филхармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Jan 2024 12:11:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png филхармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Почеток“ – нов концерт на оркестарот на Филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/pochetok-nov-kontsert-na-orkestarot-na-filharmonija/ Tue, 16 Jan 2024 12:11:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335113

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. На концертот насловен „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониска поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио. Модест Петрович Мусоргски (1839 – 1881), рускиот композитор кој своето целокупно музичко творештво го свел на сценска акција, меѓу другите, го создал и едно од најпопуларните дела во класичната музика – „Ноќ на голото брдо“. Самиот автор дал четири верзии на ова привлечно оркестарско дело, а инспирацијата ја нашол во руските приказни и легенди за вештерскиот сабат, кога вештерките се собираат на пустата планина на која не растат дрвја, забавувајќи се и чекајќи го доаѓањето на господарот на Смртта... Суитата „Слики од изложба“, составена од 10 музички парчиња, Мусоргски ја напишал во знак на сеќавање на својот пријател Виктор Хартман, познат сликар, архитект и дизајнер, кој починал во 1873 година. Мусоргски го напишал делото во негова чест, а целосното име на композицијата, всушност е „Слики од изложба – сеќавање на Виктор Хартман“. Инспирација за создавање на делото била и изложбата на повеќе од 400 дела на Хартман, поставена во Академијата на уметност во Санкт Петербург, која ја посетил и Мусоргски. „Слики од изложбата“ всушност музички ја илустрира прошетката низ галеријата идвижењето на посетителите од едно до друго дело. Мусоргски го структурирал делото во десет дела што го рефлектираат прогресот во движењето и разгледувањето на делата од Хартман. Сонатата бр. 1 од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио егзистира во оркестарска форма од 1986 година. Филхармонијата на Лос Анџелес го ангажирала Берио да направи оркестарска обработка, и на премиерната изведба на 6 ноември 1986 година свирел Мишел Зуковски. Оваа оркестарска форма на Сонатата, Берио им ја посветил на Франко и Барбара Бенедети, а подоцна била публикувана од едицијата „Универзал“. Самиот Брамс во една прилика, во писмото до Рихард Мунфелд, кому му ја посветил оригиналната композиција, напишал: „Сонатата е импулсивна исто како концерт“. Аранжманот се држи до сонатната форма, иако, бидејќи станува збор за аранжман со солист и оркестар, може да се третира како концерт. Здравко Ангелов е македонски кларинетист, роден 1978 година во Струмица. Своето музичко образование го започнува на 7-годишна возраст. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Стојан Димов, а дипломира 2000 год. во класата на проф. Иван Кочаров. Подоцна ги запишува и постдипломските студии и магистрира во 2012 год., во класата на проф. Стојан Димов. Повеќе од 11 години е вработен како прв кларинетист на Македонската филхармонија. Претходно, во неговото работно искуство исто така се вбројува педагошката работа во Државното музичко училиште во Скопје и двегодишното искуство како надворешен соработник на Македонската опера и балет. Во текот на својата досегашна музичка кариера се стекнал со бројни признанија и награди како: прва награда во Скопје 1989 и истата година трета награда во Херцег Нови; прва награда со камерен состав – трио во 1992 година, а во 2000 година ја освојува специјалната награда „Yamaha“. Настапува како солист со симфониски оркестри во нашата држава и надвор од неа и како камерен музичар, а воедно е постојан член на камерниот ансамбл „Консонанс“. Учесник е на значајни фестивали и концерти како „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Интерфест – Битола“, „Штипско лето“, „Денови на македонската музика“, „Номус“, „Бемус“, настапува во Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Хрватска, Оман, Америка. Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава музицирајќи. Настапува под палката на исклучителни диригенти како Борјан Цанев, Саша Николовски-Ѓумар, Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков и многу други светски познати диригенти. Италијанскиот диригент Алфонсо Скарано веќе седма сезона е шеф-диригент на Тајландскиот филхармониски оркестар, откако работеше како гостин диригент шест сезони, од 2011/2012. Тринаесет години маестро Скарано го обликуваше звукот во Тајландскиот филхармониски оркестар, што кулминираше со првата европска турнеја во август/септември 2022 година, цедето за американската компанија „Албани рекордс“, со изведбата на Брунеровата Деветта симфонија. Пред ангажманот во Тајланд, работел како шеф-диригент во Филхармонијата во Теплице, Чешка (2013 – 2018), гостин диригент во „Виртуози ди Прага“ (2000 – 2010) и музички директор и диригент во Оперскиот фестивал во Тоскана, Италија (2006 – 2008). Алфонсо Скарано е победник на Натпреварот за диригирање во Тревисо, во 1993 година, на натпреварот „Франко Капуана“ во Рим, освоил втора награда на интернационалниот натпревар „Луиџи Манцинели“ и др. Покрај неговата работна позиција во Банкок, Алфонсо Скарано редовно диригира со оркестарот на Симфонискиот оркестар на Ерусалим (Израел), „Оркестро симфоника“ во Бразил, со Рускиот симфониски оркестар во Москва, Државниот оркестар во Истанбул (Турција), Киевскиот симфониски оркестар на Националната радио и телевизија, Прашката филхармонија – со која ги водел турнеите во Германија и во Бугарија. Соработувал со врвни инструменталисти како Мипа Мајски, Марио Брунело, Кристоф Барати, Никита Борисо-Глебски, Стефано Болани, Ана Кравченко, Даниела Деси, Роландо Виласон и др. Алфонсо Скарано диригирал и оперски репертоар: „Травијата“, „Набуко“, „Риголето“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Боеми“, „Лучија ди Ламермур“, „Дон Пасквале“, „Кавалерија Рустикана“, „Паљачи“, „Кармен“, „Севилскиот берберин“, „Џани Скики“ и др. Поддржувач и промотор е и на современата музика, диригирал повеќе праизведби на дела од Наронг Прангкаорен, Герхард Кофман, Симон Лакс, Паоло Уголети, Роберто ди Марино, Фредерик Остерлинг, Колин Рајли и др. Покрај класичните балети („Лебедово езеро“, „Дон Кихот“ и „Рајмонда“), Алфонсо Скарано, исто така е фокусиран и на современ балет.]]>

