ФИФА – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Mar 2023 09:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ФИФА – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Очајниот Роналдо одби да гласа, а ФИФА му приреди невидено понижување! https://arhiva.vistina.com.mk/ochajniot-ronaldo-odbi-da-glasa-a-fifa-mu-priredi-nevideno-ponizhuvane/ Wed, 01 Mar 2023 09:37:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291100

Вистински шок приреди Кристијано Роналдо кој одби да учествува, односно да гласа за најдобрите во 2022 во изборот на ФИФА. Капитенот на Португалија таа улога му ја препушти на својот заменик – капитен Пепе. Веројатно очајниот Роналдо со овој потег не сакаше да гласа за својот исконски ривал Лео Меси. Можеби затоа ФИФА синоќа на самата церемонија му приреди вистинско понижување. Имено во најавата за самата свеченост, Роналдо беше прикажан како седи на клупата на репрезентацијата Португалија на една од средбите на СП во Катар. Ова не им се допадна на неговите фанови кои беа жестоки во своите реакции истакнувајќи дека Роналдо тоа не го заслужил. Оние пак другите, тврдеа дека  Португалецот е „испушена муштикла“ и на очајниот Роналдо  „така и му треба“, зашто она што си го барал и си го добил.]]>

Ива Пројковска интернационaлна ФИФА судијка: „Допрва почнува револуцијата на жените во машкиот фудбал“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iva-projkovska-internatsionalna-fifa-sudijka-doprva-pochnuva-revolutsijata-na-zhenite-vo-mashkiot-fudbal-foto/ Tue, 31 Jan 2023 07:25:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286517

Ива Пројковска, првата интернационална ФИФА судијка која се најде помеѓу 20-те елитни судии во Европа, неодамна ја доби наградата најуспешна женска судијка за 2022 година од Олимпискиот комитет на Македонија. Ива вели дека била изненадена за наградата, но и среќна затоа што некој ги следел нејзините резултати и успеси надвор од Македонија. „Бев многу среќна кога ме избраа, највеќе затоа што женскиот фудбал и женските судии малку се следат во нашата држава и медиумите многу малку информираат за тоа“, вели Ива за Репортер. Ива имаше можност да присуствува на Светското фудбалско првенство во Катар, но како гостинка на покана на катарската фудбалска репрезентација. „Тоа што сум ФИФА судија немав приоритет, но бидејќи работев за катарската фудбалска репрезентација имав привилегија и чест да добијам ВИП карти и да се дружам со некои видни гости на трибините“, раскажа Ива. Таа била на повеќе натпревари. Ја пофали организација на Катарците и рече дека на следните организатори им посакува среќа. „Ги следев натпреварите на репрезентацијата на Хрватска, Србија, Катар, Англија, Велс, Холандија. Можам да кажам дека сум презадоволна од организацијата. Ова го очекував од нив затоа што година и пол живеев во Катар, знам како функционираат. Поставија високи стандарди за едно Светско првенство, така што на следните организатори можам само да им кажам со среќа“, со насмевка вели Пројковска. Фаворити секогаш и се судиите, но на Светското во Катар навивала за блиските соседи Хрватска, Србија, но и за Катар. Светското првенство во Катар беше многу посебно по многу работи, но и потоа што оваа година главен судија на еден меч беше жена судијка. Станува збор за Французинката Стефани Фрапер која судеше на натпреварот помеѓу Германија и Костарика. „Во светот на фудбалот жените отидоа многу напред, што за жал кај нас тоа слабо ги следиме. ФИФА и УЕФА многу ги поддржуваат женските судии, ми им даваат поддршка. Можеме да видиме дека Стефани не само на ова првенство таа испиша историја во последните години на многу големи машки натпреварувања. Мислам дека се почесто и почесто ќе гледаме жени на големите натпреварувања, ФИФА и УЕФА тоа го сакаат, тоа и го наложуваат и до сите останати федерации. Допрва почнува револуцијата на жените во машкиот фудбал“, рече Ива. Спортски судија, не типична професија за жените, но и професија од која во Македонија не може да се заработи за живот. „ Кај нас во Македонија не може. Ние не сме професионалци, не сме на платен список, се е тоа хонорар. Ако се случи една мала повреда при судење, а не си пријавен, нема како да заработуваш, да купиш суплементи, да платиш медицински трошоци. Во голем број федерации судиите се професионалци, тоа им е главна професија, само со тоа се занимаваат“, раскажа Ива како стојат работите со спортските судиите кај нас. Има другари/ки помеѓу фудбалерите и фудбалерките, но таа дружба останува само на кафе муабет. „Постои мала дистанца, мала е Македонија, не сакам да се продлабочуваат врските, затоа што утре ќе треба да им судам“, вели Ива. Не сака да се обложува и никогаш не напишала ливче во обложувалница. „Не ме бива за тоа. Немам поим ни како се пишува ливче, коефициенти тоа ништо не знам, знам дека има двојка во икс. Знаат некогаш некои другари кога ќе се обложуваат да ме прашат за резултат, меѓутоа никогаш немам погодено натпревар“, кажа Ива. Таа се подготвува во меѓувреме за зимскиот семинар кој ќе се одржи во Рим, каде ќе полага норми и тестови, видео анализи, заеднички тренинзи, различни мерења. „Кога ќе го положам тоа ќе размислувам за понатаму бидејќи прво треба да положам, па потоа ќе следи делегирањето за остатокот на сезоната“, рече Ива во интервјуто кое можете да го погледнете во продолжение:. ]]>

