филип кузманоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Jul 2020 12:20:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png филип кузманоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Филип Кузманоски го мачат љубовни јадови – „Млад ќе си умрам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/filip-kuzmanoski-go-machat-ljubovni-jadovi-mlad-kje-si-umram-bez-tebe-video/ Tue, 07 Jul 2020 12:15:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157566

И покрај корона епидемијата која ја замрзна на подолг период работата на естрадата и целокупната пропратна ивент индустрија, сепак некои од пејачите и продукциите собраа сили токму во овој период да ги реализираат своите нови проекти. Исклучок од мнозинството што го потврдува ова правило се битолската „Плејбек продукција“ и младиот македонски фолк пејач од Ресен, Филип Кузманоски. Не плашејќи се од корона заразата тие ги здружија силите, па песната насловена  „Млад ќе си умрам“ најдоа начин како да ја визуелизираат. Иако претежно ориентирани на реализација на фото и видеоматеријали за свадбени свечености други прослави, екипата на продукцијата изработува и видеоспотови, како што беше случајот со песната на младиот ресенчанец. Инаку, автор на музиката и стиховите на „Млад ќе си умрам“ е Борче Робановски, додека аранжманот го потпишува Славко Ристески, кој стои и зад аудио снимањето, миксот и мастерингот на песната која е снимена во студиото „Просаунд продукција“ во Прилеп. На хармоника во песната свири Војо Митревски. Видеото пак е снимано на локацијата на винаријата „Чифлик“, каде покрај пејачот Филип Кузманоски, во неговото видеопрвенче се појавуваат и повеќе статисти, а како режисер е потпишан  Благој Мустриковски, додека зад камерата снимал Стефан Џокановски. Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=SU1Ahuis3Jo&feature=share&fbclid=IwAR2w8k8UV23bsRJVJhYYuyxa_BEj6HDDtB-kdV1wSkG9_sH3OrhnHv7vbHs]]>