija-fotosesija-za-spomen-se-poblusku-sme-do-najgolemata-magija-foto/ Fri, 07 Apr 2023 06:45:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297068

Mладата македонска пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во претходната сезона од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде остави фантастичен впечаток со своите извонредни вокални извдби. Откако во 2021 година таа се сврши со познатиот музичар Филип Нуне и на раката го стави вереничкиот прстен, следеше и свадбената веселба минатото лето. Свршувачка, сбадба, па на ред доаѓа и бебе.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mimi Nune (@mimijovanovskaa)

Мими е во поодмината бременост, а по примерот на познатите и тие одлучија да направат фотосесија за спомен од трудничките денви или како што викаат самите во исчекувањето на најголемата магија. -Ние сме поблизу од било кога до магијата од претворањето на љубовите пеперутки во човечко суштество, пишува во описот на фотографите каде позираат идните родители.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Filip Nune (@filip_nune)

Штркот наскоро ќе слета, дали ќе добијат момче или девојче, останува да видиме наскоро... фото:Инстаграм принтскин/станков антонио]]>

Мими Јовановска има љубовно видео со посвета на првиот свадбен танц – „Приказна за нас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mimi-jovanovska-ima-ljubovno-video-so-posveta-na-prviot-svadben-tanc-prikazna-za-nas-video/ Fri, 16 Dec 2022 06:53:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280408

„Среќа е за мене да те имам и бескрајно сакам“ - вели Мими Јовановска во најновата песна „Приказна за нас“, за кој вчера беше промовиран спотот. Партнер на Мими, не само во приватниот живот, туку и во песната е Филип Нуне, кој ја направи музиката, текстот и аранжманот, додека спотот го направи Даниел Јовески.  Снимен е на неколку локации во Скопје, но во него се користени и видеосегменти од нивната свадба.   Оваа песна е дел од животот на Мими и Филип, се родила со нивна заедничка мисла и љубов, а беше отпеана на нивната свадба, пред три месеци, кога прв пат ја отпеа Мими.  Љубовта што ја носат во себе ја преточија во песна, во која ќе се пронајдат сите заљубени. Приказна која е вистинска, инспирирана од нивната љубов и од убавите моменти кои тие ги доживувале. „Песна посветена за нашиот прв танц која опишува дел од нас , а верувам дека и многу млади парови ке се пронајдат во неа. Има многу емоции и љубов во неа, како што има во сите кои се сакаат“ -  вели Мими.   Дека оваа песна ќе биде прифатена покажа и најубавиот момент за нив двајца, кога решија свадбениот танц да го почнат со нивна песна, вистинска љубовна приказна, каква што е нивната. Погледнете го видеото на во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Македонската „Гранд“ ѕвезда се омажи за познатиот музичар: Мими Јовановска и Филип Нуне направија сопствена песна за првиот свадбен танц (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-grand-dzvezda-se-omazi-za-poznatiot-muzichar-mimi-jovanovska-i-filip-nune-napravija-sopstvena-pesna-za-prviot-svadben-tanc-foto/ Mon, 18 Jul 2022 08:40:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258935

Mладата македонска пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде остави фантастичен впечаток со своите извонредни вокални извдби. Откако пред речиси една година таа се сврши, кога нејзиното момче, познатиот музичар Филип Нуне  на раката и го стави вереничкиот прстен, викендов Мими и Филип го кажаа судбоносното ДА и ја направија својата свадбена веселба. Иако невестата потекнува од Велес,  по невеста се одело во Скопје, од заедничкиот стан во кој Мими и Филип веќе живеат, од каде тргна и целата церемонија... А како поинаку ако не со музика и свирачи! Заклетва пред Бога на вечна љубов млафдите дале во црквата Св. Димитрија лоцирана преку Камениот мост, на влезот во Старата скопска чаршија. Свадбената веселба во еден од напознатите и најатрактивни скопски локали во центарот на градот, каде најблиските, роднините и пријателите на младите и нивните семајства ја прославија венчавката. Првиот танц на младите е најатрактивен и секогаш се очекува со нетрпение. Изборот на песната, изведбата, споделените емоции... Во случајов на двајцата музички професионалци - беспрекрно! Имено, Мими и Филип за овој момент од нивната свадба одлучиле да создадат своја песна. Сопствена музика, стихови, аранжман, па песната самите ја отпеала Мими, ја снимиле и... Еве ја нејзината премиера на нивната свадба. Изведена во живо, отпеана и отсвирена од нив двајцата за првиот свадбен танц! Пејачката со микрофонот во едната рака, музичарот со свјата труба... И секако, заедничка прегратка при танцовите чекори како за почеток на свадбената веселба со останатите гости. А кога некој професионалец се мажи или жени, музичар или пејач(ка), сеедно тогаш мора да е повеќе од весело. Ако пак во муаиката се и обајцата, тогаш неизоставна е и песната, во случајов од грлото на невестата и свирката, овој пат со звуците на трубата на младоженецот. За музичка поддршка разбирливо, кој друг ако не  колегите... И тоа најдобрите. Џамбо и неговата весела дружина, за расположението да кулминира, а невестета оро да поведе и чочек да заигра! А зетот, да покаже дека  не е навикнат само бакшиш да прима, туку и бакшиш да дава, кога се работи за среќата на „негова глава“! Ако се познати младоженците, логично е на свадбата меѓу останатите гости да има и познати лица... Естрадни новинарки, пејачки, музичари... А тука е и неизоставната невестинска торта, да се подели за слободните да ги „фати маја“, па наскоро да се случи она... „И на нивна глава“! Се' на се', Мими Јовановска и Филип Нуне повеќе не се момче и девојка, туку отсега и официјално се брачна двојка. Нека се среќни, вечни и... многудетни! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/mimijovanovskaa]]>