„Остани прекрасна како што си“: Андријана Јаневска го славеше 42 – риот роденден во филхармонија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ostani-prekrasna-kako-shto-si-andrijana-janevska-go-slaveshe-42-riot-rodenden-vo-filharmonija-foto/ Thu, 07 Dec 2023 09:33:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330306

За македонската пејачка,  виолинистка и педагог, која неодамна стана и доктор на науки Андријана Јаневска, вчерашниот ден беше посебен, бидејќи  го славеше својот роденден и наполни 42 години. Многумина велат дека на нејзините години времето ништо не им може, а таа често  добива комплименти  дека е една од најзгодните познати дами. Сепак, дека Адријана е убавица не треба да се објанува бидејќи тоа е невозможно да не се забележи. Таа еднаш истакна дека е горда што не подлегнала на било какви интервенци за разубавување, но дека нема ништо против оние што се одлучиле на тоа. Сепак за да го одржува своето витко тело од кое е задоволна, таа безрезервно се вложува. Пејачката сега на Инстаграм објави фотографија од неа по повод роденденот со убава вест тагнувајќи се во филхармонија каде напиша: „Роденденски настап“  - надополнувајќи ја објавата со емотикон, сино срце, исто како бојата на нејзината свечена тоалета.
„Среќен роденден принцезо Македонска“, „Остани прекрасна како што си!“ „Изгледаш апсолутно неверојатно во тој прекрасен фустан“  - се редеа  честитките  под нејзината објава каде собра многубројни допаѓања од нејзините следбеници. Не изостанаа и честитките од местата каде што настапува и ги сподели на нејзините кратки прикази. Сепак за Андријана и покрај  богатата музичка кариера и настапите за неа најголем успех се нејзините синови Димитар и Кристијан, кои и ја комплетираат смислата на животот за се што постигнува на секое поле. Фото: Printskrin/Instgaram/andrijana_janevska      ]]>

Музика на Прајснер од филмовите на Кишловски во изведба на Филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/muzika-na-prajsner-od-filmovite-na-kishlovski-vo-izvedba-na-filharmonija/ Tue, 17 Oct 2023 06:05:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322649