Формирана новата фудбалска „Суперлига“ на супербогатите: ФИФА и УЕФА во паника, со закана за драстични санкции за клубовите и играчите https://arhiva.vistina.com.mk/formirana-novata-fudbalska-superliga-na-superbogatite-fifa-i-uefa-vo-panika-so-zakana-za-drastichni-sankcii-za-klubovite-i-igrachite/ Mon, 19 Apr 2021 08:32:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199503

„Најдбрите клубови, најдобрите играчи, секоја недела“, гласи слоганот под кој е формирана новата Суперлига која во фудбалот ќе донесе големи промени. До сега учеството го потврдија 12 клубови, а се чекаат уште осум клуба да ги пополнат осумте празни места. Во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус. Уште осум клуба треба да им се придружат подоцна. За претседател на Супер лигата е избран првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, потпретседатели на турнирот се претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и сопственикот на Манчестер јунајтед Џоел Глејзер. Форматот е од две групи од по 10 екипи. Екипите ќе играат 18-23 натпревари во текот на сезоната. Натпреварите ќе се играат во средината на неделата. Новиот турнир се очекува да започне во август 2021 година. Секој клуб кога ќе се приклучи на Супер лигата ќе добие 350 милиони евра. ПСЖ, Баерн и Борусија Дортмунд имаат јасен став. Нема да играат во новата Суперлига и остануваат со УЕФА и ФИФА. ПСЖ и да сака во никој случај во овој момент не може да оди против УЕФА и ФИФА. Првобитнит план на основачите веројатно бил тука да се уште Баерн, ПСЖ и Борусија и така да имаат 15 фиксни учесници, а останатите 5 да се менуваат во зависност од резултатите во текот на годината. Меѓутоа таа идеја веќе не е во игра. Не е објаснето кои критериуми се потребни за повик. Се претпоставува дека местата ќе бидат пополнети со клубови од најсилните пет првенства, а не се исклучува можноста организаторите да се водат по коефициентот на УЕФА што би било парадокасално затоа што УЕФА не го признава ова натпреварување. Санкции од УЕФА веќе се најавени – нема Лига на шампиони и Лига Европа за учесниците во Суперлигата, а „жртви“ можат да бидат и фудбалерите на на клубовите на кои ФИФА која е заедно со УЕФА би им забранила настап за репрезентациите на Светско и Европско првенство.]]>