“Ах мори Магде” е најновата песна на нашиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, младиот Александар Tемелков (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ah-mori-magde-e-najnovata-pesna-na-nashiot-uchesnik-vo-dzvezdite-na-grand-mladiot-aleksandar-temelkov-video/ Wed, 20 Oct 2021 13:19:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223837

Младиот македонски фолк пејач Александар Темелков, кого пошироката публика го запозна и по учеството во неколку регионални музички натпревари меѓу кои и „ѕвездите на Гранд“,  полека но сигурно ја гради своја кариера. Тој веќе има неколку авторски песни позади себе и е блиску до реализација на својот прв албум. „Ах, мори Магде“ е  неговата најнова песна за која стиховите ги напишала  младата Ангела Стрезовска, а музиката и аражманот се на Славко Ристески. Песната е снимена во студиото „просаун продакшн“ во прилеп, а ртрубата во песната ја свири познатиот Филип Нуне. Александар под покровителство на „Ин продукција“ сними и видеозапис за оваа песна, која деновве го промовираше во етерпот и на Јутјуб каналот. Како звучи и изгледа „Ах мори Магде“ проследете во продолжение: ]]>

Македонската „Гранд ѕвезда“ со вереникот на Јонско море: Мими и Нуне уживаа во благодетите на животот на „меден месец“… на проба!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-grand-dzvezda-so-verenikot-na-jonsko-more-mimi-i-nune-uzivaa-vo-blagodetite-na-zivotot-na-meden-mesec-na-proba-foto/ Fri, 27 Aug 2021 08:11:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216983

Mладата македонска пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде ги воодушеви и жирито и јавноста со своите фуриозни и беспрекорни настапи, преставувајќи се и себе и Македонија во најдобро светло. За приватниот живот не сакаше да зборува се додека не се дозна дека се забавува со познатиот музичар Филип Нуне(вски), од семејниот бенд „Нуне брадрс“. „Јас и Филип сме во врска, ете само тоа ќе кажам,  не сакам многу да зборувам за тоа“ - изјави Мими во една прилика. Музичко-љубовната двојка на почетокот на август 2021 година  имаше многу убав повод за славење и радост. Имено, Филип ја побара раката на Мими, а таа му кажа „ДА“ на нејзиниот избраник.  Мими на својот Фејсбук објави фотографија од  неа и Филип, на која го покажа и свршеничкиот прстен. „Милион пати – ДА“ - напиша таа како појаснување на фотографијата. И не помина долго, македонската „Гранд Ѕвезда“  заедно со својот сакан замина на одмор. Еден вид „пробен меден месец“. За дестинација ја одбраа Грција, поточно познатиот остров Лефкада, од каде Мими и Нуне споделија неколку заеднички фотографии, а „распеаната велешанка“ не пропушти да ги овековечи моментите на среќа и уживање и со неколку свои селфија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mimi Jovanovska (@mimijovanovskaa)

„Бидете благодарни, забавете и уживајте во животот“ - напишала Мими покрај летниот фотосеријал, очигледно задоволна и среќна од она што годината 2021-ва и го донесе во животот. Популарност, нови пријателства, повеќе настапи, крунисување на љубовта... Не е малку, особено не во време-невреме, на пандемија и економска криза, за кои Мими е доказ дека патиштата на животот се чудни. Некому  за жал, солзи, некому за среќа, бисери...! Фото: Инстаграм принтскрин/mimijovanovska    ]]>

