филип алексовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Sep 2021 11:53:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png филип алексовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Модната сцена во Македонија во тага: Почина младиот манекен Филип Алексовски, долгогодишен член на модната агенција „Моделс Ин“ https://arhiva.vistina.com.mk/modnata-scena-vo-makedonija-vo-taga-pochina-mladiot-maneken-filip-aleksoski-dolgogodishen-chlen-na-modnata-agencija-models-in/ Tue, 14 Sep 2021 11:48:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219067

Модната сцена во Македонија деновиве е во тага поради смртта на младиот манекен Филип Алексовски, долгогодишен член на модната агенција „Моделс Ин“. Веста за заминувањето на ова момче кое имаше впечатлив изглед и талент и кое градеше успешна кариера во ова поле, предизвика тага кај сите оние што го познаваа и имаа можност да соработуваат со него. Роден е на 1 октомври 1993 година, а за првпат се појавува на кастинг во „Моделс Ин“ во 2008 година, а потоа во 2010 година ги посетува и нивните курсеви. „Оттогаш активно работи како модел кај нас и во Белград. Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети, одговорност, прецизност, посветеност. Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик , а мене лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија што беше дел модната приказна на Моделс Ин повеќе од 10 години...“, изјави Алек Наумовски од познатата модна агенција. Филип беше лице на првата роденденска реклама за „Сити Мол“, заштитно лице на „Румор шоп“, беше дел од кампањи на „Најк“, „Шизик на Ризик“, „Пепси“... Во текот на својата кариера беше дел од ревиите на бројни македонски дизајнери меѓу кои Јован Петровски, Кокев, Ристо Бимбиловски, како и за Моден викенд Скопје, а на последната ревија во месец јуни  за Британска Амбасада, носеше модел на дизајнерот Никола Ефтимов. Извор и фото: fashionel.mk/aleksovskifilip]]>