филе-топки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Sep 2022 08:45:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png филе-топки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Некогашниот новинар и ТВ водител Филе – „Топки“ стана татко на 53 години: „Да ми кажуваше некој кога бев млад и полузелен дека на оваа возраст ќе лулкам бебе, ќе мислев дека е луд и му се измешале брзините…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashniot-novinar-i-tv-voditel-file-topki-stana-tatko-na-53-godini-da-mi-kazuvashe-nekoj-koga-bev-mlad-i-poluzelen-deka-na-ovaa-vozrast-kje-lulkam-bebe-kje-mislev-deka-e-lud-i-mu-se-izmeshale-brzin/ Thu, 22 Sep 2022 08:41:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268159

Дете на новинарската школа на МТВ, впечатлив ТВ лик кој иако со години не е пред камерите, оние што го гледале, се’ уште го паметат. Некогаш познатиот и многу популарен (не само спортски) новинар и ТВ водител Игор Филевски - Филе, кој остана запаметен по прекарот „Филе - „Топки“, заради истоименото забавно-спортско шоу кое своевремено го водеше на некои од најгледаните македонски телевизии, деновиве одново стана татко. И тоа на 53 години... По трет пат. Имено, Филе уште од 2015 година не живее во македонија, туку сега е жител на Малта, каде неговата сопруга Ана се породи и на свет донесе живо и здраво машко дете. Син, кој го доби името Марио. „Дојде и тој ден. Марио е одлично, мајка му е исто така одлично, ама малку уморна. Јас сум добро, да не ме мислите, иако бев најизмачен и најстресиран, што е нормално, нели, бидејќи секоја бременост најтешко и најспектакуларно ја поминува мажот“ - напиша шеговито Филе веднаш по раѓањето на синчето, споделувајќи ги и првите фотографии од породилиштето од бебето и сопругата. Ден потоа Филе се јави со нов пост на својот Фејсбук профил. Повторно посветен на приновата, но и на самиот себеси, на годините, возраста, состојбата на телото и умот и нивната коресподенција со духот и младоста, на врската помеѓу татковството „на стари години“ и чувството при восприемањето на бебешкиот плач на 30 и кусур и 50 и кусур, па напиша: Инаку, Игор Филевски-Филе  најпрвин ја доби ќерката на која како непоправлив вљубеник во фудбалот, особено оној кој го играат јужноамериканските асови како Кемпес, Марадона, Меси... тој  на девојчето му го даде името на земјата во чиј фудбал и е вљубен, па ќерката ја крсти  Аргентина. Потоа, во Малта го доби и втрото дете, овој пат син, кому му го даде името Лео... Веројатно не е тешко да се погоди дека го крстил по славниот аргентински фудбалски волшебник Лео Меси. И конечно и третото дете, неговиот втор син по се изгледа одново добива фудбалско име. Филе очигледно не бега од традицијата, па новороденчето Марио, најверојатно е крстено по славниот аргентински фудбалски ас од 80-тите, Марио Кемпес!? Аргентина, Лео и Марио - како свето фудбалско и семејно тројство! Како и да е, нека е со среќа и да е жива и здрава приновата! Фото: Фејсбук принтскрин/Filevski Igor (File X File)]]>

Иако сега не живее во Македонија и на некогаш популарниот ТВ водител Филе – „Топки“ „му пукна филмот“ од лагите на Заев, па „го подбра на волеј“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iako-sega-ne-zivee-vo-makedonija-i-na-nekogash-popularniot-tv-voditel-file-topki-mu-pukna-filmot-od-lagite-na-zaev-pa-go-podbra-na-volej-foto/ Wed, 03 Nov 2021 08:34:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225663