Кажа „да“: Се сврши Мими Јовановска – ова е нејзиниот избраник (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kaza-da-se-svrshi-mimi-jovanovska-ova-e-nejziniot-izbranik-foto/ Mon, 09 Aug 2021 09:01:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213993

Mладата македонска пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Иако во првиот круг, Мими не остави силен впечаток, па доби само еден глас од Џенан Лончаревиќ кој и беше нејзин ментор, во следните кругови Јовановска беше маестрална, па добиваше само пофални зборови од жирито. Пејачката стигна до пред финалето, но на музичка план е активна повеќе од кога и да било. Иако за музиката и музичките проекти е отворена да зборува јавно, за својот приватен живот не сака многу да открива детали. Имено таа е во неколку годишна врска со нејзиното момче Филип Нуне. „Јас и Филип сме во врска, ете само тоа ќе кажам,  не сакам многу да зборувам за тоа“, изјави Мими во една прилика. Велешенката деновиве имаше многу убав повод за славење и радување. Имено, таа кажа „да“ на нејзиното момче.  Мими на својот Фејсбук објави фотографија од  неа и нејзиниот партнер, сега свршеник, а го покажа и свршеничкиот прстен. „Милион пати – да“, напиша таа како објаснување покрај фотографијата. Под објавата се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели, колеги.... Ова е нејзиниот избраник. Честитки! фото: Инстаграм/мими јовановска]]>

Мими Јовановска растура на сцена, а еве како и оди во љубовта – ова е нејзиното момче со кое е во врска 3 години (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mimi-jovanovska-rastura-na-scena-a-eve-kako-i-odi-vo-ljubovta-ova-e-nejzinoto-momche-so-koe-e-vo-vrska-povekje-od-3-godini-foto/ Fri, 12 Mar 2021 08:04:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193847

Мими Јовановска од Велес  со својот глас и талент го освои жирито, но и публиката во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Мими во секој круг од музичкото шоу бриљира, а во емисијата каде што пее песна од Каролина Гочева и Уснија Реџепова ги собра сите симпатии од жирито. Овој нејзин настап е еден од најгледаните на Јутуб. Јовановска неодамна во „Магазин“ истакна дека за музичкото шоу ја пријавила нејзината мајка. Од неа го наследила талентот и убавината, а на прв поглед би помислиле дека се сестри: Мими Јовановска најголемата поддршка во „Ѕвездите на Гранд“ ја добива од мајка си која ја пријавила на шоуто (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk) За велешанката музиката не е ништо ново и непознато, таа и пред да се појави во „ЅГ“ се занимаваше со музика, односно свири со „Бендот на браќа Нуне“. Кога станува збор пак за нејзиниот приватен живот, Мими не сака многу да зборува за него. Таа е во врска со Филип Нуне со кој е заедно нешто повеќе од 3 години. Пејачката неодамна во „Магазин“ истакна дека се заедно и дека не сака многу да зборува на таа тема. На социјалните мрежи Мими и Нуне имаат неколку заеднички фотографии, а еве како изгледа саканиот на Јовановска кој воедно и е најголема поддршка. Како македонското девојче ќе се подготви за следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме, а дотогаш во продолжение слушнете ја изведбата со која го „распамети“ жирито. ]]>

Стојне Николова е на пат да стане невеста – „Спремај мајко дарови“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stojne-nikolova-e-na-pat-da-stane-nevesta-spremaj-majko-darovi-video/ Tue, 11 Jun 2019 11:18:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92459

Стојне Николова има нова песна и видеоспот за неа насловена „Спремај мајко дарови“. По последната „Око мое“, која иако новосоздадена  во себе ја носеше душата на македонскиот изворен фолклор, динамитната струмичанка и овој пат како да продолжува во истиот манир.
Песната е компонирана од еден од браќата Нуне  - Филип, додека стиховите и овој пат ги напишал нејзиниот стар соработник, Огнен Неделковски.  Продукцијата и снимањето му се препуштени на Горан Момировски и неговото ХЛ студио.
Видеоклипот го потпишува Арт студио продукција, кое се темели врз духот на нашата традиција и симулација на приказната за барање на раката на саканата со сите нишани, за идна невеста.
Во видеото главната ролја ја играат и познатите македонски актери Гордана Ендровска и Нино Леви, кој се појавува во улогата на таткото на идната невеста, во случајов младата Стојне.
Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=Ie5CGZTTbqM    ]]>