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николас Чалмерс од Англија ќе изведе музика од Збигњев Прајснер напишана за филмовите на еден од најзначајните европски режисери - Кшиштоф Кишловски. На програмата се: „Лакримоса“ од „Реквием за мојот пријател“, селекција на филмска музика од филмовите: „Декалог“, „Тајната градина“, „Двојниот живот на Вероника“, „Трибои: сино, бело и црвено“. Како солистка ќе ја чуеме Филипа Бојл од Англија, а ќе настапи и хорот “Про Арс”. Збигњев Прајснер (1955) е еден од водечките композитори на филмска музика и еден од најзначајните во неговата генерација. Прајснер соработуваше со познатиот полски режисер Кшиштоф Кишловски на неговите филмови „Декалог“, „Двојниот живот на Вероника“, трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“, кои му донесоа интернационална слава. Токму за неговиот близок пријател и соработник Кишловски го пишува првото поголемо дело – „Реквием за мојот пријател“ што го издава во 1998 година за „Ворнер класикс“. Истата година делото ја доживува и својата светска премиера во Варшава. Делото е издадено и на цеде и на винил од издавачката куќа „Сони Поланд“. „Реквиемот“ е напишан во девет ставови. Типичен е за музичкиот стил на Прајснер, полн е со експресивни вибрата, а во него употребува и мал машки хор, гудачки квартет, органа и перкусии. Вториот дел е спротивен на првиот, помасовен е во употребата на музичките инструменти, тука Прајснер употребува голем оркестар и голем хор за да ја пренесе својата тонска визија. Самиот композитор својата музика ја опишува како „гранична линија“. Дека не е ниту филмска музика, ниту класична. Нешто помеѓу. – Создавам креации, правам креативна музика. Во „Реквиемот“ зедов голем дел од аспектите кои се типични за мојата филмска музика. Мојата музика има имиња, наслови што ја дефинираат – „Тишина“, „Мир“... „Живот“ е приказна за нашето постоење, за она што поминало и она што допрва доаѓа. Размислувам и за смртта, за мене е важно прашањето „како да живееме и да умреме достоинствено?“ – вели Прајснер. Музиката во трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“ ја отсликува примарната наративна приказна на трите кинематографски дела на Кштиштоф Кишловски, и таа совршено го одразува чувството на егзистенцијална потиштеност што провејува како емоција во трите филма. „Кшиштоф секогаш велеше дека луѓето се родени со позитивна или тажна месечина, и мислеше дека јас сум роден со тажна“, вели Прајснер. Во музиката за овие три филма има длабока спиритуалност, и иако дејството и приказните се случуваат во модерно време, таа звучи како да е излезена од некоја катедрала, како да е стара неколку стотини години. Музиката на Прајснер е лична и интровертна. „Пишува музика за себе. Знам каков е мојот вкус, знам каква музика сакам да слушам, знам како сакам да живеам“, вели Прајснер. Во „Сино“ музиката е во служба на тагата која ја чувствува главната хероина во филмот (Жулиет Бинош), откако ќе ги изгуби во сообраќајна несреќа своите сопруг и ќерка. И актерката Бинош, по снимањето на филмот изјави дека музиката ѝ била главен придружник во актерската игра. Во „Бело“ музиката е поведра, но со изразена спиритуална улога. Музиката има романтичен, но и прилично ироничен звук што се ва во главната тема – тангото кое го следи Карол во неговата одисеја. Последното поглавје од трилогијата – „Црвено“ е напишано во стилот на шпанското танго кое се врти во хипнотички круг. Во филмот „Двојниот живот на Вероника“ централно музичко парче е класичното дело „Концерто ин Ми“, напишано од Прајснер, а во филмот презентирано како дело на фиктивниот холандски композитор Ван ден Буденмајер. Музиката е напишана во стилот на Густав Малер, бидејќи примарната интенција на Кишловски била да употреби негова музика како илустрација. Името на композиторот Буденмајер се споменува и во „Декалог“ и тоа практично станало алтер его на Прајснер, кој често знае да се пошегува дека кога пишува лоша музика, му ја припишува нему. Музиката на Збигњев Прајснер напишана за филмовите на Кшиштоф Кишловски е ремек- дело. Таа е рамноправен актер во приказната, двигател на наративот, креира еднакво деликатни емоции како и лицата на главните протагонисти во филмовите. Прајснер/Кишловски се редок тандем во историјата на кинематографијата кои успеаја преку совршена симбиоза да создадат ремек-дела во кои музиката и филмот се рамноправни актери и креатори на магијата. Николас Чалмерс е уметнички директор на „Невил Холт Опера“ од основањето на фестивалот во 2013 година. Под негово раководство, во рамките на фестивалот се изведени седум нови опери и пет обнови на постари продукции... Со оркестарот на „Невил Холт Опера“ ги диригирал „Волшебната флејта“, „Боеми“, „Вртење на шрафот“, „Кармен“, „Риголето“, „Љубовен напиток“, „Тоска“, „Така прават сите“... Чалмерс работи со водечките оркестри и хорови во Велика Британија, меѓу кои со „The BBC Singers“, Симфонискиот оркестар на Бирмингем, Англискиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар „Бритн“... Тој е диригент и на лондонскиот хор „Ориана“... Во Ковент Гарден работи со младинската опера, а дебитира на Би-би-си „Промс“ во 2020 година со „The BBC Singers“ на првата фестивалска вечер. Студирал музика на колеџот „Линколн“, „Оксфорд“ и на конзерваториумот „Пјаченца“. „Она што ја прави изведбата посебна е музичката магија што ја создава Чалмерс водејќи го оркестарот. Има посебно чувство зa детектирање талентирани млади оперски пејачи“, пишува „Сандеј тајмс“ за Николас Чалмерс. Филипа Бојл е една од најактивните вокалистки на сцената во Велика Британија, каде важи за етаблиран изведувач на германскиот репертоар. Нејзините најнови изведби ја вклучуваат Елеонора во „Моќта на судбината“ и главната улога на Јенуфа во истоимената опера на Јаначек, Виолета во Вердиевата „Травијата“ на оперските сцени во Британија. Освен што активно настапува како солистка во оперски продукции, Филипа Бојл е активнa и како концертен музичар. Настапувала на изведбата на „Стабат матер“ од Дворжак со оркестарот на Би-би-си, Малеровата втора симфонија, во изведбата на „Стабат матер“ од Росини, во Моцартовиот „Реквием“... Добитничка е на првата награда за млад оперски пејач за изведба на чешка опера и песни. Била член на оперското студио „Санта Чечилија“ во Рим, каде што се здобила со диплома. Магистрирала на колеџот „Клер“ во рамките на универзитетот во Кембриџ. Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски, по повеќегодишно дејствување во сферата на хорската уметност и анализа која укажа на недостаток од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во Македонија. Предностите на хорот стануваат видливи уште во првата година од неговата активност, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постојното македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално- инструментална музика на Филхармонијата на РС Македонија, настапувајќи не само со маестро Татарчевски туку и со диригенти како: Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа, Лубнан Балбаки и др. „Про Арс“ реализирал огромен број студиски снимки за едукативни програми, солистички албуми, како и филмска музика за високобуџетски интернационални филмски остварувања во студиото ФАМЕС. ]]>