По сумирањето на резултатите од локалните избори исходот е ваков: Уште една „дебела“ победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и уште една „уште подебела“ лага на Зоран Заев, во вид на понудена оставка и од премиер и од партиски лидер, спакувана во  „мало сутра“ ветување! Типично за него и неговиот стил на владење. Веќе видено до сега и од СДСМ и од Заев! ( сетете се на оставката на Фрчковски по атентатот на Глигоров или последната на Филипче по пеколот во модуларната ковид болница во Тетово). Затоа и последново политичко „салто-мортале“ на Заев не изненадува, напротив, дури многумина и го очекуваа неговото сто пати видено „пу, пу, не важи“! Она што луѓето ги боли, погаѓа, навредува, е најмногу фактот што Заев им ја потценува интелигенцијата. Како во онаа познатата поговорка: „Не ми екриво што ме лажеш, криво ми е што мислиш дека ти верувам“! Токму оттаму и огромниот револт кај  масата народ кој се створи со „мало сутра“ понудената оставка на премиерот и лидер на СДСМ по дебаклот на локалните...  На половина и повеќе  Македонија и врие. Па дури и на голем број довчерашни СДСМ подржувачи, откако по стоти пат гледаат со кого си имаат работа.Овој пат чашата е прелиена, а се прелива и незадоволството и револтот, најмногу на социјалните мрежи. Меѓу сите обични луѓе и многумина познати „му кажаа што имаат да му кажат“ на Заев, со свои статуси на Твитер или Фејсбук. Еден од нив токму онака жестоко „му го плеснал в лице“ и нему и на неговата најблиска партиска свита што стоеше околу него додека Заев ја даваша „мало сутра“ оставката пред целата јавност. Некогаш многу популарниот новинар, автор и ТВ водител Игор Филевски - Филе, попознат како Филе - „Топки“ иако последниве години не живее во Македонија, татковината си ја сака како секој вистински патриот. Токму затоа и нему „му пукна филмот“ од лагите на Заев, па го „подбра на волеј“ муртинскиот „пишман аџија“... Вербално или поточно написмено, со жесток статус на својот Фејсбук. „Пишман аџија!? Кон крајот на годината??? Ако, ако... ама тука е и крајот на сите надежи за иднина. Памтете го денов! А што се однесува до другото, готово е и со кредибилитетот на сдс, на целиот партиски мемаџмент, администрација, влада, држава... Прогресивци??? Вие сте обична багра, хохштаплерај, сељачишта, криминално-кванташки муфљузи во ликови на премиер, министри, климоглавци, увлакачи у шупак и класични говеда и магариња кои ја узурпираа и Бихаќка и цела држава. Криво ми е што ја направивте партијата акционерско друштво на сељачана неписмена. И криво ми е што од денес ќе мораме да стаиме крст на сите симпатии, па сме приморани да си најдеме друг концепт за нашите социјалдемократски убедувања. Штета. Се плашев дека доаѓа време во кое ќе пишеме дека ваков секс со народот немало ни во Грујово време, ни пак бате Саше правел, на ваков дрзок, безобразен и арогантен начин. Им се измочавте и на "протестирам" и на "шарените" и на независните и на симпатизерите и на членовите кои го замрзнаа членството, чекајќи да си заминете од Бихаќка. Чувајте си ги климоглавците и празноглавците, ама и тие наскоро ќе ви го свртат грбот, кога ќе ви снема од трошките. Но, веќе небитно. Готово е. Ваков заеб никогаш никој не ни направил во историјата од постоењето на Република Македонија. Уште не ми се верува, како се извртеа нештата, од доверба до ваков револт. Ама тоа е, од прекупец сељачиште неписмено, требаше и да се очекува ова. Ццц каков ужас, каков заеб, какво дупење у здрав мозок... Ужас!“ - им порача Филе на Заев и СДСМ во својата протесна Фејсбук беседа. Револтот од „мало сутра“ оставката на Заев го следи и мајтапот. Твитерџиите, Фејсбукџиите, Инстаграмџиите... се „откорнаа“ од шеги и зафрканции на сметка на премиерот и неговата фејк оставка.  Еве само една мала „фејк“ илустрација, која колку и да е шеговита и смешна, всушност е сурово реална, „жива вистина“! Фото: Принтскрин/социјални мрежи]]>