На 13-ти и 14-ти мај: Детскиот фестивал „Поточиња“ по јубилеен 20-ти пат во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/na-13-ti-i-14-ti-maj-detskiot-festival-potochina-po-jubileen-20-ti-pat-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 10 Apr 2023 11:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297540

На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на Поточиња. За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( актерот Мартин Јорданоски ). Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс. Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена. ]]>

Диригентот Џијан Емин реагира: Од Филхармонија намерно не сакаат „Оркестарот за џез музика во Македонија“ да работи https://arhiva.vistina.com.mk/297292-2/ Sat, 08 Apr 2023 08:50:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297292

По иницијатива на Здружението на џез музичари и слободни уметници, Владата неодамна донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Македонија“. Веднаш потоа Владата донесе одлука новоформирната национална установа „Оркестар за џез музика“ просторно да биде сместена во објектот на Македонската филхармонија, а по потреба да го користи и музичко-сценскиот простор на Македонската опера и балет (МОБ). На ваквата одлука реагираа вработените во филхармонијата сметајќи дека сместувањето на „Оркестарот за џез музика“ во објектот на Филхармонија е несоодветно и ќе направи повеќе штета, отколку полза, а реакцијата ја срочиле  во отворено писмо испратено до медиумите. Матичниот диригент на ЗЏМ Биг бенд, Џијан Емин вели дека членовите на оркестарот се затекнати и вчудоневидени од реакцијата на голем дел од нивните пријатели, колеги и соработници од Филхармонија.  за кои вели дека тие не понудиле сериозен аргумент кој би го оправдал ваквиот нивни став. Ваквиот став на вработените во Филхармонија предизвика револт и кај останатите членови на ЗЏМ Биг бенд. Џијан Емин својот став по ова прашање го искажа на својот Фејсбук  - профил, јавно споделувајќи ја следната објава:
„Во интерес на реалното информирање, директорот на Филхармонија, управниот одбор, концерт-мајсторите, водачите на групите, оркестарот, билетарките, нототекарките, правниците, сметководството, маркетинг служба, техничка служба; се радуваат и гордеат со концерти од типот на Божо Вречa, ‘Црвена јабука’ и настани како овој на видеото (сцена од претставата ‘Лепа Брена проект’) без срам со закана за штрајк, кажуваат дека не може и нема Биг бендот на ЗЏМ да работи во филхармонија, затоа што тие така сакаат. Јас не се согласувам со ова, вие почитувани граѓани?“
]]>

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) едвај чекаат да дојдат во Скопје! https://arhiva.vistina.com.mk/barcelona-gipsy-balkan-orchestra-bgko-edvaj-chekaat-da-dojdat-vo-skopje/ Thu, 17 Nov 2022 11:21:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276289

„Едвај чекаме да дојдеме во Скопје и заедно да ја отпееме „Море сокол пие“. Се гледаме на 11 декември во Македонска Филхармонија“, ова е пораката што на чист македонски јазик ја испраќаат членовите на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO). Премиерната дружба со македонската публика е во рамките на јубилејната турнеја по повод десетгодишнината од формирањето на бендот. На чело со неверојатната Маргерита Абита од Сицилија (вокал), дел од BGKO се и Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија). Концертот во Скопје им е прво доаѓање во земјава, но тоа не ги спречува во репертоарот да имаат неколку македонски теми. Освен одличната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“, неверојатната Маргерита ги пее и „Македонско девојче“, како и една тема од кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска. Но, велат, подготвуваат и изненадување какво што моментот заслужува. „Многу македонски песни поминаа низ нашиот репертоар за 10 години и нема крај на истражувањето на неисцрпните музички богатства на оваа земја. Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!“, велат членовите на БГКО. Концертот е закажан на 11 декември во Македонска Филхармонија, а билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс (https://mktickets.mk/event/barcelona-gipsy-balkan-orchestra). Уживајте во изведбата на безвременската „Море сокол пие“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус заедно на 8-ми декември во Филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/zdzm-big-bend-i-rambo-amadeus-zaedno-na-8-mi-dekemvri-vo-filharmonija/ Fri, 11 Nov 2022 13:46:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275554

Здружение на џез музичари го најавуваат новиот концерт „Чудо на Балканот“ на 8 декември во Филхармонија (20,30 часот) заедно со едно од најголемите музички имиња на Балканот, Рамбо Амадеус. „Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд“ - велат од ЗЏМ. Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни.  Секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа. Тема на првиот концерт на ЗЏМ беше музика од славните „Битлси“, а со оркестарот диригираше славниот Австриец Зиги Феигл. Потоа следеше настапот на манифестацијата под наслов „Today it’s all about jazz!“ (Денес сѐ е џез!), беа придружба и на Виенскиот бал, а проектот „Radioheadjazz“ привлече голема публика во Филхармонија во 2019 година.]]>

Kонцертна промоција на новиот албум на џезерите „Bopheads“ во Филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/koncertna-promocija-na-noviot-album-na-bopheads-vo-filharmonija/ Fri, 28 Oct 2022 12:27:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273384

На 29 октомври 2022 година, сабота, џез ансамблот „Bopheads“, составен од моментално најзначајните имиња на македонската сцена, ќе ја почести својата публика со два настани.

Во Малата сала на Филхармонија, со почеток од 22 часот ќе се одржи овогодинешното концертно издание на ,,Dinner Sessions,’’ овој пат со еден од најдобрите џез состави на нашиве простори – Bopheads. ]]>

„Индекси и пријателите“ овој петок во Скопје, но без Тамара https://arhiva.vistina.com.mk/indeksi-i-prijatelite-ovoj-petok-vo-skopje-no-bez-tamara/ Fri, 28 Oct 2022 08:36:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273246

„Индекси и пријателите“ од Љубљана ја стартуваа регионалната турнеја, но без Тамара Тодевска која од приватни причини не може да учествува на концертите. Тодевска нема да учествува и на концертот во Скопје, што в петок, 28 октомври од 20 часот се одржува во Филхармонија. Инаку, медиумските извештаи од регионот сведочат за голем интерес од публиката за прославата на 60. роденден на култниот сараевски бенд, кој беше поводот компанијата MUSIC TIME да организира и продуцира пет големи регионални концерти со 20-тина врвни изведувачи и музичари од регионот. На турнејата се приклучија членови на бендот: Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Мирослав Шарановиќ, Синан Алимановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на Бијело Дугме кој музичката кариера ја започна во Индекси, и гитаристите Мурис Варајиќ и Иван Кукиќ. Тие заедно со пејачите Дадо Топиќ, Саша Драгаш, Дејан Цукиќ, Бранко Ѓуриќ–Ѓуро, Дино Јелушиќ, Нермин Пушкар, Бојана Стаменов, Амел Ќуриќ, Аида Мушановиќ- Арсиќ, Сара Војичиќ, и Нено Белан ќе настапат во Скопје Индекси е најдолготрајната и најзначајната босанска поп-рок група и една од најдобрите екс-ју бендови која жареше и палеше од 1962 до 2001 година. Последниот концерт на Индекси се одржа на 5 мај 2001 година во Бања Лука, во салата Борик. По смртта на пејачот Даворин Поповиќ на 18 јуни 2001 година, групата се растури. Гитаристот Слободан Бодо Ковачевиќ почина на 22 април 2004 година, тапанарот Ѓорѓе Кисиќ на 25 ноември 2005 година, а неодамна нè напушти и легендарниот Корнелије Бата Ковач.]]>

Принцот на севдахот Божо Вреќо ќе креира магија во Филхармонија заедно со Оливер Јосифовски https://arhiva.vistina.com.mk/princot-na-sevdahot-bozo-vrekjo-kje-kreira-magija-vo-filharmonija-zaedno-so-oliver-josifovski/ Thu, 20 Oct 2022 12:42:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272323

Божо Вреќо на 1 ноември на концертот во Филхармонија повторно подготвува незаборавно доживување за сите чула. Меѓу музичарите кои ќе го следат неговиот перформанс, а се од повеќе европски држави, ќе биде и басистот и композитор Оливер Јосифовски. Единствен спој на лирскиот тенор од Сараево и со овие креативни музичари, според Јосифовски ќе приреди уникатно музичко битисување на кое со воодушевување реагира публиката во регионот, но и во повеќе европски држави. Концертот во Филхармонија почнува од 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба преку онлајн системот karti.com.mk. Јосифовски, кој со Вреќо настапувал на дел од концертите вели дека во Скопје треба да се подготвиме за уникатно доживување на еден креативен ексцентрик кој е фантастичен музичар. „Божо го познавам околу 5 години, но многу подолго го следам како артист. Се запознавме преку Васил Хаџиманов, како со артист со кого ја делиме страста за музиката од нашето поднебје. Тогаш организирав еден музички настан, Музика од светот, и Божо имаше прекрасен настап и неверојатна комуникација со публиката, која се воодушеви и од веќе препознатливити севдалинки, но и од неговите авторски дела. Има многу оригинален пристап и израз на босансаката традиционална севдалинка, што е издаден до совршенство. Комплетен автор за кој сум сигурен дека има такви вокални способности што минимум 120 минути акапела( соло концертирање) може публика да анимира, без да трепне со око, а да го задржи тој оригиналн пристап. Во Скопје очекувам уште едно совршенство. Ќе бидеме музичари од повеќе држави, и тоа ќе биде микс на музика со интернационален спој, со арт перформанс кој навлегува во џезот,фламенкото, балканската музика и други музички жанрови, а сепак е авторски перформанс со сопствен музички печат“, вели Јосифовски. Вреќо градејќи го сопствениот уметнички израз, успешно соработува со исклучителни музичари со светска слава, меѓу кои се Един Карамазов, Мирослав Тадиќ, Васил Хаџиманов. Францускиот АРТЕ, американскиот Њујорк Тајмс и шпанскиот Ел Периодико Вреќо го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“, а неговиот пристап и уметнички израз го опишуваат како катарзичен, трансверзален и единствен. Уметникот преку својот ангелски кастрато глас ги доловува најдлабоките емоции со кои секој може да се идентификува, претворајќи го перформансот во магично доживување. Внесува многу труд и љубов во музиката, но и во истражувањата на балетот и операта, како и во документарните филмови за севдалинката, која ја збогатува со својот авангарден пристап. Тој го проучува и мистицизмот на балканската автохтона монофонична и полифона музика. Дуалитетот со кој зрачи овој извонреден уметник го прави еден од најзначајните толкувачи на модерната карасевда, која жанровски навлегува во сферата на џезот, блузот, духовното и полифонијата. Неговите концерти се целосен суфиски транс кој ги ослободува сите потиснати емоции кај луѓето и на тој начин предизвикува солзи на концертите Моментално работи на филмска музика за ладино песни во Босна и Херцеговина. Една од песните, Малдича, ќе биде дел од документарниот филм за него, за севдалинката и за Сараево наречен „Сараево стерео“, продуциран и режиран од Канаки филмс и продукцијата Медикус Мунди од Мадрид и Барселона. Карти може да купите на Karti.com.mk.]]>